Илјадници граѓани на Киев се упатија кон подземните железници, носејќи храна и облека и организирани во групи, рано утрово по големиот број експлозии кои одекнуваа во градот. 

Станицата е целосно исполнета со луѓе но не за да патуваат туку да се засолнат. 

Од утринава на улиците на Киев се случува буквално стампедо од автомобили во обид да гпо напуштат  Киев.

Новинари на CNN, јавуваат дека во главниот град на Украина е присутна паника меѓу луѓето кои биле приморани да ги напуштат своите кревети насред сон разбудени од експлозиите низ сите делови на градот.