Author: Mirjana

На 24.12.2021 во 16.05 часот во близина на автобуска станица Скопје на подрачје на Аеродром од полициски службеници од СВР Скопје е лишена од слобода Т.Ј.(26) од Скопје. Приведената, околу 16.00 часот агресивно се однесувала и физички нападнала полициски службеник. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Read More

На 24.12.2021 во 08.10 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода С.Т.(37) кој се барал по потерница. Лицето е предадено во полициска станица Бит Пазар за понатамошна постапка. На 24.12.2021 околу 20.10 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен А.А.(32) од Скопје кој се барал по судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје. Лицето е предадено во полициска станица Бит Пазар за понатамошно постапување. На 24.12.2021 околу 20.40 часот на подрачје на Центар…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 декември, на булеварот „Босна и Херцеговина“ во Скопје, неовластено заради продажба држел кај себе вкупно 4.461,6 грама наркотична дрога – хероин, спакувана во девет правоаголни пакувања. Дрогата била пронајдена при личен преглед, во ранецот на осомничениот и веднаш е одземена. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност…

Read More

Откако Кривичниот суд во Скопје му определи нова мерка притвор на екс шефот на тајната полиција , Сашо Мијалков, за случајот „Плацеви на Водно“ со образложение дека постои опасност од бегство поради тоа што имал контакти со странски разузнавачки служби од Израел, денеска неговиот адвокатскиот тим во чие име изјава даде Звонко Давидовиќ, информира во изјава за ТВ 24, дека се обратиле до амбасадорот на Израел во земјава од кого побарале да се произнесе по ваквите наводи во решението за притвор на Мијалков. Како што е веќе познато пред два дена, во четвртокот , Апелациониот суд излезе со одлука на…

Read More

Пациентот кај кого вчера беше секвенциониран сојот омикрон, е со лесна клиничка слика и се наоѓа во домашни услови, вели во телефонска изјава за Канал 5 ТВ, Венко Филипче. Тој смета дека во земјава има сериозен процент на имунизирано население па согласно тоа нема потреба од дополнителни  заострувања на мерките во пресрет на празниците.  Доколку тие се почитуваат онака како што се пропишани, сигурно ни овозможуваат заштита да не се заразиме со корона-вирусот, смета Филипче. -Нема да има карантин за останатите патници од авионот со кој допатувал патникот кај кого е регистриран омикрон сојот, зашто сите тие почитувајќи ги протоколите за…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.572 тестирања, а регистрирани се 266 нови случаи на КОВИД-19. По градови, сликата изгледа вака:  Скопје – 120, Битола – 25, Прилеп – 22, Охрид – 20, Куманово и Кавадарци – 11, Ресен – 8, Струмица – 7, Тетово – 6, Кочани и Струга – по 5, Гевгелија и Валандово – по 4, Велес и Радовиш – по 3, Крива Паланка и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Делчево, Виница, Кратово и Демир Хисар – по 1. Во…

Read More

Денеска во Охрид, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски се сретна со млади советници во Советите на Општините од редовите на СДСМ. Претседателот Ковачевски на младите советници им порача дека нивната работа е важна за развојот на општините и за интересите на нивните сограѓани и дека како млади советници имаат обврска да работат посветено и одговорно и да бидат конструктивни учесници во носење на решенијата. „Вие ги претставувате сите граѓани и така мора да работите. Мора да се посветите на решенија на главните проблеми на целата општина и за сите граѓани. Нема ваши и наши, особено не во локалната самоуправа. Кои…

Read More

Авганистанските медиуми се на работ на колапс бидејќи имаат проблем со финансирањето откако талибанците ја презедоа власта во август оваа година. Истражување на Новинари без граници (РСФ) и Здружението на авганистански независни новинари (АИА) покажа дека околу 43 отсто од авганистанските медиуми престанале да работат, оставајќи речиси 60 отсто од новинарите без работа. Студијата заклучува дека талибанците радикално ја промениле медиумската слика во земјата. На почетокот на летото во Авганистан беа активни 543 медиуми, а до крајот на ноември останаа само 312. Вкупно 231 медиум се затворени од средината на август, оставајќи 6.400 новинари без работа. Една од главните причини…

Read More

Американски воен брод го одложи своето распоредување во Јужна Америка поради појава на Ковид-19 меѓу лицата од екипажот, соопшти американската морнарица. Бродот „Милвоки“ ќе остане во базата во заливот Гвантанамо на Куба, каде застана на планиран престој. Бродот се упатил на 14 декември од Мејпорт, Флорида кон регионот на Јужната американска команда. Морнарицата на САД соопшти дека „100 отсто од екипажот на бродот е имунизиран“ и дека сите кои се позитивни на тест на Ковид-19 се во изолиран дел од бродот. На бродот има нешто повеќе од 100 припадници на американските воени морнарички сили.

Read More

Дедо Мраз ја покрена својата санка со ирваси за да им достави божиќни подароци на децата ширум светот, потврдија воени претставници кои ги следат неговите движења. „Дедо Мраз го прави тоа со векови, тој е професионалец“, рече капетанот во канадската армија Александра Хејдук, портпарол на Командата за воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД). Заедничката американско-канадска воена команда, со седиште во воздухопловната база Петерсон во Колорадо Спрингс, е задолжена за следење на воздушната одбрана и издавање воздушни и поморски предупредувања, а од 1955 година нивната пракса во овој период од годината е следење на Дедо Мраз. Дежурниот ги презел повиците и…

Read More

Телескопот со носечката ракета треба за кусо време по полетувањето да биде „испукан“ во вселената. Телескопот е тежок 6.350 килограми и е со задача да ѕирне во „настанокот на Универзумот“. За да стигне до крајната одредница а тоа е сончевата орбита на околу 1,6 милиони километри од земјата, растојание што е за четири пати подалечно од Месечината, на телескопот ќе му треба време  од еден месец. https://www.youtube.com/watch?v=7nT7JGZMbtM

Read More

Премиерот Заев прими највисоко признание –  Повелба на Сојузот на борците за долгогодишна посветеност и соработка: Вашата борба резултираше со државност,  чест ми е да го продолжувам вашето дело, кое за мене е аманет, борбата против фашизмот никогаш да не запре. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев вчера на покана на Сојузот на борците (СБМ) во Клубот на пратеници прими Повелба на Сојузот на Борците, за долгогодишен и успешен придонес во поддршката и соработката со Главниот одбор на Сојузот, и негово издигнување на достоинствено државно ниво. Премиерот Заев истакнувајќи дека е особено горд и благодарен што еден…

Read More