Author: Нова ТВ
Двете страни имаат право и обврска да ги застапуваат сопствените позиции, да ги заштитат своите национални интереси и да ги оправдаат политиките, но имаат обврска и да се грижат за пријателството, како и да ја гарантираат европската иднина на регионот. Ние сакаме решение и добро е тоа да се постигне до 17 ноември. Веруваме дека претстојните денови заедно со Бугарија, која е наш голем пријател, максимално ќе ги искористиме, порачаа вчера премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во врска со последните случувања на релација Скопје – Софија. Се огласи и Бугарската академија на науките (БАН) според…
„Очекувам следната година, откако ќе се намали бројката на заразени од Ковид 19, дека ќе успееме да го држиме буџетот во добра динамика. Имаме реални предуслови да го очекуваме тоа. Ако направиме споредба со годинава, година во која речиси целосно сме окупирани со корона вирусот, а имаме солидна наплата на даноци, тогаш навистина е реално буџетот за 2021 година да биде одржлив и развоен.“- коментираше директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма. Таа низ проекција на бројките заклучи дека оваа одина, и покрај пандемијата, воопшто не завршува лошо за УЈП, но и за државата. „Можам…
Стефан Синадиновски, член на ИК на УМС на ВМРО – ДПМНЕ, претседател на УМС Аеродром, а по фотографиите и близок човек на лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски, денеска беше снимен како поставува плакат од министерот за здравство, Венко Филипче, во кој е портретиран како озогласениот косач, симбол на смртта. Овие „акции“ доаѓаат во време кога Македонија брои рекорден број на жртви од коронавирусот, а неговата партијата секојдневно бара оставка од Филипче. Сметаат дека токму актуелната власт е виновна за ваквата состојба во здравството, а дел од јавноста коментира дека оваа е уште еден дефокус од нивната вина за не…
Верувам дека во иднина ќе се створи амбиент, лично поддржувам и легализација заради тоа што преку таа мерка ќе можеме да ги унапредиме услужните дејности коишто многу малку учествуваат во нашиот БДП
Искуството во преговорите со Грција ме научи дека, на Балканот, кога се работи за вакви прашања, вистинско решение може да постои само ако двете страни од преговорите излезат како победници
Владата синоќа во рамки на 19-тата седница го утврди Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2021 година, кои ќе бидат доставени во Собранието, соопшти владината прес-служба. -Вкупно, 17, 2 милиони евра, средства кои се дел од третиот пакет мерки, наменети за опоравување на домашната економија за време на здравствено-економската криза ќе ги добијат 400 компании, со цел амортизирање на ударот врз домашните погодени бизниси преку стимулирање на приватната потрошувачка со фокус на домашната понуда, директна финансиска поддршка и поддршка за ликвидноста на приватниот сектор и работните места, соопшти владината прес-служба.
Досегашниот директор на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Деспотовски заминува на нова позиција. Владата го именуваше за в.д. директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони. На негово место во ФИТР доаѓа потпретседателот на СДСМ, Коста Петров. Ова се дел од кадровските решенија донесени на синоќешната седница на Владата. Меѓу другите, се и препорака до Управниот одбор на „Македонија пат“ да го избере Самка Ибраимовски за в.д. заменик-директор. Ибраимовски, кој е претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), во претходниот мандат на владата на СДСМ кратко беше министер без ресор, а потоа стана пратеник. Смени има…
Бугарија побарала од Македонија да потпише анекс или протокол во кој Софија добива гаранции дека Скопје ќе го почитува Договорот за добрососедство потпишан во 2017 година и нема да се обиде да го заобиколи. Некои од темите во него треба да бидат за проблемите на јазикот, идентитетот и историјата, рехабилитацијата на репресираните. Ова за бугарската телевизија Нова ТВ го изјави вицепремиерот и лидер на ВМРО Красимир Каракачанов, објави бугарскиот весник „Дневник“. Вчера, Каракачанов учествуваше во разговори со македонска владина делегација што пристигна Вчера во Софија се одржа самитот на Берлинскиот процес со копретседателство на двајцата премиери, Бојко Борисов и Зоран…
Гости на Борјан Јовановски се Постариот соработник на Атлантскиот совет Димитар Бечев, истражувачот на софискиот универзитет Стефан Дечев, Константин Павлов од новата политичка партија Да, Бугарија и аналитичарот Љупчо Петковски. Дебата погледнете ја во видеото
Музички уметници, македонски естрадни, ја поддржуваат кампањата НосамМаска. Влатко Стефановски, Никола Перевски, Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Ружица Милошеска Брчиоска преку видео порака порачуваат дека носењето маска значи наскоро отварање на концертни сали, дружење со фановите, но и лична грижа, и одговорност за здравјето на другите. -Секој еден од нас има одговорност за грижа за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на своите најблиски. Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичко растојание, како и честото миење на рацете, во моментов се единствените мерки кои може да го спречат ширењето на коронавирусот- наведуваат од Министерството за здравство. И премиерот Заев…
Едвај 1% од Македонците ги сметаат Бугарите за пријателски народ, а 80% од Бугарите посакуваат бугарската влада да стави вето на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Прашањето околу македонско-бугарските односи полека преминува од ниво на конфликт меѓу елитите на ниво на конфликт меѓу два народа. Политичките аналитичари сметаат дека моменталната ситуација ја доведува во прашање и европската перспективата на Балканот.
Според информациите од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ станува збор за земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот кој се случил во 4 часот и 54 минути бил почувствуван на цела територија на Македонија Епицентарот се наоѓал 50 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри. Според досегашните податоци земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со V степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со IV степени, а во Битола, Прилеп и околината со III степени според истата скала.