Author: Mirjana

Кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама денеска излезе со појаснување за тоа во кој контекст било, како што оценија медиумите, скандалозното  претставување на македонскиот премиер Димитар Ковачевски пред германскиот канцелар Олаф Шолц на самитот на Процесот за соработка во ЈИЕ во Солун како  „премиер на идна западна Бугарија“. Од кабинетот на Рама за ТВ21 изјавиле дека „ Тоа е сарказам во Бугарија и иронија со Европската Унија. Неформална“, навеле од кабинетот на албанскиот премиер.

Read More

На лице место загинале 6 лица а и покрај брзата интервенција на Итната Помош и на пожарникарите, починале уште две лица. Покрај жртвите има и повредени. Нивниот број, како што јавува Си-Ен-Ен Турк изнесувал најмалку 10 лица.  Како што се наведува, се судриле минибусот и цистерната за транспорт на млеко на автопатот, а минибусот бил на пат со свадбарите во градот Баликешир, додека цистерната со млеко доаѓала од спротивен правец.

Read More

Во Шпанија денеска беше соборен температурниот рекорд во летната претсезона со температура од 40 степени во долината Гвадалкивир во регионот на Севиља, што не се случило во последните 20 години. Високи температури го погодија и блискиот град Кордоба, објави Националната метеоролошка служба АЕМЕТ, пренесе Ројтерс. Температурите би можеле да достигнат 42 степени на југот на Шпанија, во долината Гвадијана во Екстремадура и околината, додаваат метеоролозите.

Read More

 Северна Кореја за првпат назначи жена за министер за надворешни работи. Тоа е Чое Сон Хуи, објавија денеска севернокорејските државни медиуми. Чое Сон Хуи, поранешна заменичка министерка за надворешни работи, е назначена за шефица на дипломатијата на состанокот на владејачката партија, со кој претседаваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, јави агенцијата CCNA. Таа ќе го замени Ри Сон Гвон, поранешен воен функционер кој преговараше со Јужна Кореја. Чое беше близок советник на Ким Џонг Ун за време на нуклеарните преговори со САД и го придружуваше севернокорејскиот лидер на средбите со поранешниот американски претседател Доналд Трамп. 

Read More

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери врз основа на Изборниот законик, денеска распиша избори за градоначалници на Општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа за 20 август 2022 година. „Роковите за извршување на изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавувањето на Решението за распишување на изборите во „Службен весник на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението Изборите, согласно Решението за нивно распишување, ќе ги спроведат Државната изборна комисија, Општинските изборни комисии и Избирачките одбори. Последниот обид за прегласување беше на 17 април. И тогаш поради необезбеден цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело на Центар…

Read More

Авто мото сојузот на Македонија објави дека патот Росоман – Прилеп е пуштен за сообраќај. Сообраќајот се одвива редовно некаде од 15:00 часот попладнево. Сообраќајот на оваа делница беше стопиран од пред 6 часот изутрината , откако било забележано дека на истиот има одрони и свлечишта на земја поради силните и обилни врнежи од дожд.

Read More

Кинеската делегација на азискиот самит за безбедност во Сингапур ја напушти салата за време на говорот на претседателот на Украина Владимир Зеленски. Настанот се одржува од 10 до 12 јуни, а Зеленски на форумот учествуваше онлајн, од каде отворено ја најави опасноста од глад во Азија и Африка поради прекинот на испораката на жито од Украина. На безбедносниот форум не присуствуваа ниту претставници на Русија. Медиумите претходно пишуваа дека кинеската делегација на Светскиот економски форум во Давос не се придружила кон аплаузите за украинскиот лидер по неговиот говор, но потоа кинеската новинска агенција Ксинхуа ги демантираше овие информации.

Read More

Американскиот професионален играч на голф Тајгер Вудс им се придружи на Леброн Џејмс и Мајкл Џордан меѓу спортистите кои влегоа во кругот на милијардери, објави денеска списанието Форбс. Вудс, кој петнаесет пати беше шампион и се врати во натпреварувањето оваа пролет по тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа минатата година, во кариерата заработи околу 1,7 милијарди долари. Околу 90 отсто од неговата заработка доаѓа од бројни рекламни договори и други инвестиции надвор од голфот, објави Форбс. Шесткратниот НБА шампион Мајкл Џордан беше првиот спортист кој ја достигна таа заработка, а минатата недела му се придружи четирикратниот шампион во НБА, Леброн…

Read More

На заедничката прес конференција, бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека заедно со германскиот канцелар Олаф Шолц разговарале и за проширувањето на ЕУ и пристапувањето на Република Северна Македонија. „ Се договоривме двете влади да продолжат да работат, а бугарската влада јасно го кажа ставот на Бугарија за условите што мора да се случат за да се оди напред. Во оваа етапа на преговорите, кажавме дека ветото може да биде подигнато само ако Скопје даде гаранции за исполнување на  Договорот за добрососедство и ако ги вклучи Бугарите како еден од државотворните народи во својот Устав, изјави Петков. Од своја страна, Олаф…

Read More

На подрачјето на Зеничко-Добојскиот кантон се расчистува патната инфраструктура и се испумпува вода од деловни, училишни и станбени објекти, како последица на вчерашното невреме кое го зафати овој дел од регионот. Во Тешањ е прогласена состојба на елементарна непогода. – Утрово се одржа нова вонредна седница на Штабот за цивилна заштита, на која беа утврдени нови активности, во тек се акции за отстранување на последиците од елементарната непогода и воспоставување приоритетна комуникација, како и расчистување на зградите и јавните површини – соопшти Управата за цивилна заштита. Се додава дека во општина Маглај, поради обилните врнежи од дожд, реката Бочиња се…

Read More

Брат го убил брата си и го закопал во дворот од семејната куќа во селото Гиновце, општина Ранковце. Според информациите од портпаролот на СВР Куманово Ивана Младеновска, сторителот бил лишен од слобода во текот на вчерашниот ден, откако во Министерството за внатрешни работи била примена дојава за грозоморниот чин. -Во текот на вчерашниот ден, во 15:15 часот во село Гиновце, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода четириесетгодишниот Ф.А. од селото Гиновце, Општина Ранковце, постапувајќи по пријава добиена во 14:30 часот, според која тој пред неколку недели, по претходна расправија, го усмртил неговиот брат, дваесет годишниот С.Џ. од…

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување на Радио Канал77 говорејќи за преговорите со Бугарија, нивните барања ги оцени за максималистички. „Бугарските барања како услов за тргање на ветото за отпочнување на преговорите на Македонија со Европската унија се максималистички, наспроти очекувањата на пошироката јавност, премиерот Петков има потврди позиции дури и од поранешниот министер во владата на Бојко Борисов, Красимир Каракачанов, изјави Мицкоски. Мицкоски додаде дека тоа значи дека, трите услови кои што ги поставува бугарската страна како, почитување на бугарската Декларација, внесување на Бугарите во македонскиот Устав и Договорот за добрососедство да влезат во преговарачката рамка, тоа ќе…

Read More