Author: Mirjana

Ефектите од војната во Украина го допираат и Западен Балкан, се вели во најновиот извештај на Светска Банка која ги корегира стапките на економски раст. Светска банка проценува дека стапката на раст на Западен Балкан ќе падне на 3,2 отсто во 2022 година, поради последиците од војната во Украина. Како што се посочува во извештајот, најголемите ризици за Западен Балкан доаѓаат од евентуалните нарушувања во снабдувањето со природен гас и нафта. Во ажурираниот економски извештај на Светската банка за Европа и Централна Азија, објавен денеска, се наведува дека економскиот пад на Украина во 2022 година ќе изнесува дури 45,1 отсто.…

Read More

Пинк Флојд повторно се обединија за да го снимат својот прв нов материјал по 28 години, протестна песна против војната во Украина. Еј еј, стани! ги прикажува Дејвид Гилмор и Ник Мејсон заедно со долгогодишниот басист на Флојд, Гај Прат и Нитин Сони на клавијатури. Но, песната е направена врз основа на рефренот на украинскиот пејач Андриј Хливнјук од бендот Boombox.Дејвид Гилмор рече дека песната настанала како плод на „лутина кон суперсила која напаѓа мирна нација“. Но, таа е наменета и како зајакнување на моралот за народот на Украина и содржи повик „за мир“. https://www.youtube.com/watch?v=saEpkcVi1d4&t=58s

Read More

Европската унија го одобри петтиот пакет економски и индивидуални санкции против Русија во врска со тековната инвазија на Украина. Ова денеска го соопшти Советот на ЕУ, „Денеска Советот одлучи да воведе петти пакет економски и индивидуални санкции против Русија“, се вели во соопштението на Советот. Петтиот пакет вклучува: – Забрана за влез на руски бродови во пристаништата во земјата. „Забрана за давање пристап до пристаништата на ЕУ на бродови регистрирани во Русија. Исклучоци се дадени за земјоделски и прехранбени производи, хуманитарна помош и енергија“, се вели во соопштението; – Договор за ембарго на рускиот јаглен, кој ќе стапи на сила…

Read More

Наспроти изјавите со позитивен тон од бугарскиот премиер Кирил Петков за можноста од постигнување договор со нас, што би придонесло за деблокада не само на македонската туку и на европерспективата во регионот општо, во бугарското општество се уште се силни тенденциите кои влечат на спротивната страна и кои во нас гледаат како на укорен ученик без воља за поправање. – И покрај аматерскиот оптимизам на Кирил Петков дека ќе има први резултати во јануари, 4 месеци подоцна, не е решено ниту едно важно прашање што доведе до вето: Република Северна Македонија (РСМ)  нема намера да се откаже од тврдењата за…

Read More

Фотонапонската електрана на АД ЕСМ изградена во кругот на РЕК Осломеј со моќност од 10MW  e прв пример на енергетска транзиција во Југоисточна Европа во кој електричната енергија ќе се произведува од сонце преку панели поставени врз стар, исцрпен рудник за јаглен. Фотонапонската електрана во Осломеј, која е пуштена во пробно производство, е прва во низата електрани кои треба целосно да го заменат досегашниот инсталиран капацитет на РЕК Осломеј. Крајната цел на овој проект е рударско-енергетскиот комбинат кој има инсталирана моќност од 120MW да биде заменет со сончеви електрани со еднаква инсталирана моќност од 120MW.Европската енергетска заедница го препорачува овој…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација на седмиот Делфи економски форум во Грција. На Делфи економскиот форум, денеска премиерот Ковачевски ќе оствари работни состаноци со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, како и со косовскиот колега, Албин Курти, најави владината прес-служба. Дополнително, предвидени се средби и со поранешниот британски премиер Тони Блер и со поранешниот премиер на Грција и лидер на „Сириза“, Алексис Ципрас. На Форумот се присутни…

Read More

Белорусија утрово објави список на „непријателски земји“. Владата дала зелено светло за списокот кој во форма на Резолуција на Министерскиот Совет е објавен денеска на Националниот правен интернет портал , јавува новинската агенција Интерфакс, пренесува Танјуг. На листата се 8 земји членки на ЕУ и уште 12 држави – САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Норвешка, Нов Зеланд, Албанија, Исланд, Северна Македонија, принципатот Лихтенштајн , Црна Гора и Швајцарија. Во Резолуцијата стои дека одлуката стапува на сила од моментот на објавување, што значи од утрово.  …

Read More

Товарен авион на ДХЛ се преполови при принудно слетување во Костарика, во несреќа што предизвика привремено затворање на меѓународниот аеродром во Сан Хозе. Додека запираше на пистата, чад избиваше од жолтиот авион на германскиот логистички гигант, се излизга од пистата додека се вртеше и се преполови во предлот на задните тркала. Двајцата членови на екипажот се „во добра состојба“, изјави шефот на пожарникарската служба на Костарика, Хектор Чавес. Сепак, пилотите од Гватемала се испратени во болница на медицински преглед, соопшти Гвидо Васкез, портпарол на Црвениот крст. Пилотот беше потресен, но и двајцата членови на екипажот беа свесни и „јасно се…

Read More

Непознат сторител го испрскал со црвена боја рускиот лауреат на Нобеловата награда за мир, Дмитриј Муратов, додека патувал со воз од Москва за Самара. Либералниот руски весник „Новаја Газета“ објави фотографии на својот главен уредник на која се гледа неговото лице, горниот дел од телото и рацете полиени со мрсна црвена боја. Инцидентот се случил кога непознато лице влегло во купето за спиење каде се наоѓал Муратов, му рекло „Муратов, земи го ова за нашите момчиња“ и го испрскало со боја. Полицијата започнала потрага по осомничените, јави руската агенција „Интерфакс“, цитирајќи го Министерството за внатрешни работи. Сообраќајната полиција организирала мерки…

Read More

Во Музејот на македонската борба денеска ќе се одржи свечена академија по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Како што соопшти организаторот –  Демократски сили на Ромите, ќе биде претставен досегашниот постигнат напредок на Ромите во земјава. На академијата поканет е државниот врв, претставници од локалната власт, а ќе присуствуваат амбасадорот на Индија назначен во Софија и министерот за надворешни работи од Индија, пратеници Роми од Србија и Хрватска… Минатата година се навршија 50 години од одржувањето на првиот ромски конгрес, кој поради пандемијата со КОВИД-19 не се одбележа соодветно. По повод Меѓународниот ден на Ромите, Комисијата за…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 18 до 25 степени. Како што информираат од УХМР, во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб претежно југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степени. Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло. Под влијание на постудена воздушна маса од ноќта кон недела ќе се зголеми облачноста. Потоа,…

Read More

Вработените во управата и правосудството вчера два часа ја прекинаа работата, а истото ќе го сторат и денес. За понеделник генерален штрајк најавија и вработените во образованието, науката и културата. Се бара исплата на минималната плата според законот и усогласување на останатите плати со минималната. Од Владата се согласни дека треба да има зголемување на платите, но сметаат дека тоа не треба да се направи наеднаш затоа што може да предизвика инфлација. Според синдикатите, барањата се реални и неопходни, а незадоволството кај членството е се поголемо. – Не бараме многу. Бараме линеарно зголемување на сите плати до 2.806 денари, исплата…

Read More