Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска и утре ќе одржи серија состаноци со претставниците на политичките партии со цел да се дефинира стратегија која ќе биде во „интерес на Франција“, откако неговата коалиција Заедно го изгуби апсолутното мнозинство во Парламентот. Според извор во Елисејската палата, како што пренесуваат тамошни медиуми, „претседателот на Републиката е одлучен да дејствува во интерес на Французите“. Републиканците и левичарското движење Нупес веќе позитивно одговориле на повикот на Макрон. Коалицијата на Макрон не успеа да ги освои потребните 289 пратенички места од вкупно 577 за да го задржи апсолутното мнозинство. Коалицијата по вториот круг на парламентарните избори,…
Совет на амбасадори: „Преговарачката рамка“ со Бугарија да биде реализирана од Брисел а не од Софија
Советот на амбасадори по повод францускиот предлог за одблокирање на пристапниот пат на Северна Македонија кон ЕУ, смета дека членството во ЕУ нема алтернативи и е не само од стратешко значење за нашата држава туку и безбедносно прашање за целиот регион. Советот, како што велат од таму, ги поздравува напорите на претседателот Макрон и на канцеларот Шолц, како и на другите лидери и дипломати на ЕУ и САД, кои активно ја подржуваат интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Во отсуство на јавна објава на интегралниот текст на Францускиот предлог, кој ја бранува македонската јавност и создава бројни негативни реакции кои…
Вчера, на првиот ден од амандманската расправа во собраниската комисија за буџет, мнозинството го одби амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари, поднесен од опозициска група на пратеници. „Колапс на јавниот сектор не очекува од утре доколку денеска Владата не прифати линеарно зголемување на платите на административците за 2.806 денари и потпишување Колективен договор со кој и тие од наредната година ќе добиваат К-15“, велат од ССМ. Сојузот на синдикати на Македонија е разочаран дека никој од надлежните ниту ги контактирал, ниту ги свикал на состанок. Велат дека не…
Камион управуван од државјанин на Северна Македонија вечерва се превртел на автопатот „Тракија“ во правец кон Софија. Сигналот бил примен околу 20.30 часот во регионалната дирекција на МВР во Пазарџик, јави БНТ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на настанот се испратени тимови на сообраќајната полиција, противпожарната бригада и екипи на брза помош. Македонскиот возач е пренесен во болницата во Пазарџик. Засега нема други информации за здравствената состојба на возачот. Камионот превезувал ѓубриво, кое било расфрлено на коловозот и преземени се мерки за негово расчистување. Сообраќајот не е во прекин, го регулира сообраќајната полиција. Увидот е…
Градот Одеса на југот на Украина денеска го потресоа серија експлозии, изјави портпаролот на регионалната администрација. Портпаролот изјавил дека не може да даде повеќе детали за експлозиите, кои се слушнале откако се огласиле сирените за воздушниот напад, пренесува Ројтерс. Русија: Нападот на гасните платформи може да ја оштети Одеса Нападот на Украина на гасните платформи на Црното Море можеше да предизвика голема катастрофа и да предизвика штета на Одеса, изјави денеска руската сенаторка Олга Ковитиди. „Украинските сили премногу добро знаат дека полето е само 71 километар надвор од Одеса“, изјави сенаторот Ковитиди од Крим, пренесува ТАСС.
Професорот Владо Бучковски, кој своевремено беше и специјален претставник на македонската Влада во преговорите со Бугарија, во колумна за НоваТВ ја разработува идејата Pro или contra Францускиот предлог. Според него, предлогот на Француското претседателство со ЕУ е добра основа за надминување на спорот но да се надгради и да се допрецизира. Pro или contra Францускиот предлог? Додека трае усогласувањето на членките на ЕУ околу францускиот предлог и додека бугарскиот премиер Петков најавува дека единствено бугарскиот Парламент може да го крене ветото, нашата Влада избра да биде трпелива и да го сочека усогласувањето и бугарскиот одговор. Правилен потез според мене.…
Навистина напредуваме – промената на Уставот од страна на Република Северна Македонија, е веќе прифатено да се случи и никогаш не сме зборувале за малцинство овде туку за рамноправност на македонските Бугари, која ја заслужуваат. Прво да се смени уставот па дури потоа да почнат преговорите, додаде Радев, јавува новинската агенција БГНЕС. Според него, сегашниот пристап води кон блокирање и неможност да се донесе одлука. Телото за изготвување на оваа одлука треба да биде Советот на министри, а парламентот да го одобри, а не обратно, рече претседателот. Прашањата за решавање на сите наши прашања се во протоколот – Министерскиот совет…
Утрово украинските сили извршија напад на платформите за дупчење на компанијата за нафта и гас на Крим „Черноморнефтегаз“, изјави лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов. Аксјонов на мрежата Телеграм напишал дека пет од 12-те лица се спасени, а тројца се повредени. Тој додаде дека е во контакт со колеги од Министерството за одбрана на Русија и Федералната служба за безбедност на Русија и дека работат на спасување на ранетите луѓе.
Коалицијата „Заедно“ на претседателот на Франција, Емануел Макрон освоила 38,48 отсто од гласовите, односно 245 места во Собранието, покажуваат резултатите од вториот круг од парламентарните избори во Франција, објави Ројтерс. Тоа е најмалото мнозинство во историјата на Петтата република, кое ќе се соочи со 131 пратеник од левичарската коалиција NUPES, Жан-Лук Меланшон, пренесува Ројтерс. „Монд“: Без апсолутно мнозинство, Макрон се соочува со тешкотии Коалицијата Заедно на претседателот на Франција Емануел Макрон освои 245 пратенички места во вториот круг од парламентарните избори во Франција, а тој скор е далеку послаб од очекуваната победа на апсолутното мнозинство, како и на претходните избори…
Поради денешниот „национален штрајк“, бриселскиот аеродром откажа 232 лета кои поаѓаа од белгискиот национален аеродром, а јавниот превоз во Брисел е главно блокиран, многу училишта не ги отворија вратите за учениците, а градските и безбедносните служби штрајкуваат. Како дел од настанот на синдикатот, денеска се очекува меѓу 50.000 и 100.000 луѓе да излезат на улиците во Брисел за да протестираат против континуираниот раст на трошоците за живот, кои „експлодираа“ од почетокот на војната во Украина.
Започнат е процес на консултации меѓу земјите членки, за да се усогласи став меѓу сите нив во однос на процесот понатаму, по што ќе ги видиме предлозите и заклучоците од тој документ и ние, и доколку имаме забелешки, ќе ги доставиме, изјави шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дека во Брисел протекле делови од финалниот документ според кој предлог преговарачката рамка ги содржела Договорите од Преспа и за добрососедство со Бугарија, записници од историските комисии како и тоа дека опозициската ВМРО ДПМНЕ информирала оти дел од таа рамка бил и Процесот за стабилизација и…
ЕУ воведува нови бариери – граѓаните од земјите кои не се членки ќе влегуваат со најава и со плаќање
За неколку месеци ќе се променат процедурите за влез во Шенген зоната: Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) и придружниот систем за влез/излез (EES) ќе станат оперативни. Според Европската комисија, двете програми имаат за цел „да ја зајакнат внатрешната безбедност“, да се борат против илегалната миграција и да го спречат прекуграничниот криминал и тероризам, се наведува во документот. EES ќе се користи за регистрирање на патници од трета земја секој пат кога ќе ја преминат надворешната граница на ЕУ. Системот ќе го регистрира името на лицето, видот на патната исправа, биометриските податоци (отпечатоци од прсти и слика…