Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Во текот на снежниот викенд во западниот дел од државата, екипи на Хидросистемот ,,Маврово” работеа на дел од далноводите во надлежност на АД ЕСМ, кои ја носат електричната енергија од хидроелектраните до преносните и дистрибутивните системи на МЕПСО И ЕВН. Во соработка со стручни екипи на МЕПСО се работи на отстранување на дефектот на 35-киловолтниот далековод од хидроелектраната Вруток до трафостаницата Бела Вода кај Маврови Анови, меѓутоа снабдувањето на Маврово со електрична енергија тече непречено. Прекините на далноводните јажиња поради водениот и тежок снег предизвикаа исфрлање од електроенергетскиот систем и на електраните на ХЕС ,,Црн Дрим”, но по санирање на…
17-ти декември е Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. По тој повод, ние, сексуалните работници, здружени во СТАР – Прв Колектив на сексуални работници на Балканот и нашите поддржувачи ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини, во рамки на овогодинешната кампања, ја известуваме јавноста за одржувањето на четиринаесетиот по ред Марш на црвените чадори. Црвената е боја на убавината, а чадорот е глобален симбол на сексуалната работа кој ја симболизира заштитата од надворешни влијанија. Маршот, традиционално ќе се одржи во Скопје на 17.12.2021 (петок), и ќе започне во 12 часот, од пред платото на…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,02 % во однос на Одлуката од 6.12.2021 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,526 денар/килограм и сега ќе изнесува 40,053 ден/кг. Од 14.12.2021 година од 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР…
Министрот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на престојот во Лондон се сретна со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас. Двајцата министри разговараа за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, но голем дел од разговорот беше посветен и на регионалните предизвици и европската перспектива на Северна Македонија. На средбата беше констатирано дека текот на имплементацијата на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство е многу значајна компонента во развојот на целокупните релации. Разговараа и за континуираната успешна соработка во областа…
Зелената партија ДОМ истакнува дека единствено одржливо решение за енергетската криза е интензивно инвестирање во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, пред се од сонце. Секој кров е потенцијален енергетски капацитет кој треба да се искористи. Потребно е веднаш да се отпочне со процесот на енергетска транзиција за да постепено обновливите извори станат примарен извор на енергија. ДОМ бара Владата и локалните власти итно да донесат одлука со која ќе ги задолжат државните институции и јавни претпријатија веднаш да започнат со инсталирање на фотонапонски панели и реконструкција за енергетски ефикасни фасади, на сите јавни објекти. Итно да…
Скопје во следните четири дена е домаќин на Неделата на Централно европскиот договор за слободна трговија – ЦЕФТА 2021, на која, како што е најавено ќе присуствуваат високи функционери од ЦЕФТА страните, деловни претставници, дипломати и претставници на ЕУ и други меѓународни организации. Помеѓу говорниците на Неделата на ЦЕФТА „15 YEARS MAKING TRADE HAPPEN“, како што е најавено, во четврток на 16 декември 2021 година се министерот за економија, Крешник Бектеши; еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји; претседателот на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум на шестте земји од Западен Балкан (WB6-CIF) Марко Чадеж; генералната секретарка на Советот за…
За 121 сантиметар утринава е повисок водостојот на реката Пчиња кај Катланово, а за 60 сантиметри на Вардар кај Демир Капија, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. За 20 сантиметри е повисоко нивото на реката Струмица кај Ново Село, за 16 сантиметри на Црна Река кај Новаци и за 12 сантиметри повисок е водостојот на Брегалница кај Штип. Кај езерата, водостојот на Преспанското Езеро е шест сантиметри под апсолутниот минимум.
Доколку Парламентот денеска ја одобри новата бугарска влада, Кирил Петков ќе го замени бугарскиот претседател Румен Радев како претставник на Бугарија на овогодишниот последен Европски совет в четврток во Брисел, наведува „24 Часа“. – По правило на Европските совети учествува премиерот на Бугарија, а по исклучок на нив присуствува претседателот кога во земјата има техничка влада. Досега се планираше Румен Радев да ја претставува Бугарија на последниот Совет за оваа година. Во Бугарија дури се шпекулираше дека инаугурацијата на новата влада ќе биде одложена за да може шефот на државата да го одбрани бугарското вето во Брисел за почетокот на…
Република Северна Македонија е рангирана на 7 место во рамките на опфатените 30 земји. Пред Македонија се Грузија на шесто место со ист број на бодови, потоа Канада, Австралија, Велика Британија,Португалија, Нов Зеланд и Норвешка на прво место. Од европските земји кои се полошо оценети од Македонија се Унгарија на 12 место и Русија на 20 место. Првото издание на Глобалниот индекс на политика за дроги кој беше објавен во ноември 2021 од страна на Конзорциумот за намалување штети (Harm Reduction Consortium), коалиција на граѓански и здруженија од заедницата, во партнерство со академици, открива дека најголем број од земјите во…
Свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски деновиве се повторно во фокусот на јавноста како добитници на државната награда за човекови права „ Мето Јовановски“ за чинот на „изнесување“ од поранешната УБК , на нелегално прислушувани разговори на околу 20.000 граѓани со што се размонтира еден општествен систем на функционирање преку полициските безбедносни служби за што во извештајот на експертската група на Прибе ќе остане запишано “злоупотребени и онака прешироките ингеренции на УБК”, а “законски предвидената контрола, блокирана”. – Опфатот на нелегалното прислушување беше изненадувачки обемен и константно растечки а системот беше со поволни околности за злоупотреба, вели во интервју за…
Душко Весковски, директорот на скопското Јавно претпријатие Водовод и Канализација, ги демантира наводите на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, дека за време од девет месеци потрошил 22.000 евра на кафе и кафеани. – Во изминативе четири години ниту еднаш лично не сум искористил средства од ЈП Водовод и канализација – Скопје за кафе, кафеани и ресторански услуги. Само за споредба во 2016 година кога на чело на претпријатието е кадар на ВМРО-ДПМНЕ за спонзорства и донации се потрошени 19,170,983 денари, а во 2021 година се потрошени 2,235,170 денари, средства кои се искористени за потребите на синдикатот на претпријатието со што се изврши…
Полициски службеници на СВР Тетово денеска (10 декември) од 8 до 13 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, во најголем број автобуси и комбиња. При контролата биле откриени и законски санкционирани 10 технички неисправни возила (ТЕ-5 и ГВ-5). Седум од возилата (ТЕ-5 и ГВ-2) имале неисправни сопирачки, 1 (ГВ) истечена регистрација и 2 (ГВ) неизвршен технички преглед. Неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. При контролата, исто така, санкционирани биле и 10 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-4).