Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
За летната сезона, Грција ќе дозволи влез на туристи кои се вакцинирани и со руската и со кинеската вакцина, потврди грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис говорејќи во интервју во рамките на конференцијата на „Фајненшл Тајмс“ и уште еднаш истакна дека земјата, за туристите ќе биде отворена од 15 мај, јави дописничката на МИА од Атина. Иако Европската Комисија има поинаков став за конкретните вакцините, Мицотакис сепак вели дека тие остануваат на нивната позиција да ги признаат и тоа пред сѐ се однесува на руската вакцина, поради тоа што очекуваат туристи од Русија. -Русија е важен пазар за нас. Од податоците што…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му испрати писмо на српскиот претседател Александар Вучиќ во кое му се заблагодарува за „продуктивната средба во Брисел на 26 април“ и во кое посочува дека особено се радува на соработката за големиот проект за модернизација на пругата Белград-Ниш-Прешево на границата на Србија со Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Фон дер Лајен посочи дека проектот е „огромен чекор напред и важна пресвртница во нашите идни односи“ и додаде дека е среќна што овој проект се наоѓа во Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, кој беше усвоен од страна…
Иако Бугарија е ја очекуваат предвремени парламентарни избори на 11 јули, властите во земјава сепак се надеваат дека може да се најде решение за разликите и со привремената Влада во Софија со што ќе се отвори пат за старт на преговорите за членство во ЕУ, но во исто време очекуваат и Унијата да упати порака дека европската перспектива е јасна, предвидлива и остварлива и дека е сериозна кога зборува за проширувањето. Премиерот Зоран Заев вчера порача дека очекува во техничката Влада на Бугарија да се најдат одговорни политичари со кои ќе можеме да седнеме и да изнајадеме решение. – Проблемот…
Следната недела дополнителни попуштања на рестрикциите ако продолжи стивнувањето на пандемијата, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче. Покрај скратувањето на полицискиот час и дозволата угостителски објекти да работат до 22:30 часот, до надлежните пристигнале барања за отворање на салите за вежбање и зголемување на бројот на деца во градинките, но, министерот Филипче информираше дека Комисијата за заразни болести смета дека е сè уште рано за тоа. – Има препорака за 14 -невен карантин за сите патници кои доаѓаат од Индија и од Бразил, заради тоа што таму се случува еден силен притисок и бран, треба да видиме дали тој сој…
Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје што ги изведува Општина Охрид, со што ги потврдува своите заложби за посветено исполнување на препораките на УНЕСКО и за имплементацијата на „Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион“, соопшти вечерва владината Прес-служба. Во соопштението се посочува дека Владата веќе обезбеди средства во износ од шест милиони денари за отстранување на бесправните објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, кои ја нарушуваат природната и културна автентичност на регионот. – Активностите за отстранување ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат…
Совршен систем не постои никаде во светот, ни во нашата држава. Ни денес не е совршено образованието и нема да биде во догледно време, но првиот чекор на подобрување мора да го направиме затоа што сите истражувања покажуваат дека нашите деца остануваат функционално неписмени. Согледани се сите проблеми и се оди чекор по чекор, истакна министерката за образование Мила Царовска во емисијата „10 минути“ на ТВ21. Таа нагласи дека во процесот на осовременување на образовниот систем мора да се вложува и да се инвестира. Царовска потенцираше дека целата дебата околу дигиталните учебници се пробува да се измести од нејзиниот колосек.…
Образованието е клучен столб во градењето на општество кое се темели на граѓанските вредности. Новата Концепција за основно образование која ќе се имплементира во следните 5-6 години за првпат ги поставува инклузивноста, родовата рамноправност и интеркултурноста како клучни принципи кои директно се поврзани со Националните стандарди за образование. На овој начин го јакнеме мултикултурализмот, почитувањето на различностите и создавањето на едно општество за сите, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на панел дискусијата на тема „Недискриминација и мултикултурализам во училиштата“ во организација на Цивил. Таа нагласи дека сите биле сведоци дека со години се објавуваа дискриминирачки…
Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Северна Македонија и со нетрпение очекуваме што поскоро да почнат преговорите за членство на земјата во ЕУ, наведе на неговиот твитер-профил министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод, по вчерашната средба со македонскиот колега Бујар Османи.
По повод Светскиот ден на акушерките сакам да се заблагодарам за придонесот и посветеноста за работата која ја извршувате и во текот на пандемијата. Вашата грижа за пациентите е од голема важност, а особено отежната при процесот на спроведување на протоколите за заштита од Ковид-19, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, посочува министерот, се лекуваат и породуваат трудници позитивни на вирусот под предвидените протоколи и знаеме дека работењето во вакви услови е специфично. -Благодарение на вас, врвната нега која неуморно ја давате во текот на пандемијата се одвива во континуитет во…
Толковниот речник на македонскиот јазик во шест тома од денеска е достапен онлајн и бесплатно за користење на интерактивната платформа makedonski.gov.mk, која денеска ја промовираше Владата по повод 5 Мај – Ден на македонскиот јазик. Авторите и редакцијата на Речникот ги подготвија печатените 4200 страници за електронското издание, откако по предлог на Советот за македонски јазик и на барање на Институтот за македонски јазик, Владата одлучи трајно да ги откупи материјалните права на составувачите на овој значаен лексикографски труд. Министетството за образование и наука ја операционализираше одлуката, а Министетството за култура го стави онлајн-изданието на Толковниот речник во националната програма за…
Потребно е да се упати јасна порака до граѓаните дека европската перспектива на државите од Западен Балкан е јасна, предвидлива и остварлива и дека ЕУ е сериозна кога зборува за проширувањето, порача денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров на средбато со европратеник Андреас Шидер, кој е копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на средбата беше изразена благодарност за континуираната и принципиелна поддршка на Европскиот парламент на политиката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, при што вицепремиерот Димитров се осврна на Резолуцијата на ЕП за Северна…
Tехничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата попладнево ја укина одлуката за задолжителен двонеделен карантин за сите лица кои од Северна Македонија и од Грција влегуваат во Албанија, јави дописничката на МИА од Тирана. – Освен укинувањето на задолжителниот карантин за лицата кои влегуваа во нашата земја од Македонија и од Грција, што беше воведен на 20 април, комитетот врз основа на барањето на Министерството за образование, млади и спорт дозволува отворање на универзитетите, но само за консултации и сезоната за испити, но со строга примена на протоколите и мерките за заштита, изјави Огерта Манастирлиу, министерка за здравство и…