Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Командантот на украинската армија денеска изјави дека добил наредба од претседателот Володимир Зеленски да возврати на руската инвазија на неговата земја. – Врховниот командант на вооружените сили на Украина даде наредба да се нанесат максимални загуби против агресорот, рече главниот командант на вооружените сили на Украина, генерал-мајор Валериј Залужни. Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников претходно изјави дека секој кој е подготвен и способен да држи оружје може да се приклучи на редовите на Територијалните одбранбени сили.
Професорот и декан на факултетот за безбедност Др. Никола Дујовски во изјава за порталот Нова ТВ вели дека засега регионалната и европската безбедност не се загрозени од случувањата меѓу Русија и Украина но дека е речиси извесно дека воениот конфликт ќе се одрази на цените и кај нас на производи или услуги кои се поврзани со рускиот пазар. „ Во оваа фаза треба да почекаме со прогнози дали судирот ќе се одрази врз безбедноста во Европа и во нашиот регион . Од утрово руските сили помогнати и од Белоруските навлегуваат од север и исток во Украина. Тоа е голема операција…
Кина соопшти дека ја следи ситуацијата во Украина и повика на „воздржаност“ од сите страни откако рускиот претседател Владимир Путин нареди воена операција на европскиот сосед. „Кина внимателно ја следи најновата ситуација и ги повикуваме сите страни да останат воздржани и да спречат ситуацијата да излезе од контрола“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунјинг на редовниот брифинг.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика светските лидери да обезбедат помош во одбраната со цел да се заштити воздушниот простор на Украина од Русија. Командантот на украинската армија претходно изјави дека добил наредба од Зеленски да возврати на руската инвазија на неговата земја. – Врховниот командант на вооружените сили на Украина даде наредба да се нанесат максимални загуби против агресорот, рече главниот командант на вооружените сили на Украина, генерал-мајор Валериј Залужни. Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, пак, изјави дека секој кој е подготвен и способен да држи оружје може да се приклучи на редовите на Територијалните одбранбени сили. Извор: МИА
Американскиот претседател Џо Бајден ја осуди воената акција на Русија, веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин најави воена операција во Украина. „Молитвите на целиот свет се со народот на Украина вечерва, бидејќи тие трпат неиспровоциран и неоправдан напад од руските воени сили. Претседателот Путин избра војна со предумисла која ќе донесе катастрофални загуби на животи и човечко страдање. Само Русија е одговорна за смртта и уништувањето што ќе ги донесе овој напад, а САД и нивните сојузници и партнери ќе одговорат на обединет и решителен начин. Светот ќе бара одговорност од Русија“, се вели во соопштението на Бајден
Илјадници граѓани на Киев се упатија кон подземните железници, носејќи храна и облека и организирани во групи, рано утрово по големиот број експлозии кои одекнуваа во градот. Станицата е целосно исполнета со луѓе но не за да патуваат туку да се засолнат. Од утринава на улиците на Киев се случува буквално стампедо од автомобили во обид да гпо напуштат Киев. Новинари на CNN, јавуваат дека во главниот град на Украина е присутна паника меѓу луѓето кои биле приморани да ги напуштат своите кревети насред сон разбудени од експлозиите низ сите делови на градот. https://youtu.be/BHWwMzeFye0
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека секој кој е подготвен и способен да држи оружје може да се приклучи на редовите на Територијалните одбранбени сили. Украинските гранични сили претходно соопштија дека руски копнени сили утринава од повеќе правци навлегле на украинска територија. – Руски воени возила, вклучително и оклопни возила, навлегоа во регионите на Чернихив (северна, белоруска граница), Суми (североисточна, руска граница), Луганск и Харков (источна, руска граница) и преку преминот меѓу полуостровот Крим и континентална Украина, се наведува во соопштението. Се додава дека Русија отворила артилериски оган пред да испрати воени возила. Украинските сили објавија и видео на кое…
Портпаролите на Владата, Муамет Хоџа и Душко Арсовски на денешната редовна прес-конференција информираа за одлуките и заклучоците донесени на 16-тата седница, одговарајќи и на прашања од интерес на медиумите и јавноста. На вчерашната седница е разгледана и усвоена Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина, при што е задолжено Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции, да ги преземе сите потребни мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Северна Македонија при Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина. Во моментот, информираа портпаролите, нашите набљудувачи, кои се околу 30-тина, се безбедни и ги извршуваат своите редовни…
Друштвото на писателите на Македонија денеска се прости од писателот Радован Павловски потсетувајќи на неговиот богат опус и нагласувајќи дека е поет-класик во македонската литература. “Вчера престана да чука срцето на академик Радован Павлоски, поетот-класик во македонската литература, препознатлив по определбата додадена кон неговото име – „принц на метафората“, соопшти Друштвото на писателите. Неговиот животен пат почнува на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Детството го минал во Железна Река, гостиварско, предел кој станува речиси митско место во неговата поезија, а се школувал и работел во Скопје. Великанот на македонската литература живеел и во Загреб, Хрватска; во Белград,…
Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев на годишното собрание на највисоката македонска научно уметничка институција, одржа говор со скандалозни тези за кои рече дека биле негови лични ставови. Според Коцарев, Договорите со Бугарија и со Грција, се извор на нестабилност во регионот и значат акти за разнебитување на Македонија. Тој ова го наведе говорејќи во контекст на три основни постулати на македонизмот и македонскиот опстанок, како што рече, меѓу кои автохтоноста на македонскиот народ и јазик во контекст на јазичниот, културниот и религиозниот континуитет. Понатаму додаде дека супстратот го сочинуваат Македонците во државата но и Македонците во Грција и Бугарија, како…
Правата на Бугарите во Северна Македонија се огромен приоритет за Владата, изјави бугарскиот премиер, Кирил Петков, откако вчера реализира средба со неколку бугарски државјани од Македонија. Како што беше соопштено, средбата се одржала на нивна иницијатива, а премиерот Петков ги претставил последните разговори на оваа тема во рамките на преговорите со Северна Македонија а во чиј фокус е и вклучувањето на Бугарите во нашиот Устав. Претставниците на македонските Бугари изјавиле дека веруваат во новиот пристап инициран од бугарската влада, затоа што се убедени дека проблемите може да се решат единствено со дијалог.
Откако вчера Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна нето-плата по вработен во месец декември 2021 изнесувала 29.943 денари, владејачкиот СДСМ денеска го прогласи за исполнето ветувањето на поранешниот премиер Зоран Заев дека просечната нето-плата ќе достигне до 30.000 денари. „И во време на глобална економска и здравствена криза не застанува растот на платите во државата. Последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во месец декември 2021 година изнесува 29.943 денари, што е за 5,8 отсто повеќе во однос на декември 2020 година, се наведува во партиското соопштение. Исполнивме…