Author: Mirjana
Во опколениот пристаништен град Мариупол, украинските и руските сили се борат за фабриката за челик Азовстал, една од најголемите во Европа, изјави денеска советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Вадим Денисенко. – Сега е борбата за Азовстал. Можам да кажам дека го загубивме овој економски гигант. Всушност, една од најголемите металуршки фабрики во Европа тукушто се уништува, истакна Денисенко во телевизиско обраќање. Мариупол, со својата стратешка позиција на брегот на Азовското Море, е мета од почетокот на војната на 24 февруари. Генералштабот на украинската армија доцна синоќа соопшти дека при руската опсада на Мариупол е изгубен пристапот до Азовското…
Дали вработените во Пошта ќе добијат повисоки плати-преговорите во тек, протестот ставен во мирување
Нема да се одржи протестот што го најавија за утре напладне синдикалните организации од АД Пошта на Северна макеоднија. Одлуката за протестот е ставена времено во мирување поради почнати преговори за сидникалното барање за линеарно покачување на платите на вработените, информираа денеска од Конфедерацијата на слободни синдикати. Синдикалните претставници вчера одржале состанок со Управниот одбор на Пошта, од каде, како што велат од КСС, беше прифатено барањето на синдикалните организации на Друштвото за линеарно покачување на платите на вработените со почнување на постапка во истиот момент за реализација на барањето. Добиле ветување дека во понеделник ќе имаат заедничка средба со…
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руската армија со хиперсонично оружје уништила голем украински подземен склад за ракети и муниција за авиони во регионот Ивано-Франковск, објавија западните медиуми. Министерството, исто така, соопшти дека се уништени украинско воено радио и извидувачки центри во близина на Одеса со помош на крајбрежен ракетен систем. – Авијацискиот ракетен комплекс „Кинџал“ со хиперсонични аеробалистички ракети уништи големо подземно складиште на проектили и авијациска муниција на украинските сили во селото Дељатин, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков. Западните медиуми додаваат дека не можат независно да го потврдат соопштението на Министерството за…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 47 за непрописно паркирање… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во…
Во пресрет на утрешниот Меѓународен ден на среќата, Обединетите нации и годинава го публикуваа извештајот за глобалниот индекс на среќата и ако за скандинавскиот регион веќе петта година нема значајни поместувања, нашата држава скокнала дури за пет места за разлика од лани , кога е во прашање среќата кај нацијата. Па така, петта година по ред, Финска е прогласена за најсреќната држава на светот, добивајќи високи оценки за сите параметри од Светскиот извештај за среќата, како што се: очекуван животен век, БДП по глава на жител, социјална поддршка и ниска корупција. Данска и Исланд, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел…
На граничниот премин Табановце, на влез во Северна Македонија, Царинската управа на Северна Македонија ја постави првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан што е еден од првите проекти на иницијативата кои даваат конкретен и видлив резултат за побрз проток на стоки, услуги, луѓе и капитал, соопштија од Владата. Најважната придобивка од Зелената лента за компаниите и транспортерите, како и за Овластените економски оператори од Отворен Балкан е намалување на времето на чекање на граничните премини. Тоа е овозможено преку приоритет во преминувањето и спроведување на царинските постапки со скратени и олеснети физички и документациски контроли, се наведува во…
Поранешниот британски премиер Гордон Браун изјави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да се соочи со меѓународен суд поради неговите постапки во Украина. Поранешниот лидер на лабуристите е меѓу 140-те академици, адвокати и политичари кои потпишаа петиција со која се повикува на правен систем по примерот на Нирнбершките судења на нацистичките воени злосторници по Втората светска војна. Меѓународниот кривичен суд веќе води истрага против рускиот претседател за наводни воени злосторства, но некои велат дека овластувањата на овој суд се ограничени.
Сите четири лица во американскиот воен авион кој вчера се урна во северниот дел на Норвешка за време на воената вежба „Ладен одговор“ , загинале, соопшти полицијата во Осло, пренесува Ројтерс. „Колку што знаеме, сите четворица се од американска националност“, соопштија од полицијата. Премиерот Јонас Гар Стоере на Твитер објави сочувство за, како што рече, смртта на четворицата Американци. Авионот MV-22B Osprey кој припаѓа на американскиот маринци учествуваше во вежбата наречена „Ладен одговор“. Спасувачките служби стигнаа до местото на несреќата по копно, рано изутринава, откако хеликоптерите не можеле да слетаат поради лошите временски услови. Според локалните временски прогнози, дувале силни…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рано изутринава го повика Путин на директна средба и разговори. Во видео пораката преку ФБ им се обрати и на Украинците од пред претседателската палата. – Смислените мировни и безбедносни преговори се единствената шанса Русија да ја намали штетата од сопствените грешки. Време е за запознавање. Време е за разговор. Време е да се врати територијалниот интегритет и правдата за Украина. Во спротивно, загубите на Русија ќе бидат такви што ќе ви требаат генерации за повторно да зајакнете, му порача Зеленски, меѓу другото, на рускиот претседател Владимир Путин.
Сто и девет празни колички и автомобилски седишта се поставени пред градското собрание во Лавов, град во западна Украина кој стана транзитен центар за бегалци за стотици илјади луѓе кои избегаа од опколените градови на исток. 109 колички ги симболизираат 109 детски животи изгубени во оваа војна, изјави градоначалникот на Лавов. Поставката е насловена „Цената на војната“ и како што вели градоначалникот ќе остане на плоштадот и ќе продолжи да расте, од ден на ден, за да одговара на растечкиот број на жртви предизвикани од руската инвазија и неселективно гранатирање на Украина. Од 24 февруари, голем број деца се убиени…
Со летниот распоред на летање, што стартува на 28-ми месецов, покрај новата авиолинија Скопје-Софија, на аеродромите во државава се враќаат неколку рути што функционираа пред ковид пандемијата. Се очекува и враќање на полски ЛОТ со линијата за Варшава. Истовремено со стапувањето во сила на летниот ред на летање, на Скопскиот аеродром почнуваат и градежни активности за обнова на пистата. -Моментално, летниот распоред на летање од Меѓународниот Аеродром Скопје има 35 дестинации. Сите дестинации што ги имавме лани ќе продолжат, освен Москва, Санкт-Петербург и Киев. Иако како авиолинии беа пуштени првпат во ковид-кризата, во 2020 и 2021 година, во моментов овие…
Најстудено изутринава во државава е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени -11 степени, по што следат Маврови Анови со -10, Берово – 8, Kрушево и Крива Паланка со – 7. Минус шест степени под нулата се регистрирани во Скопје-Петровец, – 5 во Куманово и Штип, -4 во Претор, Тетово, Прилеп, Виница и Демир Капија, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Битола и Гевгелија, а – 2 во Струмица и Охрид, 0 во Дојран, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На Попова Шапка има 46 сантиметри снег, 38 во Крушево, 31 во Маврови Анови. УХМР најавува дека времето денеска ќе…