Author: Нова ТВ
„Преземање навремени мерки за соодветна заштита на правата на бугарските граѓани во странство, кога тие се нападнати само поради нивната национална самосвест, било разгледано од претседателот Румен Радев на средба со шефовите на безбедносните служби. На неа учествувала и потпретседателката Илиана Јотова“, објави прес-службата на шефот на државата. Според информациите, причината за состанокот било писмо од Центарот за култура „Иван Михаилов“ – Битола, „како и сигнали од нивни сонародници од С. Македонија, за чести повреди на нивните права само поради фактот што тие се идентификуваат себеси како етнички Бугари“. Бугарските медиуми пишуваат дека од претседателската канцеларија не соопштиле какви мерки…
Министерот за правда Бојан Маричиќ, во придружба со заменик-министерот за правда Агим Нухиу, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски извршија увид во текот на попишувањето на притворените и затворени лица во Казнено-поправената установа К’шање. Во ова установа оваа фаза за пописот започна навремено и се одвива во најдобар ред. -Мислам дека сите дискусии завршија минатата недела откако и Евростат верификуваше со јавна изјава дека и Законот за попис и методологијата според која се спроведува пописот се направени согласно највисоките стандарди. По таа верификација сите дилеми кои беа наметнати од…
„Одиш во партија, носиш одлука за бојкот на пописот за да прикажеш некаква политичка активност, почнуваш да собираш потписи по штандови на пазар, и на крај… ја повикуваш дијаспората на масовен одзив на пописот, кој инаку го бојкотираш. Генијално !!!“ Со ваква реакција излезе Андреј Жерновски откако излезе веста дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес ја повикал дијаспората да се попише, а тој во зависност од резултатите ќе размисли дали да ги признае или ќе почне процес на нивно девалвирање.
Во Северна Македонија во изминативе деновиве имаше обид за „мини-државен удар“ со цел да се собори владата на Зоран Заев, пишува ИФИМЕС во својата анализа за случувањава во земјава. Последните три години, пропагандната машинерија на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Зоран Заев и Сашо Мијалков се едно и исто. Брзо апсење по бегството пред изрекувањето на пресудата и драконска затворска казна за Мијалков ги поби овие тврдења. Вреди да се напомене дека на денот кога беше официјализирано бегството на Мијалков, ВМРО-ДПМНЕ веќе имаше список со членови на новата влада и се надеваа на ново парламентарно мнозинство. Експресното апсење и долгогодишната затворска казна на Мијалков…
Со попишување на затворени и притворени лица во Казнено-поправната установа К’шање во кумановско денеска официјално беше означен стартот на процесот на спроведување на пописот на населението и домаќинствата. Засега проценката на надлежните институции е дека се се одвива во најдобар ред по правилата и протоколите пропишани од надлежните институции. Од денеска во наредниве две недели, како што соопшти денеска директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, ќе бидат попишани 2.200 осудени и притворени лица во казнено поправни и воспитно поправни установи на територија на Република Северна Македонија. Пописот ќе се одвива во неколку фази и ќе бидат ангажирани четири…
Министерот за правда Бојан Марчиќ денеска потврди дека најверојатно е првиот член во Владата кој дознал дека се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков, а тоа, како што изјави денеска, на неформална средба во петокот вечерта со јавен обивнител кога му било претставено оти постои гласина, дури и како чаршиски муабет било означено дека е можно такво нешто. Маричиќ нагласи дека не чувствува никаква одговорност. – Јас како човек што води сериозна институција укажав на обвинителот дека треба да се проверат гласините, бидејќи не ми беше соопштено кој е изворот на информации, тоа беше зачувано како податок што не ми…
Граѓаните отсега ќе можат анонимно да пријават Лихварство на бесплатниот телефонски број 0800 00 201. Министерството за внатрешни работи одлучи да отвори оперативна акција „Пријави лихва“ со цел сузбивање на незаконската појава на позајмување на парични средства за несразмерна имотна корист преку многу висока камата, позната како лихварство. -Кривичниот законик лихварството го дефинира на следниот начин: „Тој што за услугата што му ја прави на некое лице прима или договара за себе или за друг несразмерна имотна корист искористувајќи ја неговата тешка имотна состојба, тешките станбени прилики, нуждата, недоволно искуство или лекомисленоста, ќе се казни со парична казна или со…
Премиерот Зоран Заев во врска со изјавата на претседателот на МАНУ дека се укинува наводно катедрата за македонски јазик рече дека не само што не му паѓа на памет на некој да ја укине катедрата за македонски јазик туку и се користи 100 годишнината на Блаже Конески за дополнителна афирмација на македонскиот јазик. -Прво да се запишат што повеќе студенти на катедрата.Тоа ќе го направиме преку дигитализација и активности за негова афирмација во ЕУ. нема ништо вистина во лажните информации на почитуваниот претседател на МАНУ, рече Заев. Во врска со одбивањето на МАНУ да стави „Северна“ во името премиерот нагласи…
Во време кога се соочуваме со опасност од одземање на статусот на Охрид и охридскиот регион како природно и културно наследство на УНЕСКО, односно наследство во опасност, сметаме и го охрабруваме Градоначалникот на Општина Охрид и сите надлежни институции (локални и национални) да постапуваат согласно и исклучиво со законските уредби, пропишаните правила и прописи, стои во соопштениеот од Асоцијацијата на архитекти на Македонија кое реагира во врска со јавно пласираните информации кои се однесуваат на изградба на нов хотел на локалитетот “Горица“ во Охрид, на место каде што сѐ уште егзистира постојниот објект на ресторанот на веќе срушениот “Хотел Парк“.…
Град Скопје денеска најави почеток на реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов рече дека објектот ќе се реконструира во постојниот изглед и габарит и очекува градежните работи да почнат во мај. „На мое и општо големо задоволство промовираме проект за реконструкција на универзална сала. Буџетот издвои 120 милиони денари. Универзална беше е и очигледно останува омилена културна институција на многумина скопјани. За мене тоа е доволна причина и мотив за повторно отварање на нејзините врати. Ќе биде реконструирана во постојниот габарит задржувајќи го својот автентичен изглед. Идејата да ја сочуваме во постојанта форма и локација дојде…
Со кутии во кои е спакувана опремата, наредени долж булеварот „Илинден“ пред Владата, компаниите од ивент индустријата денеска симболично го одбележаа „поменот“ – една година откако се воведе забраната за одржување јавни настани. Во тој контекст е и мотото „ПОМЕН – една година тишина!“ под кое тие се собраа тука точно напладне, во 12 часот, за да искажат револт од ситуацијата во која се наоѓаат. Дојдоа со порака дека без поддршка од државата, не ќе можат да опстанат. Бројките на КОВИД заболени, како што посочија, се зголемува, а тоа значи дополнителна неизвесност дали воопшто наскоро повторно ќе почнат со работа.…
Премиерот Зоран Заев на денешната презентација за реконструкција на Универзалната сала истакна дека актуелниот градоначалник Петре Шилегов е негов фаворит за Скопје. „За мене Шилегов е фаворит, иако се уште го немам прашано дали сака да се кандидира – рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање. Тој беше запрашан и за вакцините, но рече дека не сака да лицитира со датуми кога ќе стигнат вакцините, но дека веќе денес очекува позитивен сигнал од Кина, иако беше повлечен авансот заради незавршената процедура во таа земја. „Министерството за здравство објасни дека авансот е повлечен зошто ја чекавме поддршката од Министерството за надворешни работи…