Author: Нова ТВ
„Денеска е голем ден за правната држава и за владеењето на правото. По шест години и многу опструкции случајот со масовното прислушување доби судска разрешница и сметам дека тоа е важно и за државата и за целото општество“, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ во неговото гостување во централниот дневник на Сител ТВ. Според него сега на дело се покажува зошто вредеше носењето на Законот за Јавно обвинителство, со кој се овозможи процесуирање на предметите на СЈО. „Владата создаде услови и политичка клима за судот да може да одлуува слободно и врз основа на докази. Тој пат се отвори со…
Во судирите со полицијата кон која демонстрантите фрлаа со разни предмети, имаше и повредени лица, а нападната беше и екипата на информативната агенција МИА
Поранешниот министер за внатрешни работи, а сегашен советник во Владата на СДСМ, Љубе Бошкоски во јавноста објави видео од неговите митинзи со порака на Фејсбук „Плови Саша“ до поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков кој беше осуден на 12 години затвор за масовното прислушиување и му беше одреден затворски притвор. На видеото тој изнесува сомнежи за криминал на тогашаната власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ, а Мијалков и поранешниот премиер, Никола Груевски ги нарекува „бандо криминална“. -Уште во 2011 година, апелирав дека банда криминална ги злоупотребува светите букви на ВМРО, се изнесуваат пари во други држави и се врши секаков криминал.…
Дел од демонстрантите кои во моментот се на булеварот пред ТЦ „Мавровка“ предизвикаа тензии и фрлаа со предмети кон полицискиот кордон кој не им дозволува да продолжат со маршот кон Основниот суд во Скопје и кон Собранието. Додека едните ја напаѓаат полицијата, други демонстранти повикуваат на смиреност на учесниците на протестот, пренесе 360 Степени. Има и повредени од двете страни, при што интервенираше и Брзата помош. Тензиите почнаа откако демонстрантите побараа полицијата во рок од 10 минути да ја „ослободи“ улицата. Но, напротив, патот им го попречува огромен полициски кордон, припадници на специјалните единици, а на улица има и оклопни…
Заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, гостуваше во емисијата „Утрински брифинг”, на Слободна ТВ, кадешто зборуваше за повеќе актуелни теми, помеѓу кои и нивото на просечнта плата и управувањето со задолжувањата во Република Северна Македонија. Вицепремиерот Битиќи рече дека просечната плата продолжи да расте, а тоа е резултат и на значително покачената минимална плата, но и како резултат на притисок од пазарот на трудот. „Минималната плата треба да биде некаде на 60% од просечната. Просечната плата континуирано расте и ќе продолжи да расте. Во декември 2020 година, просечната плата…
Пратеникот од партијата Беса и еден од потпретседателите на Собранието, Фадил Зендели изјави дека нема проблеми во владиното мнозинство. Зендели изјави дека проблем има во пратеничката група на ДУИ и смета оти партијата треба во разумен рок да најде решение за него. Тој посочи дека БЕСА има забелешки за распределбата на проектите од култура и дека министерката за култура Ирена Стефоска не се консултирала со заменик министерот за култура во врска со нив. Тие бараат од премиерот прераспределба на средствата за поддршка на проектите од културата.
„Во врска со судската одлука за Таргет-Тврдина, за Демократскиот сојуз од исклучителна важност е тоа што после шест години, Судот потврди дека масовното прислушување е вршено преку системите на Министерството за внатрешни работи. Злоупотребена е власта за незаконито и неовластено прислушување на обични граѓани, новинари, бизнисмени, носители на политички и државни функции и многу други, со што директно се загрозени приватноста и основните права и слободи“, соопштуваат од партијата на Павле Трајанов. „Прислушувањето е вршено од политички и бизнис интереси, желбата да се владее и да се има неограничена моќ. Одлуките за осудените нема да ги коментираме почитувајќи го начелото…
„Сметам дека казната е драконска. Да се даде максимум за секое поединечно кривично дело каде што е поднесен обвинителен предлог навистина е правен преседан. Нема да најдете во аналите на правосудството ниедна пресуда каде што за обвинителен предлог е дадена максимална казна затвор“, изјави сдвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски денеска пред Кривичниот суд по објавата на пресудата за „Таргет-Тврдина”. Мијалков доби 12 години затворска казна. Во однос на одлуката на Судот за притворот, вели дека е спротивнa од законот, бидејќи при определена мерка домашен притвор, без притоа да биде повредена обврска, да се определи мерка притвор, смета дека е…
Претседателот Борис Трајковски во пресудните моменти за државата во 2001 година имаше клучна улога, а неговата изјава по повод потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, дека станува договор и потпис на проектот Македонија во 21 век, денеска се памети како тестимонијална. Мојот сограѓанин, Трајковски беше човек од народот. Секогаш наоѓаше време за проблемите на обичните луѓе. Доаѓаа тие кај него, но и тој не престана да ги посетува во нивните домови, наведе премиерот Зоран Заев на неговиот Фесбук-профил, по повод 17 години од трагедијата во која загина Трајковски и уште осуммина негови најблиски соработници и членови на екипажот на авионот. Заев…
Правосудниот систем е независна власт и денеска гледаме дека ги има сите околности да спроведуваат истрага без влијание и да организира обвинителска и судска постапка во која важат само доказите и одредбите за фер и правично судење, за секој без исклучок, објави денеска премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил по пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“. – Го ослободивме патот по кој денес дојде правдата. Граѓаните, државата, институциите и системот – тоа сме ние. Сите ние, секој од нас денес може да има повеќе мир за себе, во себе. Бидејќи, кога има правда има и мир, пишува Заев на фесбук. Според премиерот,…
Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, од денеска оди во притвор во истражниот затвор „Скопје“, односно мерката куќен притвор му се заменува со ефективен притвор. Построга мерка за обезбедување побара обвинителката Ленче Ристоска, откако денеска Мијалков беше осуден на 12 години затвор. Тој во затворот „Шутка“ ќе биде спроведен од неговиот дом.
Вакцините се зло. Се продадов на Вучиќ. Короната не постои. Јас сум чипуван. Трамп е супер. Длабоката држава ги влече сите конци. Педофилите владеат со светот. И сатанистите…