Author: Нова ТВ
По обвинувањата од пратеникот, Игор Јанушев, вицепремиерот во Владата задолжен за борба против криминалот и корупцијата, Љупчо Николовски, од собраниската говорница, денес посочи дека не се точно информациите дека фирма блиска до него добивала тендери од државата и остварувала високи профити, но и дека работела надвор од законските можности за вршење на плаќањето. Потенцираше и дека ова е продолжение на лагите на ВМРО ДПМНЕ и нивните манипулации, во момент кога немаат соодветно решение за граѓаните. „Продолжувате со исто темпо и навики. На СДСМ му одговара, што немате концепт понуда и конструктивност, а продолжувате со лагите. Лажевте дека братот на Љупчо…
Премиерот Зоран Заев ги отфрли тврдењата на пратеникот Скендер Реџепи денес во Собранието дека има некакво политичко влијание во процесот „Монструм“ и дека, според него, се осудени невини луѓе. Тој порача дека целосно го исполнил ветувањето да даде се што можело да се употреби околу расветлување на случајот, со конечна цел да се дојде до правда, или како што рече – невините да не лежат во затвор, а виновните да одговараат. Тој притоа повика политичарите да не даваат лажни надежи и да ги тргнат рацете од судството, бидејќи тоа треба да ги носи одлуките, нагласувајќи дека за „Монструм“ имаше целосно…
Тезите дека некој нешто договарал со некого за одреден случај се демантираат или се исклучуваат една од друга. Ако некој со некого се договарал, за што се договарал – да избега или да се врати повторно пред лицето на правдата, кој е тој договор што е правен и со кого бил правен? Никакви договарања нема и нема да има со било кого, а секој што носел какви било одлуки спротивни на закон, спротивни на интересите на граѓаните и на државата, треба во секој момент да излезе пред лицето на правдата и да понесе одговорност. Вака одговори министерот за внатрешни работи,…
Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-декември 2020 година, продажбите достигнуваат 9.188.259.186 денари, што е за 9% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 12.132.328.349 денари, што е за 9% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 9%. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен исто така за 9%. Од вкупните консолидирани продажби, 35% се остварени на домашен пазар, додека 65% се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна…
На денешниот брифинг со новинарите, претседателот на Собранието, Талат Џафери посочи дека претстојните локални избори ќе се оддржат на 3., 10. или 17. октомври. Според законската процедура, 90 дена претходно, тој треба да ги распише изборите, односно некаде во јули или најдоцна до 1. август. Во меѓувреме, Џафери истакна и дека треба да се има предвид како ќе се одразат роковите за техничка влада, за кампања и увид во избирачкиот список, доколку партиите бидат согласни да има истовремено со локалните и предвремени парламентарни избори.
Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска на завршната конференција на проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2020-2021“ рече дека е исклучително задоволен и горд за позитивниот епилог од случајот со Сашо Мијалков. – Попусто би говореле за реформи и законски измени, доколку го вртиме грбот на она што се случува на терен. Иако не се под директна надлежност на Министерството за правда, силно сум засегнат од последните случувања изминативе денови кои ја разбрануваа јавноста и за момент ја поткопаа довербата во институциите. Морам да истакнам дека сум исклучително задоволен и горд што настанот…
Според податоците од лабораторијата во болницата „Филип Втори“, во 70 отсто од случаите се работи за британскиот сој од корона вирусот, кај новозаболените, кажа министерот Венко Филипче, при денешната посета на поликлиниката „Букурешт“, каде беше доставена донација од „Стопанска банка“. – Навистина има зголемување на бројот на заболени. Во моментот траат испитувањата на примероците во МАНУ, но во „Филип Втори“ велат дека се работи за британскиот сој во 70 отсто од случаите – рече министерот Филипче. Според него, зголемен е бројот на заболени, но не ги загрозуваат болничките капацитети ни во Прилеп, ни во Кавадрци, ни во Охрид. Во Скопје…
По седум години реконструкција и потрошени 9 милиони евра, Албанскиот театар во Скопје ќе биде отворен напролет. Одговарајќи зошто Албанскиот театар сè уште не започнал со работа, министерката за култура, Ирена Стефоска рече дека единствената причина е пандемијата, објави Алсат-М. Зградата требаше да се пушти во употреба во 2018 година, во време на мандатот на Асаф Адеми како министер за култура, но тоа не се случи. Лани покривот почна да капе. За реконструкцијата на зградата има и процес од страна на истражните органи,а со случајот се занимаваше и поранешното СЈО. Зградата почна да се реновира во јануари 2014, и тогашниот…
Од вчера е започната постапката за набавка на 100 000 дози од руската вакцина, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. На вчерашната затворена владина седница, тој е овластен да потпише договор, по истиот принцип како и со сите останати. -Од вчера попладне веќе интензивно разговараме, и преку претставниците во руската амбадада ќе се обидеме да дојдеме до поконретни информации кога би пристигнале вакцините тука, изјави денеска Филипче. Во однос на кинеската вакцина која беше најавувана дека ќе пристигне во земјава до крајот на овој месец, а тоа е до крајот на оваа недела, Филиипче рече дека се уште се…
Продолжуваат разговорите за изнаоѓање заедничко решение, но ултиматуми не се прифатливи, дециден е министерот за економија Крешник Бектеши во врска со протестите на угостителите, организаторите на свадби и музичарите. Според Бектеши, овие сектори беа вклучени во речиси сите досегашни економски мерки, а нивното клучно барање се однесува на измената на протоколите кои ги донесува Комисијата за заразни болести чии, пак, одлуки Владата ги почитува. Бектеши во емисијата „Уметноста на финансиите“ на Телевизија Клан, потенцира дека главната цел на сите економски мерки е да се зачуваат работните места, особено тие во приватниот сектор, но истовремено и да се помогнат компаниите во…
Бесими – Вархеји: Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан ќе овозможи побрз економски раст
Планот за опоравување од кризата предизвикана од Ковид-19 и забрзан економски раст, Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан и планот за Заеднички регионален пазар, а чија реализација ќе го трансформира регионот, што ќе води кон посовремени, позелени и подигитални економии како и подобра поврзаност со единствениот пазар на ЕУ, беа тема на дискусија на средбата во Брисел помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји. – Водејќи се од Економско-инвестицискиот план на ЕУ, ја ревидиравме единствената листа на проекти воспоставувајќи приоритети меѓу клучните инфраструктурни проекти, коишто се важни за развојот на државата, истакна министерот Бесими и притоа…
Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Екатерина Захариева вчера се сретнаа во Софија, каде разговараа за акцискиот план за меѓусебна соработка и можноста за неговата финализација, во функција на договарање на втората меѓувладина конференција меѓу владите на двете земји. По средбата, од Софија стигна порака дека Бугарија ја поддржува европската интеграција на земјава, со исполнување на соодветни услови. Министерството за надворешни работи соопшти дека на средбата Османи – Захариева биле разгледани актуелностите поврзани со кризата од Ковид-19 и начините на кои двете земји остваруваат соработка во справувањето со овие предизивици, при што шефицата на бугарската…