Author: Нова ТВ
Агенцијата за Национална безбедност (АНБ) информира дека во случајот со определување на мерката притвор за Јордан Камчев на 14.3.2021 година, во рамки на своите надлежности согласно член 6, а во врска со член 4 од Законот за АНБ, доставило до надлежното Јавно Обвинителство информација за добиени сознанија за преземени подготвителни активности за бегство на именуваниот во странство, поврзани со тековните постапки кои Обвинителството ги води против него. Согласно наведените одредби, доколку постојат основи на сомневање дека се подготвува, организира или е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност, стои во соопштението од АНБ, Агенцијата е должна веднаш…
Премиерот Зоран Заев ја поздрави пораката што му ја упати Бојко Борисов преку министерот за надворешни работи, Бујар Османи и изрази задоволство од ваквиот, како што рече, чин на пријателство. Заев верува дека Борисов ќе биде еден од главните чинители за изнаоѓање решение меѓу двете земји ако биде избран за претседател на Владата во Бугарија. Според Заев, многу е важно каква историја денес испишуваме и што ќе им оставиме на младите и идните генерации. -Прво, драго ми е што се остварила ваква средба на софискиот аеродром од каде што патуваше нашиот министер за надворешни работи и многу ми е мило…
Кривичниот суд во Скопје, не ја прифати жалбата на одбраната на осомничениот Јордан Камчев, за укинување на мерката притвор, потврдија за МИА, од Кривичен суд Скопје. – Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по жалба поднесена од одбраната на Ј.К. против решение на судија на претходна постапка од 14.03.2021 година, донесе решение со кое жалбата се одбива и се потврдува решението на судијата на претходна постапка со кое на обвинетиот му се определува 30-дневен притвор по предлог на Основното јавно обвинителство, соопштија од Кривичен суд Скопје. Бизнисменот Јордан Камчев, од страна на полициските службеници беше приведен…
Премиерот Зоран Заев вели дека не може да ги коментира информациите кои Агенцијата за национална безбедност (АНБ) ги дала во службената белешка за Орце Камчев бидејќи се строго доверливи, но може да каже дека станува збор за сериозни причини кои биле основ да се поднесе белешката до Јавното обвинителство кое понатаму си одлучило дали од судот да побара притвор или не. Заев вели дека бил информиран од АНБ за случајот со оглед дека станува збор за институција која е под надлежност на Владата и тоа е дел од нејзината работа. „Она што го видов, според моите стандарди е и тоа…
СДСМ ја ишка мувата од капата со случајот Орце Камчев, кој е во затвор затоа што парите од рекетот се кај Зоран и Вице Заев, а токму ова го кажа и првоосудениот за рекет Бојан Јовановски, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, денеска обвини дека за Христијан Мицкоски најважно е да го брани Камчев и дека затоа не ги бара партиските пари. „Оттука Заев треба да одговори дали е точно дека во еден ресторан на периферијата од Скопје, заедно со министерот за внатрешни работи, една обвинителка и адвокат договарале заташкување на случајот ‘Рекет‘ и замолкнување на можниот…
Зоран Заев в недела на 21 март ќе ја бара довербата и поддршката од членството на СДСМ, како кандидат за претседател, за нов мандат за лидер на партијата. Првпат во македонскиот плуразлизам, како што нагласи тој во денешното обраќање, на директни непосредни внатрепартиски избори, овој врвен чин на внатрепартиската демократија ќе го направи токму СДСМ. Како претседател на СДСМ, Заев најави нова програма и нова политика, пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на СДСМ и на Македонија, а доколку ја добие довербата најави и, како што рече, досега најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање…
Министерот за здравство Венко Филипче денеска донесе решение за формирање Комисија за вршење на надзор на стручната работа на Општата болница во Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката Ј.В. Комисијата, која е составена по барање на министерот, како што соопшти Министерството за здравство, има пет члена и има задача да изврши надзор над стручната работа на Општата болница во Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката. За извршениот надзор Комисијата во рок од осум дена од денот на завршување на надзорот над стручната работа треба да достави извештај до Министерството за…
Македонија ќе добие 100.800 вакцини на „Астра зенека“ од КОВАКС механизмот, информираат од Светската здравствена организација за ТВ 24. Според листата што ја испрати СЗО до ТВ 24 од земјите во регионот, најмногу вакцини преку КОВКАС механизмот ќе добие Србија – 295,200 дози, Албанија ќе добие 120.000 вакцини, а Косово ќе добие иста количина како и Македонија. Босна и Херцеговина пак ќе добие вкупно 131.400 вакцини, од кои дел ќе добие од компаијата „Астра зенека“, а дел од компанијата „Фајзер“. „На Северна Македонија и се доделени 100.800 дози. Првата фаза на распределбата им беше соопштена на релевантните влади кои тесно…
Вкупно 1082 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови, при што има околу 340 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 67 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во ковид-центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 619 пациенти позитивни и суспектни…
Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, искажа поддршка за овогодинешниот евровизиски претставник на Македонија кој поради Бугарски пасош наиде на низа критики. Георгиевски нападите ги квалификува како шовинизам присутен кај одредени групи од македонскиот народ. „Она што деновиве одредени групи од македонскиот народ му го прават на пејачот Васил Гарванлиев, одамна во општествените науки има своја дефиниција и се вика ШОВИНИЗАМ, напиша денеска на фејсбук Георгиевски. Инаку, Гарванлиев вчера на јавноста и ги појасни деталите околу неговото бугарско државјанство, поради кое веќе неколку дена наназад е мета на напади. Порача дека тој е музички амбасадор и немал намера да повреди никого.…
Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски денескa запиша уште еден историски настан за Македонците во Албанија. Тој не само што е прв пратеник, кој јавно се декларира како Македонец, денеска првпат се обрати на македонски јазик од собраниската говорница во албанскиот законодавен дом. -Почитуван претседател на Собранието, почитувани пратеници. Ја имав честа во сто и првата годишнина од Собранието на Република Албанија да бидам првиот пратеник кој се декларира за Македонец. Јавностa преку парламентарната говорница слушна за Македонците во Преспа, Гора, Голо Брдо и Врбник, за Македонците низ цела Албанија, рече тој на почетокот…
Во интервју за луксембуршкиот весник „Ворт“ премиерот Зоран Заев изјави дека ветото на Бугарија за почетокот на преговорите во ЕУ беше неблагодарен гест, но дека неговата Влада е посветена на европеизација на земјата. Во текстот новинарот се навраќа на бројните пречки со кои се соочи Северна Македонија за почеток на преговори, од ветото на Грција, блокадата на Франција и конечно, лани, ветото на Бугарија поради билатерални прашања и го прашува премиерот дали тоа може да има негативни последици врз поддршката на граѓаните за ЕУ. -Точно, неблагодарно е што нашиот сосед, Бугарија, стави ново вето за нас во декември 2020. Главната…