Author: Нова ТВ

Реализацијата на капиталите расходи во првиот квартал е подобра во однос на тој период лани. Во првите три месеци имаме вкупна реализација од 19,5 отсто, што е за 51,5 отсто повеќе од тој период лани, оцени министерот за финансии Фатмир Бесими кој рече дека веќе се применува и новиот Механизам наречен КАПЕФ за реализација на капиталните инвестиции и дека кај оние буџетски корисници кај кои не е реализиран предвидениот минимум од 15 отсто се резервирани предвидените средства. -Од јануари до април вкупната реализација на капиталните расходи е 19,5 отсто, но ако се спореди со тој период од минатата година тие…

Read More

Со 8,3 милиони долари, УСАИД ќе помогне да се зајакне економската конкурентност, да се намали корупцијата и да се зголеми младинското учество во општествените текови во земјава. За таа цел, денеска во Скопје беше потпишан Договор за грант за партнерство за развој меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија. Договорот беше потпишан од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими и претставникот на Канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски. Двете страни се обврзуваат заеднички да соработуваат за остварување на овие три клучни цели, а водечката улога ќе ја има Владата.  Според министерот Бесими, потпишувањето на денешниот договор е потврда за…

Read More

Преговорите на Северна Македонија и Албанија за членство во Европската Унија треба да започнат што поскоро, за да се зачува кредибилитетот на процесот на проширувањето и да се обесхрабрат идеите за промена на границите на Балканот, што би значело дестабилизација на овој дел од Европа, оценија министерката за одбрана Радмила Шекеринска и потсекретарот за европски на италијанската Влада, Винченцо Амендола на нивната средба во Рим. – Ветото на Бугарија го нарушува кредибилитетот на процесот на проширувањето на Европската Унија. Избледувањето на европската перспектива за земјите од регионот ги охрабрува идеите за прекројување на границите и го вклучува алармот. Ние ги делиме европските…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“ се вакцинираше против коронавирусот. Тој изјави дека бил имунизиран со кинеската вакцина на „Синофарм“. Ги повика граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот, и истакна дека вакцините се безбедни. „Ја примив вакцината на Синофамр. Ќе ја продолжам мојата дневна агенда попладне. Ги повикувам сите да се пријават на сајтот „вакцинација.мк“. Вакцините се безбедни. Колку побрзо заврши процесот на имунизација, толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател. Нема никаков проблем при имунизација на населението“, истакна Заев. Инаку, досега во Македонија се вакцинирани 74,076, а заинтересирани граѓани за вакцинација…

Read More

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Грција во земјава, Русос Кундурос, со кого разговараа за актуелни теми поврзани со економијата, економската соработка помеѓу двете држави и активностите на Република Северна Македонија поврзани со интеграцијата во ЕУ. Вицепремиерот Битиќи, како што соопшти неговиот кабинет, посочи дека економската соработка помеѓу двете земји е на традиционално високо ниво, пришто Грција е четврти трговски партнер на Северна Македонија, како и дека соработката има потенцијал и понатаму да се развива, што е во взаемен интерес на двете земји. Амбасадорот Кундурос, како…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се обрати на продолжувањето на Обуката за превод и толкување, организирана од Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, која треба да помогне за надминување на предизвиците со кои се соочуваат преведувачите во секојдневната работа и решавање на унифициран начин, со изедначена административна терминологија. -Ова од причина што, покрај правото на употреба на јазикот, треба да се води сметка и за тоа што значи чување, промоција и развој на стандардниот, чист, коректен јазик што ќе биде пример и патоказ за сите оние што на овој или на оној начин допираат до пошироката јавност, имаат влијание врз растот…

Read More

Судењата на далечина или онлајн судењата за 60 отсто ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста, покажуваат анализите на Работната група за дигитализацијата при Министерството за правда. Дополнително, како што објави министерот за правда Бојан Маричиќ на својот фејсбук профил, на овој начин се намалуваат трошоците. – Само со 15 институции приклучени на системот за интероперабилност ќе се заштедат 15 милиони евра на годишно ниво, или 2,5 тона хартија, односно 3.000 дрва, напиша министерот Маричиќ.

Read More

Вакцинацијата против Ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, соопшти Министерството за здравство. На вакциналните пунктови во државата, како што се посочува, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 74076 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7963 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9123 граѓани. Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 92253 граѓани. Со последните бројки 25 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат…

Read More

Институтот за македонски јазик ја информираше Владата дека ги разбира реакциите на ромската заедница и дека зборовите со навредливо толкување ќе бидат отстранети од “Толковниот речник на македонскиот јазик“ По повод 5 мај – Ден на македонскиот јазик, Владата на Република Северна Македонија ја промовираше дигиталната платформа makedonski.gov.mk на која е поставен вкупниот фонд од преку 100.000 зборови од „Толковниот речник на македонскиот јазик“. „Толковниот речник на македонскиот јазик“ е научен труд и авторско дело на научниците македонисти и линнгвисти од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ коишто се единствено стручни за оваа област и имаа и имаат и…

Read More

Добро е што по девет месеци некомуницирање, се воспостави комуникација со институцијата претседател на Република Северна Македонија, што може да биде во насока на попродуктивен политички дијалог, вели претседателот на државата Стево Пендаровски. Тој во изјава за Дојче Веле, нагласува дека токму продуктивниот политички дијалог многу недостига во нашата земја. Изјавата на претседателот е дадена откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, информира дека на негово барање остварил телефонски разговор со шефот на државата, со кого договорил во утре да имаат средба на која ќе разговараат во врска со осудените за случајот  „27 април“ и за актуелните економски и политички…

Read More

Италија и Северна Македонија имаат одлична билатерална соработка базирана на заедничката цел: стабилен и просперитетен Балкан за силна Европа. Придонесот на македонската Армија во КФОР во Косово, под команда на италијански генерал, уште повеќе го засили сојузништвото меѓу двете земји и дава придонес кон безбедноста на евроатлантската област – се согласија денеска на средбата во Рим министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот италијански колега Лоренцо Гуерини. Доказ за зацврстувањето на односите во одбраната е обновата на Договорот за одбранбена соработка меѓу Северна Македонија и Италија, при што Договорот доби неограничена важност. Министерката Шекеринска истакна дека по членството во НАТО,…

Read More

Премиерот Зоран Заев ќе се вакцинира денеска, на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Како што соопшти владината прес-служба, по вакцинирањето се предвидени изјави за медиумите пред влезот на спортската сала.

Read More