Author: Нова ТВ
Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе бара притвор за бизнисменот Орце Камчев, како осомничен во истрагата „Плацевите на Водно”. Оваа информација за „Фокус” ја потврди обвинителката Вилма Русковска. Камчев утрово беше уапсен бидејќи Агенцијата за национална безбедност имала информации дека се спрема за бегство, по што го известиле обвинителството. Истрагата за „Плацевите на Водно” ја води обвинителката Лиле Стефанова. извор: фокус.мк
Доколку постојат услови, треба да се користи секоја можност за попишување во двор, на тераса, веранда, со задолжително носење на заштитна маска (КН95) и растојание од најмалку 1,5-2 метри. Ова го содржи Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година, кој беше усвоен од Владата на 2 март, на предлог на Комисијата за заразни болести. Протоколот е утврден, но зголемувањето на бројот на случаите на новозаболени од Ковид-19 изминатите денови го отвори и прашањето дали предвидените мерки во него се доволни за заштита на граѓаните. Дел од граѓаните стравуваат да ги пуштат попишувачите…
„Фискалниот бројач“ е новата алатка за транспарентност на Министерството за финансии со високофрефентни податоци, која на дневна основа ги прикажува приходите, расходите во буџетот и извршувањето на капиталните расходи, додека на месечна основа го прикажува државниот долг. Целта на оваа алатка, објавена на веб-страната на министерството, е понатамошнa отвореност на буџетот кон јавноста, за да се постигне уште повисоко ниво на фискална транспарентност. -Фискалната транспарентност е највисокиот степен на контрола на јавните финансии, бидејќи на располагање се ставаат информации кои креираат јавно мислење, кое пак има висок степен на корективна моќ. Креирањето на подобар систем на јавни финансии се состои,…
Здруженето на ветерани на војната на расформираната ОНА (УЧК) го осуди вчерашното присуство на првиот вицепремиер и висок функционер на ДУИ (како партија произлезена од ОНА) Артан Груби на одбележувањето на 40-годишнината од формирањето на специјалната полициска единица „Тигри” и оддавањето почит пред споменикот на загинатите припадници на единицата. Најпрво медиумите забележаа дека Груби не се поклони иако застана „мирно” пред споменикот, но самиот потоа изјави дека оддал почит со самото свое присуство. ОНА го осуди и присуството на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши. Во соопштението на ветераните од ОНА испратено до медиумите на албански јазик и кое…
Премиерот Зоран Заев денеска преку својот Фејсбук профил им го честита на православните христијани празникот Прочка. -Прочка e, денот кога православните христијани ги чествуваат простувањето и помирувањето. Нашето внатрешно и меѓусебно помирување се едни од главните темели за градење на заедница на граѓани исполнети со меѓусебно почитување, со грижа и љубов за другиот. Тоа е концепт што носи добро за сите, напиша Заев во објавата на Фејсбук. -Да нѐ крепи духот на простување и помирување со кој е исполнет денешниот ден. Да си посакаме многу мудрост и трпеливост додека го градиме нашиот заеднички дом – дом за достоинствен живот и…
Можно е и на ова непријателство да му истекол рокот на траење.
Излегло од мода. Се збајатило.
Најпосле, прашајте ги пред некој ден Сплит и Нови Сад, Сарајево и Љубљана, Белград и Ријека, Загреб и Скопје за тоа.
Која е целта постојано, без аргументи да го обвинувате за политизирање својот соговорник со кого заедно сте влегле во процес да градите добрососедство и пријателство, пишуваат двајцата историчари во својата колумна
Бизнисменот Орце Камчев утрово е приведен, дознава Фокус од доброупатени извори. Според нашите информации, Камчев е уапсен бидејќи Агенцијата за национална безбедност (АНБ) имала информации дека наводно се спрема за бегство. По нивно барање бил приведен, а потоа го информирале Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Сега обвинителството ќе бара притвор, бидејќи Камчев е осомничен во истрагата “Плацевите на Водно”. Од МВР за “Фокус” ја потврдија информацијата, односно дека Камчев е приведен и дека ќе биде изведен пред суд.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев имаше обраќање на свеченоста по повод одбележувањето на 40 години јубилеј од формирањето на Специјална Антитерористичка Единица – Тигар. Во придружба на првиот-заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за здравство Венко Филипче, премиерот Заев положи венец свежо цвеќе на спомен обележјето на загинатите припадници на Специјална Антитерористичка Единица – Тигар, и потоа ја проследи свечената програма по повод значајна оваа годишнина. Премиерот Заев, во рамки на настанот, се потпиша во спомен книгата како прв…
Попладнево, министерството за здравство остро ги демантираше сите објави на лажни документи кои како што велат, опозицијата и медиумите блиски до нив ги прикажуваат како дел од процесот за набавка на вакцините против Ковид 19. „ВМРО ДПМНЕ свесно сака политички да профитира по цена да се наруши договорот за набавка на вакцини и по цена на здравјето на граѓаните. На помош на опозициската партија се и некои медиуми кои единствено од за нив разбирливи причини објавија таканаречен документ, кој е лажен, на ниту еден начин не е поврзан со процесот за набавка на вакцини, како што сакаат да и прикажат…
Во рамки на првите десетина дена од почетокот на пописот, опфатена е нашата дијаспора. Оттаму, од Министерството за надворешни работи информираат дека се посебно ангажирани во процесот, имаат отворени линии, со цел граѓаните да можат да се обратат за било каков проблем. „Информациите се достапни на веб страната на МНР и на веб страните на нашите амбасади“, посочи министерот за надворешни работи Бујар Османи во своето видео-обраќање на неговиот Фејсбук профил. Османи потенцира дека апликацијата функционира едноставно, со што околу 50 илјади граѓани се самопопишани во првите десет дена, а амбасадите низ целиот свет се ангажирани да направат акциски планови…
Северна Македонија вложува во меѓународните проекти Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос. Повеќе нема да бидеме краен корисник на природен гас од само еден извор, туку Северна Македонија ќе биде важна транзитна рута за природен гас во цела Југоисточна Европа преку новите гасоводни интерконекции со нашите соседи, сподели премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил. На 53-тата седница вчера беше усвоена потребата за потпишување меморандуми за соработка за овие два проекти. Станува збор за соработка помеѓу „НЕР АД“ Скопје и „Копелозу Груп“ и помеѓу „АД ЕСМ“ и „Гастрејд С.А.“ за закуп на капацитет во ЛНГ Терминалот,…