Author: Нова ТВ
„Мислењето на Георгиевски е исклучиво индивидуално и негово. Ние ниту сме преговарале, ниту ќе преговараме за идентитетот и јазикот. Не е возможно да си легнете на 31.12.1943 како Бугари, а на 01.01.1944 да се разбудиме како Македонци. Ние сакаме час поскоро да најдеме решение, и да се оствари првата меѓувладина конференција“, истакна Заев во одговор на новинарско прашање за оценката и мислењето на вчерашниот став и предлог акционен план, кој лидерот на ВМРО НП, Љубчо Георгиевски го образложи на својот фејсбук профил. Во однос на тоа дали Заев ќе разговара со Георгиевски, премиерот посочи: „Јас искомуницирав со Георгиевски уште вчера…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски информира дека партијата за 8 дена собрала над 100.000 потписи од граѓаните кои не се задоволни од операцијата попис. -ВМРО-ДПМНЕ за 24 часа, или по 3 часа дневно, во рок од 8 дена собра повеќе од 100.000 потписи од граѓани кои се незадоволни од начинот на кој се води операцијата попис. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја води битката против мафијашката власт од внатре низ институциите за одложување на пописот, а во меѓувреме е потребно истата таа операција да ја девалвираме. Затоа, ја повикуваме дијаспората масовно да се пријави на онлајн апликацијата. Доколку мафијашката власт продолжи…
Се соочуваме со сериозен недостиг на вакцини, со исклучок на САД и Обединетото Кралство. Дел сме од светскиот проблем, особено тешко е за помалите држави, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на промопредавање на американска донација за Армијата. –Целта ни е што поскоро да обезбедиме функционална вакцина и ќе ги преземеме сите чекори. Барем здравстевените работници успеаја да обезбедат дополнителна заштита. Армијата е во втората фаза за имунизација заедно со полицијата, истакна Шекеринска. Министерката денеска прими 1.269 автоматски пушки М-4 како донација од САД, а американската амбасадорка Кејт Мари Брнз рече дека истите вредат 1,2 милиони долари. – Целта на…
Минатата година реализирани се 446 нови вработувања во јавно-здравствени установи низ државата, информира денеска Министерството за здравство. Оттаму потенцираат дека од почетокот на 2020 година 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време. – Вложувањата во човечки капитал во здравството не застанаа дури ни во време на пандемија. Пандемијата покажа колку се значајни здравствените работници, тие се столбот на нашето здравство. Со нови вработувања и зголемувањата на платите создаваме услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја. Се залагаме за подобрување на условите во кои истите…
По повод 1 март – Денот на нула дискриминација, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, порача дека оваа Влада и Министерството за труд и социјална политика, направи сериозен исчекор во борбата против дискриминацијата. „Преку широка и отворена дебата успеавме да го усвоиме Законот за спречување и заштита од дискриминација. Законот јасно ги дефинира основите на дискриминација согласно Меѓународните конвенции и Европската регулатива. За прв пат како дискриминаторски основи ги вклучивме и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, како дел од основните човекови права и слободи,“истакна Шахпаска. Таа ја потенцираше транспарентната постапка за избор на професионалната Комисија за спречување и…
„Каква брука“, професорката на Филолошки факултет, Румена Бужаровска, вака ги искоментира изнесените тврдења во јавноста на претседателот на Македонската академија на науките и уметности, Љупчо Коцарев, кој наведе дека ќе се укинуваат катедрите по македонски јазик и македонска книжевност. „МАНУ би требало да се огради од тоа што неговиот претседател скандалозно и тенденциозно шири лажни вести. Каква брука“, напиша таа на Фејсбук. Денес, Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, испрати допис во медиумите, во кој посочи на невистини и манипулации во однос на укинувањето на Катедрата на факултетот. Во прилог ви го пренесуваме…
Во последните 24 часа во Македонија се одвива масовен и целосно координиран напад против поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, откако вчера тој предложи свој план за излез од ќор-сокакот во нашите билатерални односи, коментира репортерот на БГНЕС.Огромното мнозинство на медиуми не го објавија краткиот текст на неговите предлози, но наместо тоа објавија десетици коментари, анализи и реакции на „револтираните“ политичари, новинари и аналитичари. Градоначалникот на градот Куманово, кој е дел од владејачката партија, Максим Димитриевски, побара од обвинителството да поднесе тужба и Георгиевски да остане без македонско државјанство. Пратеничката од партијата на премиерот Зоран Заев, Марија Георгиевска даде специјална изјава во која објави…
Денес, Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, испрати допис во медиумите, во кој посочи на невистини и манипулации во однос на укинувањето на Катедрата на факултетот. Во прилог ви го пренесуваме нивниот допис во целост: „Во однос на тврдењата за евентуално укинување на Катедрата за македонски јазик, изнесени по медиумите, укажуваме дека станува збор за целосни невистини и манипулации. За жал, овие написи доаѓаат токму во годината на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на нашиот патрон и професор, Блаже Конески, и 75-годишнината од основањето на Катедрата за македонски јазик и на Филолошкиот факултет…
Во пресрет на стартот на пописот на населението денес, со попишување на затворениците, дијаспората, дипломатите и бездомниците, првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби упати свој повик на социјалната мрежа фејсбук. Имено, тој побара максимална мобилизација на албанското население секаде, со цел успешно спроведен попис. „Драги браќа и сестри во егзил и вие семејство на нашите сонародници кои живеат во дијаспората, започна процесот на саморегистрација на адреса: https://census.stat.gov.mk/. Ве молам за максимална свест и мобилизација, се вели во фејсбук објавата на Груби. Инаку за потсетување, пописот започна денес, а ќе заврши на 21.…
Започнува функционирањето на платниот промет во „Македонска пошта“. Од денеска граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат сметките и да вршат други плаќања во готово. Платниот промет во првата недела ќе биде достапен во повеќе единици на Пошта и тоа: Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на месец март услугата ќе биде достапна и во сите останати единици на Пошта, односно на повеќе од 300 точки низ целата држава. Провизиите, ќе изнесуваат 35 денари за плаќање на сметки, а висината на провизиите за…
Засега не се знае кога точно во земјава ќе пристигнат вакцините против Ковид-19 со кои треба да стартува масовната имунизација на населението. Процесот на вакцинација почна, но само на директно изложените здравствени работници во ковид центрите со пратката од 8000 вакцини на Фајзер што беа добиени преку Србија. Надлежените уверуваат дека разговорите со производителите продолжуваат и оти пратките со вакцини ќе пристигнат во најскоро време. Северна Македонија треба да добие 200 000 илјади вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Покрај очекуваните количини преку системот Ковакс, во тек се разговори за набавка и на 100 илјади дози од руската Спутник V, како…
Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почнува денеска со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши пописот, што ќе започне на 1 април. Министерството за надворешни работи ќе спроведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/саморегистрација, отсутни во странство: на работа во ОН и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата во странство и студентите и граѓаните што се ангажирани од страна на Република Северна…