Author: Нова ТВ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети тврди дека нема раздор во партијата и дека парламентарното мнозинство е стабилно и покрај тоа што пред два дена досегашниот координатор на пратеничката група Изет Меџити се повлече од таа должност, а на негово место дојде Арбр Адеми. Ахмети, одоговрајќи на новинарско прашање на вечерашното одбележување на 40-годишната од студентските демонстрации во Приштина, рече дека владејачкото мнозинство е стабилно и нема ништо загрижувачко во Собранието. За отсуството на Меџити на вечерашниов настан, вели дека сигурно имал некои негови обврски. – Тука беа пратеници, министри и повеќето беа присутни. Нема друга причина, нешто вонредно, тоа што…

Read More

Поради квалитетното и навремено менаџирање на државните финансии во здравствениот сектор, како и поради брзата и ефикасна организација на државните институции кога беше обезбедена голема количина на донации во борбата со Ковид-19 (заштитни средства, маски, медицинска опрема, респиратори итн) кои не предизвикаа дополнителни расходи за овие потреби, минимумот кој беше проектиран од страна на ЕУ за користење средства од Фондот за солидарност не беше постигнат. Ова е објаснувањето на Секретаријатот за европски прашања, со кој раководи вицепремиерот Никола Димитров, зошто Македонија нема да добие помош од солидарниот фонд на ЕУ. -Во април 2020 год., Европската Унија одлучи да го прошири…

Read More

Дали на одреден начин перспективата на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан е оставена малку настрана заедно со проширувањето, па сега се бара начин таа повторно да се врати на шините на кои беше порано? Девет министри за надворешни работи од земји-членки со писмо до шефот на европската дипломатија Жозеп Борел бараат ЕУ да има стратешка дискусија за иднината на Западен Балкан пред другите актери наместо Унијата за зачекорат во регион и да го зазамет нејзиното место. Шефовите на дипломатиите на Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Ирска, Романија, Словачка и Словенија побараа од Борел политичката дискусија за Западниот Балкан да…

Read More

Билатералните прашања не треба да го условуваат процесот на проширување на ЕУ, вели амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри. Сивестри во интервју за „Независен“ посочува дека никој не може да го проблематизира фактот дека е донесена одлука да започнат преговорите со ЕУ. -Одлуката да започнат преговорите за влез на Северна Македонија беше усвоена на Европскиот совет во март 2020 и останува неприкосновен факт што не треба да се доведува во прашање. Во овој контекст Италија смета дека што поскоро треба да се применат преговарачките рамки за Северна Македонија (и за Албанија), свикувајќи меѓувладина конференција, за и официјално да се…

Read More

Денеска по кратко боледување почина Горан Гаврилов (54), основач и сопственик на националното радио Канал 77 и порталот Македонски медиа сервис (ММС). Гаврилов беше основач и прв човек на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија (АПЕММ). Поради неговото познавање на оваа област и професионалност беше вклучен и во подготовката на сите законски регулативи поврзани со медиумското работење во земјава. Неговата работа започна како пионер во медиумски простор по осамостојувањето на Македонија. Радио Канал 77, кое годинава ја одбележува 30 годишнината од постоењето, започна со работа на 4 октомври 1991 година, како прв приватен комерцијален радиодифузер. Првично беше локално, а…

Read More

Секој регион на Македонија си има свои хероини, а денеска ве запознаваме со хероините на Преспа кои неуморно го промовираат регионот. Живеат за да создадат приказни и да ги раскажуваат на секој турист кој доаѓа овде. Го пренесуваат своето знење од нивните баби, а се афирмираат со воведување на модерни алатки за развој на туризмот. Овие жени успеаја да засадат 5000 садници планински чај во регионот, а денеска ќе се запознаете со нивната приказна. Ние разговаравме со Виолета Прцуловска која е претседател на „Рурални жени од Преспа“ но како што вели таа, титулата претседател во друштвото е само збор, а…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес учествуваше на конференцијата на „Европската безбедносна соработка со Источното соседство и Западен Балкан“, на покана од тинк-тенк организацијата Европски центар за надворешни односи, како организатори на овој настан. Конференцијата беше прилика за размена на ставови во однос на геополитичкото дејствување на Европската Унија, со осврт на соработката со земјите од Западен Балкан во однос на прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста на Европа. Вицепремиерот Димитров се осврна на геополитичките и економските фактори кои налагаат блиска соработка на ЕУ и Западен Балкан, подвлекувајќи го значењето на единствено и координирано справување…

Read More

Денеска на педесет и четиригодишна возраст почина Горан Гаврилов, сопственик на Националното радио Канал 77. Гаврилов беше долгогодишен истакнат медиумски работник, а беше и основач на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија.

Read More

Судскиот совет денеска ја разреши судијката Софија Лаличиќ од Основниот Кривичен суд во Скопје. Лаличиќ се спомнуваше во една од „бомбите“ што ги објавуваше СДСМ од нелегалното масовно прислушување. Поточно, тогаш опозицискиот СДСМ објави снимка од нејзин разговор со некогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков, на прес-конференција посветена на состојбите во судството. Во овој разговор се спомнуваше и поранешната претседателка на Основниот суд Скопје 1, Лидија Неделкова, која неодамна, исто така, беше разрешена од врховна судијка.Претставката за утврдување одговорност на Неделкова ја поднесе поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, кој во меѓувреме, исто така, беше разрешен од судија. Поради…

Read More

Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, вчера излезе со предлог да се формира  посебна агенција која ќе има специјални овластувања за гонење на корупцијата и организираниот криминал, односно некој вид истражно „СЈО“, откако првото заврши неславно по откривањето на аферата „Рекет“. Дали е неопходна таква институција и дали се навистина мали резултатите во гонењето на организираниот криминал и корупцијата, најдобро се гледа ако се направи анализа на случаите од висок профил на СЈО и на Јавното обвинителство. Таа покажува дека од 2017 година, кога започнаа првите судења покренати од СЈО па досега изречени се пресуди од над 350 години ефективен…

Read More

Министерот за здравство, Венко Филипче, попладнево од ресорното министерство излезе со став и ги осуди обидите на опозицијата да и фрлат дамка, како што вели, на оваа сериозна состојба со Ковид 19. Тој на прес конференцијата ги отфрли сите обвинувања, и образложи како течела целата постапка, по што заклучи дека тука апсолутно не се работи за нешто што е нерегуларно и надвор од законот. „Владата и МЗ од почетокот на набавката комуницира со многу компании и производители. Притоа имаме два принципи, регуларност и внимателност. Оттаму, апсолутно ги отфрлам сите обвинувања дека станува збор за нерегуларни процедури и провизии. Документите кои…

Read More

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска изјави дека пописот би се одложил само ако Комисијата за заразни болести процени дека не е безбедно тој да се спроведува. – Единствените коишто можат да предложат одложување на пописот поради Ковид-от е Комисијата за заразни болести, ако оценат дека ситуацијата е таква да не може да се контролира, треба да дадат препорака до Владата за да се донесе таква одлука, изјави Симовски за телевизија Канал 5. Тој вели дека процедура е таква и оти Комисијата одлучува за тоа, па Државниот завод за статистика (ДСЗ) во тој дел не може ништо…

Read More