Author: Mirjana

„Во Република Северна Македонија нема никаква криза со горива, со бензин, дизел и со други горива затоа што ние имаме непречено снабдување со нафтени деривати кое доминантно се одвива преку Грција“, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во денешното гостување во „Утрински брифинг“. „Во однос на она што се случуваше вчера сакам да упатам апел до граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации, да не подлегнуваат на паника со оглед на тоа дека во државата има доволно количини на нафта и нафтени деривати. Упатувам апел до трговците со нафтени деривати да не ги ограничуваат количините кои ги продаваат на бензинските…

Read More

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, е во работна посета на Националната гарда на Вермонт во Соединетите Американски Држави. Цел на посетата е размена на искуства и информации околу начинот на кој функционира кризниот менаџмент во сојузната американска држава Вермонт и сојузниот кризен менаџмент на САД, заради вградување на нивните искуства во реформите на системот за управување со кризи и заштита и спасување во Република Северна Македонија, со посебен акцент на системот за командување при инциденти. На работните состаноци присуствуваше и раководителот на Секторот за меѓународна соработка на ЦУК, д-р Урим Вејсели, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути…

Read More

Околу три тони вселенски отпад – остатоци од ракети, непланирано ќе се судрат со Месечината, создавајќи масивен кратер и ќе кренат прашина од нејзината површина. Некои научници веруваат дека ѓубрето се движи во Вселената откако Кина ја лансираше својата прва мисија во 2014 година. Стручњаците веруваат дека вселенското ѓубре ќе падне на подалечната страна на Месечината, која не е покриена со телескопи, в петок со брзина од 9.300 километри на час. Ќе бидат потребни седмици, а можеби и месеци за да се потврди ударот со сателитски снимки. Според некои познавачи, отпадот потекнува од Кина, што Пекинг го негира. Астрономот Бил…

Read More

На азиските берзи денеска пораснаа цените на акциите, бидејќи инвеститорите се охрабрија од закрепнувањето на Волстрит. Цената на нафтата за барел, на лондонскиот пазар, по повеќе од седум години, надмина 115 долари. Берзанскиот индекс во Австралија „скокна“, благодарение на растот на акциските цени на големите рударски компании. Причината е тоа што, покрај цената на нафтата, растат и оние на другите суровини. Од друга страна, податоците што укажуваат на забавување на растот на кинеската економија, имаа негативно влијание врз берзата во Шангај. И покрај вчерашниот скок на Волстрит, на азиските берзи, сепак, се тргува внимателно. Инвеститорите ги следат вестите за нападите…

Read More

Партнерите да го затворат воздушниот простор над Украина, инаку, крвта на Украинците, убиени од Русија, ќе биде на нивните раце, нагласи украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба. Кулеба го изјави ова за време на заедничко емитување на украинските ТВ канали „Ние сме силни заедно“ (We are strong together), јави репортер на Укринформ. – Ние им кажуваме многу јасно и смирено на нашите НАТО партнери, може да размислуваш колку сакаш околу тоа, како да избегнеш конфронтација со Русија, но, ако не ни помогнеш да ја запреме сега, директна конфронтација ќе биде неизбежна, бидејќи ти ќе бидеш следен, истакна Кулеба. Оние…

Read More

Европската комисија денеска порача дека аспирациите за членство во ЕУ на Украина се легитимни, и дека сега е на лидерите да се справат со ова прашање, јави дописничката на МИА од Брисел. Откако Европскиот парламент го поддржа официјалното барање на Украина да добие статус на земја на кандидат за членство во ЕУ, Европската комисија денеска одговори дека предуслов за ова е прво дискусија на највисоко ниво помеѓу шефовите на држави и влади на ЕУ. -Не сме во позиција да одговориме освен дека е јасно дека дискусиите треба да се одвиваат на највисоко ниво, ќе видиме кои ќе бидат следните чекори.…

Read More

Чешката влада прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена поради зголемениот број на бегалци од Украина. Вонредната состојба стапува на сила од утре и ќе може да биде продолжена ако биде неопходно, пренесува Си-Ен-Ен. Премиерот на Чешка Петр Фијала претходно изјави дека вонредната состојба се воведува од чисто технички причини, со цел Чешка да се справи со приливот на бегалци и дека никако нема да влијае на граѓаните на земјата.

Read More

Според податоците на Државниот завод за статистика во четвртото тримесечје од 2021 година БДП  пораснал за 2,3 проценти,  во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9,7 проценти, додека увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 22,6 отсто. Најголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9,2 отсто; Ѕ – Информации и комуникации од 5,3; како и Ј – Дејности во врска…

Read More

Германските власти запленија огромна јахта на милијардерот Алишер Усманов во бродоградилиштето во Унгарија, како дел од напорите на Европската унија да ги сузбие соработниците на Владимир Путин во време на тековната руска инвазија на Украина. Јахтата долга 512 метри наречена Дилбар, вреди 600 милиони долари, според Форбс, кој прв објави за заплената. Јахтата, што важи за еден  од најголемите досега направени пловни објекти, има базен долг 25 метри, два хелиодрома, градина и со потреба од екипаж од 80 луѓе за да може да одговорат на пребирливите потреби на сопственикот. Милијардерот еднаш му испратил видео во кое вели: „Живеам во среќа“,…

Read More

Според министерството за здравство повикувајќи се на информации од Институтот за јавно здравје , последното деноноќие направени се  2.730 тестови, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19. Сликата по градови изгледа вака Скопје – 246, Велес – 25, Битола – 24, Прилеп – 22, Тетово, Кавадарци и Ресен – по 17, Куманово – 15, Гостивар и Гевгелија  – по 10, Штип – 7, Охрид и Свети Николе – по 6, Струмица, Кичево, Неготино и Крива Паланка –  по 5, Кочани – 3, Струга, Пробиштип, Кратово и Демир Капија – по 2,  Дебар,  Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран –…

Read More

Од Владата уверуваат дека не се очекува ценовен шок и дека внимателно се следат трговците во делот на придржувањето кон одлуката за непокачување на маржите. Портпаролите Душко Арсовски и Муамет Хоџа изјавија дека количините на храна и нафтени деривати се задоволителни. – Има задоволителни количини храна и нафтени деривати, и редовно се разгледуваат потребите за дополнување на резервите, децидно порачаа портпаролите Арсовски и Хоџа. Владата на денешната редовна 19 седница ја усвои информацијата од министерството за надворешни работи за состојбата со македонските државјани во Украина и процесот на нивно преземање како и за украински државјани кои или се веќе во…

Read More

Санкциите против Сбербанк по руската инвазија врз Украина беа воведени од САД, Канада и Велика Британија, но досега Европската Унија не ја вклучи оваа банка во листата руски банки кои се исклучени од банкарскиот систем СВИФТ. Погодена од огромни финансиски санкции воведени како одговор на руската инвазија врз Украина, најголемата руска банка Сбербанк соопшти дека  се повлекува од европскиот пазар, пишуваат руските новински агенции. Во соопштението од Сбербанк се наведува дека филијалите на банката се повлекуваат соочени со абнормален одлив на средства и закани по безбедноста на вработените. Санкциите против Сбербанк по рускиот воен напад  врз Украина беа воведени од…

Read More