Author: Нова ТВ
Прочистувањето на правосудството од 1 јануари следната година ќе се прави врз основа на извештај со увид во шест предмети за обвинителите и десет предмети за судиите, предвидува новата Методологијата за проверка на работата на правосудството во нашата земја. Ова заедно со новите правилници за оценување треба да обезбеди ефикасно судство и јавно обвинителство што ќе ја врати довербата во правната држава. Премиерот Зоран Заев, изрази очекување Судскиот совет и Советот на обвинители, на транспарентен и ефикасен начин да ги завршат сите овие проверки и прочистување во правосудството за да може да се среди правосудниот систем во државата. – Верувам…
Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, го праша вечерва премиерот Зоран Заев дали пробал со голема сума евра да купи пратеници од власта (не од СДСМ) и од опозицијата (не од ВМРО-ДПМНЕ). -Вака поставено прашање дали е вистина или шпекулација не е дозволено за никој, не пак за лидер. Секако дека комплетно негирам ваква инсиунација. Вака лидер не се станува, господине Апасиев. Ако имате доказ ќе го извадите пред јавноста. Ем ќе обвините, ем ке излажете, ем ќе поентирате од парламентарната говорница. Тоа е исто како сега јас да ве прашам дали е вистина или шпекулација дека јас и вие сме…
Расправата за амандманите за пописот заврши, a владејачкото мнозинство ги одби ги одби сите четириесетина амандмани од опозициските партии за предлог-законот за попис. Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека СДСМ и ДУИ со 8 гласа против го одбиле и амандманот за попис со отпечаток од прст за што партијата најмногу инсистираше. Одбиени се амандманите со кои се бара да се појаснат основните поими што се користат во законот како што се „вкупно население во државата“, „место на живеење“, „официјално место на живеење“. Не е прифатен ни амандманот од Алијанса и Алтернатива со кој бараа посебна пописна комисија наместо Државниот завод за статистика.…
Во одговор на пратеничко прашање премиерот Зоран Заев на денешната седница истакна дека со легализацијата и декриминализација на канабисот се отвора можност, секој граѓанин, за своја лична употреба да може да огледува одредена количина на канабис. „Нашиот став во однос на ова прашање е јасен. Ова нема да биде привилегија само на богатите да инвестираат или слично, целта е да се овозможи на секој граѓанин на пример од две до три стебла под контрола на агенцијата која што е предвидена во самиот закон за сопствена потреба да може да ги користи или пак може да ги делегира на компанија да…
Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Според него, денеска попладне постигнат е директен договор со компанијата, а количината ќе биде позната во текот на следните недели. „Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата“, истакна министерот.…
Зборувајќи за спорот со Бугарија, на денешната собраниска седница со пратенички прашања, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи покажа фотографии од нејзини роднини кои вели биле однесени во логори од страна на бугарскиот фашистички окупатер и убиени. „На оваа фотографија е целото мое потесно семејство, кое беше товарено во воз за Треблинка од бугарскиот фашистички окупатор. Преживеа само мојот дедо, чии наследник сум јас. Дали стоите на ставот дека Бугарија не била фашистички окупатор, оти мојата фамилија не е убиена со пенкало. Дека бугарските војски ги ослободувале Куманово, Крива Паланка и Скопје. На каков јазик зборувате во Собранието?“,праша Мизрахи. Откако претничката…
Стабилна е финансиската состојба во државата, а и земјата е солвентна и финансиски ликвидна. Подготвена е и натаму да развива мерки за граѓаните, посочи денес премиерот Зоран Заев на седницата посветена на пратенички прашања. Во рамки на одговорот на пратеничко прашање од опозицијата дека има дупка во буџетот од околу една милијарда и 600 милиони евра, Заев истакна дека наплатата на трите основни даноци е поголема и оти редовно се сервисираат сите обврски од Буџетот, кој е во добра кондиција. Презентирајќи ги податоците од Управата за јавни приходи заклучно со 29 декември, премиерот информира дека наплатата на ДДВ изнесува 6…
Би сакале да слушнеме – погрешивме, но тоа да не биде иронично. Да отвориме дијалог, но не да го фингираме. Да бидеме единствени по вредностите, но ставовите често да ни се разликуваат. Тоа го посакуваме за новата 2021 година, но најпрвин, секако, добро здравје и живот без какви било маски.
Претставки по однос на разрешувања на судии препраќаме во Судскиот совет, министерството нема надлежност да ја контролира засебно работата на секој судија, вели министерот Маричиќ
Нема цена што Владата нема да може да ја плати за вакцината против ковид-19, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче кој верува дека има можност и пред март одредена количина на вакцини да пристигне во земјава. Одговарајќи на новинарски прашање во Шуто Оризари, Филипче рече дека засега имунизацијата останува еден од најсериозните инструменти за сузбивање на вирусот и оти сите вакцини се апсолутно безбедни. Тој истакна дека освен со Бугарија, Грција и Полска, се преговара и со Австрија, а паралелно со тоа течат и разговорите со производителите на вакцини. И преку Ковакс системот се очекуваат вакцини. – Која вакцина…
Во рамки на прес конференцијата, државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, посочи дека покрај досегашните, значително се менуваат протоколите за оценка на јавните обвинители, од кои пред се се бара одговорност. „Овие прашања се од суштествено значење за ЈО, за да се постигне мерливост на работата на јавните обвинители. Целта на ова е да се засили нивната одговорност. Во правилникот за оценување на работата на јавните обвинители се доработени основите за оценување. При проверка на работата, ќе се ценат, стручност, ажурност, ефикасност, непристрасност, стручно усовршување, како и организациски способности. Оценувањето се врши на секои 4 години. Но, тие ќе се оценуваат…
Во рамки на денешната прес конференција, министерот за правда, Бојан Маричиќ посочи каде во правосудството С Македонија бележи напредок, но ги посочи и недостатоците наведени во извештајот од европската комисија. „Врвен приоритет е враќањето на довербата во правната држава. Довербата може да се врати преку ефикасно судство. Јас сум задоволен што во извештајот европската комисија ја поздравува реформата во правосудството. Во извшетајот сепак, се наведува дека коруцпијата и високиот криминал, да бидат заокружени во правосилни пресуди. Во фокусот треба да се продолжи со инклузивност, имплементација на правен ситем. Исто така, потребна ни е цврста посветеност за заштита на судскиот систем.…