Author: Нова ТВ
На денешната редовна владина седница се очекува да биде усвоена инфорацијата за петтиот пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните поради ковид пандемијата. Финалниот предлог на петиот пакет мерки викендот беше презентиран пред претставници на коморите, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог и билатералните комори во државава. Премиерот Зоран Заев вчера истакна дека се прават последните консултации и по усвојувањето на мерките од Владата ќе се стартува со подготовка на формално-правните аспекти за нивна реализација. -Петиот пакет мерки го работевме и викендот, со министерот за финансии, потпретседателот за економски прашања, со другите економски ресори постојано во комуникација и…
Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација денес изјави дека модуларната болница ќе се користи само како вакцинален пункт. „Направени се приоритетни листи на колеги. Планот е да се почнеме со вакцинација на колегите од Инфективната клиника, потоа колегите од 8-септември, па здравствените работници од Клиничките болници и потоа со повикување на сите колеги од цела Македонија“, вели Грозданова за емисијата „Студио 10“. Според неа, на почетокот ќе се вакцинираат 300-400 луѓе дневно. „Фајзеровата вакцина е поспецифична затоа што стои на минус 70 степени, а потоа се раствора и аплицира“, посочува Грозданова. Таа соопшти дека според анкетата спроведена во декември,…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на негово барање, оствари видео средба со Аугусто Сантос Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ, на која покрај билатералните односи, тема на разговор беше и европското досие на Република Северна Македонија. Како што соопшти МНР, фокусот бил ставен на можностите во рамките на португалското претседателство да се заокружи одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите со земјава од март минатата година. Министерот Османи, се посочува, ја поздрави одлучноста и континуираниот ангажман на португалското претседателство со Советот на Европската унија за европската агенда на Република Северна Македонија…
Премиерот Зоран Заев попладнево ги прими претставниците на Сојузот на средношколци во насока на продолжување на разговорите и изнаоѓање решение за нивните барања за модифицирање на државната матура. На средбата, на која присуствуваа и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска, директорот на Бирото за развој на образованието Зеќирија Хасипи, Ѓорги Тасев, советник на Премиерот за млади и младински политики и пратениците Моника Зајкова и Дарко Каевски било посочено дека претходно договореното решение во однос на државната матура, за полагање на два екстерни предмети останува. Преговорите, како што посочуваат од владината прес-служба, продолжуваат во работни групи во делот на изнаоѓање…
Министерот за правда Бојан Маричиќ не забранил да се користи името „Македонија“ во називите на приватни субјекти. Во овие овие неколку месеци додека е на позицијата министер за правда потпишал повеќе решенија за трговски друштва да го користат истото, секако согласно Уставот и законите. Во одговор за НОВА ТВ, од министерството информираат дека само во месец јануари оваа година, такви одобренија, кои според постоечкиот Закон го издава Министерството за правда, добиле компаниите „Фохит Македонија ДООЕЛ Скопје“ и „ФОТОМАКЕДОНИЈА СГ ДООЕЛ“. Според списокот на регистрирани компании истата пракса била и во текот на минатата година. 16.11.2020 Р Е Ш Е Н…
За локалните избори ќе нема финансиска пречка, а во Буџетот има средства за која било фаза во процесот како што е предвидено во Законот, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими, одговарајќи на новинарско прашање за барањето од Државната изборна комисија за дополнителни средства за набавка на терминали за отпечатоци од прст за локалните избори. Министерот Бесими денеска изјави дека одговорил на писмото од ДИК дека, како што рече, можат да ги спроведат сите постапки, доколку ценат дека можат да стасаат во временскиот рок и дека тоа е изводливо согласно со протоколите да се реализира во текот на оваа година. –…
Германската амбасадорка во земава, Анке Холштајн, изјави денеска во Скопје дека се надева дека ќе успеат напорите за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, како и дека тоа е повеќе од заслужено. „Почнувањето на пристапните преговори меѓу ЕУ и Северна Македонија, во секторот на проширувањето, беше една од најважни цели во претседавањето на Германија. Остануваме и понатаму на прашањето. Остануваат разговорите кои се водат на високо ниво помеѓу германската Влада и сите вклучени страни. Работиме секако тесно со португалското претседателство. Ги охрабруваме Северна Македонија и Бугарија во иднина заеднички да работат на широко позитивно поставување на агенда, која…
„Последните докази за скандалот „кражба“ потврдија дека Антонијо Милошоски не се воздржувал од криминални дејствија дури ни кога студирал и живеел во Германија. Ова е целосно разобличување на карактерот на еден политичар кој со децении вирее на политичката сцена и директно наштетува на националните интереси на државата и угледот на законодавниот дом“, изјави денес пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски на прес-конференција. Според него, „наместо да излезе пред граѓаните, да се извини, Милошоски влезе во нови лаги“. „Недозволиво е ваков однос на пратеник кон граѓаните, кон Собранието, кон државата. Антонијо Милошоски треба да се извини и да поднесе оставка,…
Во набавката на вакцини нема политика, па така нема политика и во евентуалната набавка на руската вакцина Спутник V, изјави министерот за здравство, Венко Филипче за ТВ 24. Напредното истражување во клиничките студии на „Фајзер“, што го истакна и при примопредавање на српската донација на 4.680 дози на граничниот премин „Табановце“ викендот, Филипче го повтори и денеска како причина зошто се решиле за преговори со американскиот производител. Додека фајзеровиот производ бил во, речиси, завршна фаза, руската вакцина била во трета. – Во вакцинацијата нема политика. Тоа е исклучиво прашање што ги прави правилата во делот на завршување на студиите и…
„Ги почитувам определбите на сите во државата и исто така ги ценам и коментарите, но сите во еден глас треба да бидеме за почитување на законите и за заштита на Охридското Езеро и охридското крајбрежје“, истакна денес премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со изјавите на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој рече дека барањата на УНЕСКО се неприфатливи и граѓаните треба да ги легализираат бесправно изградените објекти. „ Ќе превагнеме кон мегаломанско градење или кон планот за заштита според УНЕСКО и отстранување на сè што е во заштитена зона. Тоа е барање на граѓаните, кои скоро 100% се…
„Немам кажано дека Вучиќ е националист. Секој пат сум ги почитувал политиките на сите соседи и партнери на државите“, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање. Тој потенцира дека српскиот народ покажа големо пријателство, како и претседателот Вучиќ, премиерката Брнабиќ и министерот Лончар. „Јас сум благодарен за ова, а политиките на пријателство биле израз на оваа влада и така ќе продолжи. Пријатели ни се наоѓаат кога ни требаат“, истакна премиерот.
Грант во висина од 2,4 милиони евра наменет за енергетска транзиција од традиционалните кон обновливите извори на енергија доби денеска Северна Македонија од Германија. Средствата ќе ги користи „Електростопанство на Македонија“ (ЕСМ), а ќе бидат наменети за финансирање на изработката на физибилити студиите и студиите за влијанието врз животната средина за фотоволтаичните електрани во кругот на РЕК „Битола“, рехабилитацијата на шест големи хидроелектрани, ветерниот парк Миравци, модернизацијата и надградбата на комлексот на подржруницата „Енергетика“ во Скопје, како и за соларната топлификација од РЕК „Битола“ до општините Битола, Новаци и Могила. Договорот беше потпишан во Владата од страна на генералниот директор…