Author: Нова ТВ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска, на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“. Првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4 680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ. Преговорите за донација од 8.000 вакцини од Србија почнаа на средината на јануари. Со вакцините на „Фајзер“ кај нас почна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници. Следни за вакцинација се ризичните групи граѓани над 70 години. Последните податоци покажуваат дека…

Read More

Советот на Скопје вчера ја усвои листата на регистарот на имињата на улиците во главниот град, објави доцна синоќа на Фејсбук градоначалникот Петре Шилегов. – Заврши седницата на Советот на Град Скопје. Усвоена листата на регистарот на имиња на улиците во Скопје. „Мексичка“, „Ленинова“, „Железничка“… се враќаат во нашето Скопје, напиша Шилегов. Како што и претходно најавија градските власти, неколку улици во Скопје ќе добијат нови имиња, односно ќе ги вратат старите. Шилегов неодамна изјави дека процесот е започнат уште во 2019 година и оти биле вклучени размислувањата на граѓаните, за разлика од порано кога насилно беа преименувани улици и…

Read More

Платформата за родова еднаквост, мрежа од здруженија кои работат на унапредување на родовата еднаквост и организаторки на протестите за случајот „Јавна соба“ денеска ќе одржат прес-конференција пред Јавното обвинителство на тема „Што прави ОЈО?“. – Бидејќи сѐ уште чекаме надлежните институции да преземат конкретни мерки за санкционирање на сите сторители во случајот „Јавна соба“, на прес-конференцијата ќе упатиме конкретни барања до Јавното обвинителство со рок за исполнување. Сметаме на вашето присуство, со цел да ни помогнете во заложбите за ефикасна заштита на жртвите од родово засновано насилство, се наведува во најавата на прес-конференцијата. Платформата за родова еднаквост на 3 февруари…

Read More

Компромиси за правдата нема и нема да има. Ако си грешел – ќе одговараш, објави премиерот Зоран Заев вечерва на Фејсбук. – Од земја којашто беше режим, успеавме за три години како систем да ги финишираме процесите да дојдат до изречување пресуди и казни. Системот е поспремен и тој реагира, напиша Заев на фејсбук.

Read More

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел денеска изјави дека Европската унија вложува многу пари во Западен Балкан и оти не е фер да се каже дека ЕУ само се преправа дека ги сака земјите од регионот во својот состав. – Сакаме да им помогнеме на земјите од Западен Балкан да ни се доближат, да влезат во системот на ЕУ. Не е точно дека само се преправаме оти сакаме земјите од Западен Балкан да влезат во ЕУ. Тие земји имаат иднина во ЕУ, но тие земји мора да ги завршат своите домашни задачи: да ги исполнат стандардите кои важат за сите членки, рече Борел гостувајќи на онлајн конференцијата на Американскиот атлантски сојуз. Тој…

Read More

Обвинителката Вилма Русковска вечерва изјави дека ќе се размисли дали да се бара затворски притвор за Сашо Мијалков , но напомена дека олеснителна околност било што тој сам се пријавил. -Тој прати порака преку други луѓе дека сака да се пријави, но само во ОЈО. Се консултирав со јавниот обвинител дали сепак да се пријави во полиција. Тој рече дека може да се пријави и кај нас. Мене колку што ми е познато од разговор со претседателот на Судот во претпладневните часови, самиот претседател замоли жалбата да биде повлечена, зашто решението до тогаш не беше спроведено. Да не се губи…

Read More

Премиерот Зоран Заев објави вечерва дека појавувањето на Сашо Мијалков не е случајно и дека тоа е резултат на коордираните акции на институциите. Тој потврди дека Мијалков избегал, но кога се соочил со последиците се вратил самиот бидејќи немал друг избор. – Правдата е обезбедена и ќе ја има се повеќе и почесто. Во изминатите 40 часа институциите на владата предводени од мене спроведоа акција со со сите мерки. Акцијата ја предводев јас. Сашо немаше друг избор и го направи она што е неизбежно, да се пријави во обвинителството. -Никако не треба да се смета за олеснителна околност ни за…

Read More

Врз основа на добиенитe сознанија и преземениte дејства на Обвинителството, обвинетиот Сашо Мијалков, попладнево се јави во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција каде што му е врачено решението за домашен притвор, изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за МИА. Тој додаде дека по врачување на решението за домашен притвор, обвинетиот ќе биде спроведен на извршување на мерката

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски , откако во Обвинителството предмалку се појави екс директорот на УБК Сашо Мијалков, повторно побара оставка на Владата.  Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков денеска  се пријави во Обвинителство за да си го земе решението за притвор. -Еве доаѓам во обвинителство откако дознав, вчера бев на жалост навистина болен со преку 40 температура и кога утрово дознав за ова што се случува решив да дојдам и да се јавам. Бев во изолација бидејќи имав симптоми на ковид 19.Се извинувам на целата македонска јавност на сега пак јавно ќе повторам јас никогаш нема да побегнам,…

Read More

Целосната ангажираност и опсежност во потражните дејствија на МВР и другите институции и преземање на низа активности даде резултати. Денеска истакнав дека Мијалков е во земјава и дека очекувам успех за неколку часови, изјави за МИА министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по појавувањето на Сашо Мијалков пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал. Спасовски, претходно денеска на прес-конференција, изјави дека според сите досегашни проценки и анализи екс директорот на УБК, Сашо Мијалков се уште е во државата. – Според сите наши анализи и проценки сметаме дека сеуште е во државата и дека не ја напуштил Република Северна Македонија. Дејствијата…

Read More

Владата ја прифати согласноста на Комисијата за заразни болести по барањето на група општински и меѓуопштински превозници да се зголеми дозволениот број патници од 50 на 75 отсто во превозните средства. Оваа одлука е донесена на денешната редовна 47. седница. Ограничувањето на бројот на патници е воведено поради ковид пандемијата. 

Read More

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил нашиша дека Сашо Мијалков се пријавил во Обвинителството. После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех: Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор! Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто! Следува и моја изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана, напиша Заев.

Read More