Author: Нова ТВ

Она што се случува меѓу Бугарија и РС Македонија не е обичен културно-историски спор. Доказ за тоа е притисокот врз граѓаните на Република Северна Македонија кои добиваат бугарски книги. Ова го изјави за БГНЕС европратеникот и заменик претседател на ЕПП, д-р Андреј Ковачев. Тој ги информираше своите колеги од ЕПП за низата инциденти во кои македонските граѓани од Ресен, Битола и Кочани беа под таков притисок. „Ги информирав моите колеги од Европската народна партија. Она што се случува помеѓу РС Македонија и Бугарија не е обичен културно-историски спор, како што, за жал, го нарекоа Зелените. Ова е основен проблем на…

Read More

Домашни и странски експерти работат на одговорот што Владата треба да го достави до Европскиот суд за човекови права до 11 јуни по однос на апликациите поднесени од дел од обвинетите и осомничените од предметите иницирани од поранешното Специјално јавно обвинителство, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „360 степени” на телевизија Алсат М. – Главната стратегија и насока ја дава Бирото за застапување, коешто има надлежност за тоа и секако пред да отиде одговорот ќе имам можност да го погледам. Не можам да коментирам затоа што мислам дека се уште сме во фаза на развивање на нашата аргументација…

Read More

Мислам дека треба да го тераме овој процес за гласање со отпечаток од прст и да направиме некаде во јуни месец некоја проценка дали реално ќе стасаме, а во секој случај да го реализираме овој дел на законски измени, делот на набавка на софтвери и на опрема, делот на подготовка на системот, но мислам дека неопходно е да има пилотирање за да може да се стави во функција, за да сме сигурни дека на денот на изборите нема да ни се случи пет проценти или десет проценти да не можат да го остварат своето гласачко право заради проблеми со системот.…

Read More

Нова лажна вест на Фејсбук објави пратеникот и лидер на „Левица“, Димитар Апасиев, кој тврди дека во Велес и други градови од внатрешноста не работат дежурни аптеки ниту пак има дежурни лекари во болниците. „Се’ што треба да знаете за “успешното менаџирање” со кризава е дека, во градовите во внатрешноста, за време на полициски час, НЕМА ДЕЖУРНА АПТЕКА и НЕМА ДЕЖУРНИ ЛЕКАРИ во болниците (те пречекува само медицинска сестра – *потврдено од пациент од терен, ноќеска во Велес)!? p.s. До кое дереџе ја урнисавте државава, клептомани едни корумпирани! #ЌеВиситеЗаедно“, пишува Апасиев, во постот полн со невистини, навреди и закани, кој…

Read More

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, смета дека со координирањето меѓу Јавното обвинителство, Кривичниот суд и Министерството за внатрешни работи целта била да се врати Сашо Мијалков од бегство. Според него, нема ништо спорно во тоа што премиерот Зоран Заев изјави дека токму тој ја координирал акцијата. -Овде се разговараше за бегство на човекот кој неколку дена подоцна веќе му беше изречена казна затвор од 12 години. Не зборуваме за монтиран случај, не беше целта на тој состнаок да се монтира случај против било кого, туку целта беше како да се врати некој кој е во бегство. Некој за кој целата…

Read More

СДСМ поддржува пратеници да бидат лица кои имаат единствено македонско државјанство, но тоа да важи и за пратениците од актуелниот пратенички состав, порачуваат од СДСМ. Исто така, предлагаме пратеници да не може да бидат лица кои се осудувани за кражби во други држави, како на пример лицето Антонио Милошоски, односно лица кои со своите незаконски дела го нарушуват имиџот на земјата. Сепак, поважно од сѐ, наместо да чека законски измени, пратеникот Антонио Милошоски, како осудено и казнето лице во Германија за кражба, за кого се водат предмети пред македонските судови треба да си даде оставка. – велат од партијата.

Read More

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денес учествуваше во состанокот на Комитетот за односи меѓу заедниците во Собранието на Република Северна Македонија. Во својот говор пред присутните пратеници на состанокот, меѓу другото, Груби зборуваше за процесот на остварување на правата на заедниците и нивна интеграција во државните институции. „Општото подобрување на нивниот статус е постојан процес што се одвива во нашата земја. Државата мора да биде посветена на заедниците во земјата. Балансирањето секогаш бара целосна еднаквост меѓу нив, како во остварувањето на правата и слободите што се регулирани со Уставот и законот,…

Read More

Министерот за правда Бојан Маричиќ за време работната посета на Кавадарци го посети Основниот суд во градот, кој е прв во земјава каде што се одржа целосно онлајн судење. Во изјавата за медиумите тој кажа дека целосната дигитализација на судовите може да донесе нивна модернизација и зголемена ефикасност во постапките. Тој му честиташе на претседателот на судот Лазар Нанев, за пионерскиот чекор кој служи како пример и мотив дека овој процес треба да продолжи на републичко ниво. Судот во Кавадарци треба да биде мотив, пример и инспирација за сите судови во државата да тргнат на патот на модернизацијата, на патот…

Read More

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предлага кандидат за пратеник во Собранието на Македонија да може да биде само полнолетен граѓанин кој поседува само македонско државјанство и нема ниедно друго двојно државјанство. Предлог законот веќе е поднесен во Парламентот по скратена постапка. Овој потег доаѓа по вчерашната објава на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, кој сподели листа со имиња на македонски политичари кои поседуваат бугарски пасоши, а меѓу нив се најдоа имиња на високи функционери од опозициската партија. Од ВМРО-ДПМНЕ демантираа и посочија дека ниту еден член од партијата нема бугарски пасош. Ваква одредба има и во Законот за надворешни работи.

Read More

ЕУ да ги исполни ветувањата за Западен Балкан додека ние го европеизираме нашето општество за да ги постигнеме стандардите за нашите граѓани кои природно се дел од европското семејство, порача денеска премиерот Зоран Заев на Тиранскиот економски форум 3. Заев пред еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија и српската премиерка Ана Брнабиќ, истакна дека повеќе од секогаш е потребна храбра политичка акција, покажување визија, храброст и одлучност во носењето на одлуките кои го стабилизираат европскиот континент. Северна Македонија, напомена премиерот, никогаш немала друг интерес освен мирно и достоинствено да кохабитира…

Read More

Апелацискиот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Сашо Мијалков во предметот „Таргет – Тврдина“ и го потврди решението за притвор како мерка за обезбедување присуство. -Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -19/21 познат во јавноста под името „Таргет – Тврдина“ по одржана нејавна седница на ден 12.03.2021 година, донесе одлука со која жалбата на обвинетиот С.М. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е укината мерката куќен притвор и определена мерка притвор како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот, го потврди, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд…

Read More

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска ја повика Лекарската комора да реагира и да побара одговорност од директорот на струшката болница Мухамед Асани. Таа потенцира дека во ДКСК не се расправало за предметот околу постапувањето на докторот во струшката болница, заради тоа што ЈО отворило предмет за постапувањето докторот. Лекарската комора, вели Ивановска, е таа што треба да утврди дали има или нема одговорност кај докторот бидејќи, посочува, таа е телото што ги издава лиценците. -Јас изреагирав со мој личен став, иако од вчерашниот разговор со моите голеги гледам дека се на исто мислење дека…

Read More