Author: Нова ТВ

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, Дирекцијата за култура и уметност по трет пат годинава, ќе ја реализира мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ која ќе се одржи под покровителство на Град Скопје, а со поддршка од Канцеларијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Годинашната програма, како што соопштија организаторите, во малку поразлични услови од претходните, ќе започне денеска во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ со мултимедијален омаж за хроничарот на Скопје Данило Коцевски. Одломки од богатото творештво на Данило Коцевски ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Васко Марковски, Владимир Лукаш и Владимир Мартиновски. – Данило Коцевски има…

Read More

Здравствениот дом Скопје е прва здравствена организација што ќе почне со изработка на брзите тестови. Овие се квалитетни тестови од фирмата Abbott кои даваат 99,6 отсто точност на резултатот, соопшти вечерва д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести. Според него веќе од наредната недела, од понеделник, граѓаните ќе можат преку дадениот телефонски број во медиумите да закажуваат и да направат брзи тестови. – Како тестови постапката се одвива 15 до 20 минути и ќе биде потребно време околу половина час во почетокот, меѓутоа како екипите ќе се уходуваат тој временски период ќе…

Read More

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец и продуцент Данчо Чеврески почина синоќа во Скопје на 69 годишна возраст. Чеврески е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес. Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТИРАНГЛ, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот. Глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, меѓу кои „Игмански марш“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е…

Read More

Неколку новинарски имиња по формирањето на новата влада ја напуштија професијата и преминаа во портпаролските води. Кети Гетева, новинарка и уредничка од Алфа ТВ, од денеска е ангажирана во Министерството за здравство, како одговорна на Секторот за односи со јавноста, но таа нема да дава изјави за медиумите. Кети Гетева од денеска е одговорна на Секторот за односи со јавноста во Министерството за здравство.„Јас ќе бидам одговорна на овој Сектор, но останува праксата министерот, директорите на клиниките, на центрите за јавно здравје и останатите здравствени установи да ги даваат изјавите за медиумите“, изјави Гетева за „360 степени“. За нејзиниот ангажман,…

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-390, Куманово-22, Штип-28, Прилеп-55, Тетово-48, Струга-9, Велес-53, Битола-31, Охрид-18, Кавадарци-24, Гостивар-18, Гевгелија-12, Струмица-27, Крива Паланка-10, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-25, Пробиштип-12, Демир Хисар-4, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-6, Виница-9, Делчево-5, Кратово-6, Свети Николе-6, Кичево-17, Ресен-3, Неготино-8. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 223 оздравени пациенти од: Скопје-75, Куманово-9, Штип-10, Прилеп-16, Тетово-27, Велес-6, Битола-13, Кавадарци-6, Гостивар-5, Гевгелија-14, Струмица-14, Радовиш-6, Кочани-7, Демир Хисар-2, Берово -3, Пехчево-1, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-1 и Неготино-1. Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (35,…

Read More

Откако вчера, Марјан Забрчанец, Националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, објави на Фејсбук дека е позитивен на Ковид-19, извесен Јордан Груев со експлицитен говор на омраза кон Забрчанец на својот Твитер профил: „Забрчанец позитивен на коронавирус. Добра вест за СДС. Уште еден Северџанец со корона. Ќе се помолиме да цркне“, стои во твитот на Јордан Груев. Од она што може да се забележи од неговиот Твитер профил, тој живее во Мелбурн, Австралија, бил иницијатор на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во 1989 година. Говорот на омраза е она што Јордан Груев го повторува во своите твитови. Само…

Read More

Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, вчера по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на ова признание за 2020 година. Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2020 година се: Од областа на публицистиката 1.ТОНИ ДИМКОВ – новинар, уредник на „Културен печат“ -за професионална посветеност и публикување на настаните од уметничкиот и културниот живот во Скопје Од областа на образованието и воспитанието 1.СЕРВЕТЕ ФИДА – учителка по албански јазик -за долгогодишна успешна работа во воспитно образовната дејност Од областа на културата 1.ЉУБОМИР ЧАДИКОВСКИ – поранешен директор на НУ Театар за деца и младинци-Скопје…

Read More

Нашата позиција е јасна, ние не отстапуваме од идентитетот и јазикот, безрезервно ќе ги браниме, рече претседателот на државата Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање во врска со написот на Политико дека предложен е „бугарски компромис“ кој предвидува официјална Софија да го признае македонскиот идентитет и македонски јазик, како еден од официјалните во земјата, а за возврат Скопје да признае дека идентитетот и јазикот имаат бугарски темели. И претседателот Пендаровски и премиерот Зоран Заев велат дека нема да има отстапка од идентитетот и јазикот, но не сакаа да го коментираат овој предлог, бидејќи како што рекоа, вакво нешто до нив нема стигнато.…

Read More

Претседателот Стево Пандаровски, по состанокот на Советот за безбедност, се обрати пред јавноста, апелирајќи да се почитуваат сите мерки за заштита од корона вирусот, зошто ситуацијата, како што рече, е исклучително сериозна. -Ситуацијата е исклучително сериозна, човечките и материјалните ресурси се искористени речиси до максимум. Во отсуство на вакцина или лек нема друга алтернатива, туку почитување на мерките, носење на заштитна маска, намалени дружби. Направето го тоа за себе и за своите најмили, порача претседателот Пендаровски. Тој истакна дека сите корисни предлози во справување со Ковид-19 ќе бидат прифатени. -Посебно сакам да нагласам дека ниту во Владата, ниту во Министерството…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника, потврдуваат од МВР. -Министерот од вчера е на инфективната клиника поради висока температура. Неговата состојба сега е стабилна, велат од МВР.

Read More

Коалицијата на „патриотите“ и голем дел од бугарското население живеат во романтичарско-патриотските митови од 19-от век, а тие митови не секогаш одговараат на фактите и на модерната перспектива, смета професорот по Историја на модерната култура на Универзитетот во Софија и директор на универзитетскиот Културен центар, Александар Ќосев. Според него, партиите во бугарската Влада од коалицијата Обединети патриоти, предводена од ВМРО на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, сосема свесно ги зголемуваа националистичките тензии, во пресрет на редовните парламентрани избори во Бугарија, што треба да се одржат следната пролет. Тие едноставно сакаат да си го подигнат предизборниот рејтинг, но нема да…

Read More

Евроамбасадорот Дејвид Гир, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Петре Шилегов, денеска официјално ќе го означат почетокот на повикот за предлог-проекти „ЕУ за општините“ вреден 5 милиони евра, кој има за цел да ги зајакне единиците на локалната самоуправа преку три приоритети на ЕУ: солидарност, соработка и „зелен„ пристап. – Повикот за предлог-проекти „ЕУ за општините“ има за цел да ги приближи основните принципи на ЕУ за локална самоуправа и супсидијарност до Северна Македонија. Ова ќе се реализира со општините на ЕУ преку споделување на искуство и знаење со македонските…

Read More