Author: Нова ТВ

Министерот за здравство Венко Филипче ги демантираше наводите дека има каков било скандал околу набавката на кинеските вакцини што денеска ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“. Во изјава за Канал 5 тој денеска потврди дека бил сменет каналот за набавка на вакцините од Кина откако кинеското Министерство за надворешни работи им укажало на македонските власти дека треба да се следи друг канал за набавка. „Апсолутно демантирам дека тоа е скандал или било што друго. Мислам дека е сериозен доказ дека се обидуваме апсолутно по сите канали да стигнеме до вакцините. Во однос на конкретниот случај после добиените дозволи од кинеското…

Read More

Пратеникот Арбер Адеми е нов координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието, по оставката на Изет Меџити од оваа позиција. Како што потврдија за МИА извори од ДУИ, Адеми е избран со потписи од сите пратеници од парламентарната група на ДУИ. Извори од ДУИ велат дека потис ставил и поранешниот координатор Изет Меџити и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Арбер Адеми е и претседател на собраниската Комисија за европски прашања.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими новоименуваните амбасадори на Република Северна Македонија пред заминување во странските држави каде што ќе ги извршуваат своите дипломатски должности. Од кабинетот на претседателот информираат дека на средбата присуствуваа Сашко Тодоровски – амбасадор во Чешката Република, Горан Цеков – амбасадор во Јапонија, Светлана Гелева – амбасадорка и постојан претставник при Советот на Европа, Билјана Стефановска Сековска – амбасадорка во Комонвелтот Австралија, Бети Јачева – амбасадорка во Кралството Холандија, Драган Јордановски – амбасадор во Република Естонија, Лидија Бошковска – амбасадорка во Хеленската Република и Милаим Фетаи – амбасадор во Република Хрватска. Претседателот Пендаровски на нашите амбасадори…

Read More

Државната комисија за спречување на корупцијата почна со вселување во новите простории – 2 430 метри квадратни на три ката во зградата на Службата за општи и заеднички работи, спротив МНР, со што се решава просторниот проблем на антикорупционерите и се овозможува ставање во функција на софтверот и опремата за поврзување на антикорупционерите со останатите 17 институции од кои треба да се црпат информации, при откривање на случаи поврзани со корупција и судир на интереси. Со ова конечно се решава еден наследен проблем и после неколку различни обиди обезбедување соодветни простории за функционирање и работа, порача денеска вицепремиерот задолжен за…

Read More

Софтверот за сообраќајни прекршоци е купен со причина, а тоа ќе го покажеме со документи, рече денеска премиерот Зоран Заев коментирајќи ја набавката на софтверот за мерење просечна брзина на возилата и изрекување казни за сообраќајни прекршоци. Заев уште еднаш повтори дека имало докази за комуникација меѓу Генералниот секретаријат и Министерството за внатрешни работи и претходни анализи за потребата од системот. -Прво, ништо не е направено без причина, сите постапки што ги водиме ние како Влада, тоа е сметката Генерален секретаријат, нема друга сметка кај претседателот на Владата. Со таа сметка работат и Генералниот секретаријат, претседателот на Владата, потпретседателите на…

Read More

Премиерот Зоран Заев смета дека трговските центри треба да работат и во недела, но вели дека им дава шанса на ресорните министри, работниците и коморите да утврдат кое е најдоброто решение. -Ако во недела не работат трговските центри во Скопје нашите граѓани ќе одат во Косово и во Србија. Ако, пак, работат, тие ќе дојдат овде во недела. При тоа работењето во недела треба да се определи какво е согласно работничките права, рече премиерот Заев во одговор на новинарско прашање при денешната посета на „Скопје Ист Гејт“ заедно со вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир…

Read More

Пописот мора да се случи оваа пролет и негово одложување не е посакувано, категоричен е премиерот на Македонија, Зоран Заев. Според него, состојбата со вирусот е мошне непредвидлива, па така не смее да се губи време и оваа операција мора што побрзо да се спроведе. „За кога да одложиме пописот? За 10 години? Не може да се одложи за мај или јуни. Тогаш луѓето се по одмори. Септември е кампања, октомври се изборите. Треба да го спроведеме пописот. Треба да си ја земеме одговорноста во своите раце“, истакна Заев.

Read More

Демократскиот сојуз го поддржува Планот за борба против корупцијата и инсистира да се изградат инструменти за негова имплементација, како и надградување на истиот. Во оваа насока Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, го предложи следното: Прво, да се донесе закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција. Во законот да се предвиди да нема застареност за тешки кривични дела од организиран криминал и висока корупција доколку делата се поврзани со злоупотреба на власта. Натаму задолжително да се конфискува капиталот стекнат на криминален начин и да се изрекува заштитна мерка забрана на политичко дејствување од…

Read More

Нема никакви незаконски дејствувања за набавката на вакцините, истакна денеска на новинарско прашање премиерот Зоран Заев, кој рече дека се договорени преку кинеската Амбасада и кинеското МВР. -Во овој период правиме напори да набавиме вакцина по сите можни канали како што очекуваат граѓаните за час поскоро да ги имаат. После две недели на чекање на активности на кинеската амбасада ние директно преку Синофарм не можевме да добиеме контакт и дадовме нарачки преку приватни компании кои што Министерството за надворешни работи не ги потврди и затоа и авансот беше повлечен. Сега очекуваме нарачките да стигнат преку МНР на Кина и Кинеската…

Read More

Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска уште еднаш ги повика пратениците да ги донесат законите кои треба да овозможат спроведување на економските мерки за поддршка на граѓаните и стопанството. Битиќи порача да се заборават за момент политичките агенди и да преовлада разумот. -Апелирам пратениците да го направат тоа што треба – сите законски решенија кои ќе овозможат спроведување на економските мерки да ги донесат час поскоро. Можеби за нив не е важна економската состојба, но да се ставиме во улога на обичните граѓани, нашите браќа, сестри, татковци, мајки, роднини. Нивниот живот и стандард зависат од кревањето рака на пратениците. Да ги заборавиме…

Read More

Потребан ние ,,културата на сеќавањето”, а не ,,културата на чистење се што е туѓо”. Култура на сеќавањето значи и помирување со минатото. Токму со помирувањето повторно може да се оживее и да се направи достоен пост – југословенски културен простор.

Read More

Во своето соопштение, Сојуз на средношколци му даде оценка на Министерството за образование и наука и за работата го оцени со „1“. Тие впрочем се незадоволни што средните училишта се уште се затворени. „Помина цела година откако пандемијата ги затвори средните училишта. Поминаа 365 дена без еден средношколец да се врати во училишните клупи. Наместо да научат нешто од периодот март-јуни 2020 година и тоа време да го искористат за изготвување на јасна стратегија како и кога (средните) училишта ќе бидат повторно отворени, на институциите им се случи ERROR 404. Исто како и на училиште – кога не си подготвен…

Read More