Author: Нова ТВ

Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, кој содржи амандмани од комисиската расправа, од денеска е на пленарна седница. Според предложениот дневен ред е прва точка на закажаната за денеска 20.седница. Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари и тие се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, имајќи предвид дека со претходниот ребаланс  беа проектирани на реално ниво, односно пониски за 11,5 отсто во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Вкупните расходи, пак,…

Read More

Висок дипломат на Европската унија за „Политико“ изјавил дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел наводно бил постигнат некаков компромис за да почне првата меѓувладина конференција меѓу Унијата и Македонија. И дека Бугарија се согласила на тој „компромис“. Што има во договорот? Според „Политико“ вака наводно изгледа постигнатиот  компромис: „Бугарија ќе го признае македонскиот како еден од официјалните јазици и ќе го признае македонскиот идентитет. За возврат, Северна Македонија ќе треба да ја признае ‘историската вистина’, како што е дефинирана од Софија и да признае дека има бугарски темели врз кои е создаден каков било македонски идентитет…

Read More

Германија повторно потенцира дека цел на германското претседателство со ЕУ е одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на годинава и оти тоа е во интерес на сите вклучени страни. Бугарија пак, нема да ги промени позициите од Меморандумот донесен во нивниот Парламент и смета оти Преговарачката рамка, во формата во која е сега, не е прифатлива за Софија. За македонската страна, Договорот за добрососедство со Бугарија е рамката за решавање на сите недоразбирања меѓу двете земји, оти тој документ е наша најголема заштита од неразумни натамошни барања и притисоци. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера рече дека…

Read More

Денешната статистика за КОВИД-19 нѐ загрижува и нѐ допира сите.. Тие бројки се личности, наши сограѓани, пријатели и роднини. Неминовна е потребата од поголема заштита од коронавирусот и спречување на негово ширење. Затоа ми е драго што вечерва Собранието на Република Северна Македонија ги изгласа новите мерки предложени од Владата, со кои маската на отворено станува задолжителна, порача премиерот Зоран Заев, откако мнозинството успеа да го донесе новиот закон за заразни болести, кој беше оспоруван од опозициската ДПМНЕ. Денешната статистика за КОВИД-19 нѐ загрижува и нѐ допира сите. Тие бројки се личности, наши сограѓани, пријатели и роднини. Неминовна е потребата…

Read More

Собранието вечерва со 53 гласа ЗА, ниту еден против и 26 воздржани ги усвои измените на Законот за заштита од заразни болести. Според измените на Законот, задолжително е носењето маска на отворено, задолжителна е самоизолацијата на оние кои чекаат тест за коронавирус и се забранува групирање на јавен простор (паркови, јавни површини или било која површина на отворено) во одредени периоди од деноноќието. Носењето на маска на отворено нема да важи: при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично); при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам…

Read More

„Крајно е важно и легитимно, а дали е можно зависи од парламентот и мзените во законите. Во моментов активно се работи на драфтирање на Законот за парнична пострапка, потоа наредната година ќе се отвори Законот за кривична постапка. Ние не бегаме од ваквите закони кои се носат со дво третинско мнозинство. Треба да се разговара за овие прашања, ако тоа значи зајакнување на објективноста, транспаретноста и ефикасноста на судството. Имавме ситуации во минатото кога Судскиот совет имаше онлајн активности, судот во Кавадарци имаше онлајн судење. Не велам дека можеме одма, но можеме сепак нешто да направиме во тој правец“ -изјави…

Read More

Договорот за пријателство меѓу Бугарија и Северна Македонија ги има сите гаранции да се применува во добра волја и од двете страни. Нам целта не ни е да ја блокираме, туку напротив, во изминатите 30 години сме ѝ помагале на Република Северна Македонија, изјави во интервју за БГНЕС шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева. „Договорот е од 2017 година и има гаранции да се спроведува во добра волја. За жал, нашата оценка е дека тоа не е така. И покрај многу шпекулации во медиумите, особено во Република Северна Македонија – ниту сме барале промена на Уставот, ниту имаме нови барања,…

Read More

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во последните 24 часа се потврдени 870 новозаразени со Ковид-19, односно, регистрирани се 422 случаи во Скопје, 64 во Тетово, 55 во Струмица, 38 во Велес, 29 во Битола, по 28 во Куманово и Прилеп, 26 во Охрид, 25 во Штип, 23 во Гостивар, 20 во Кичево, по 13 во Гевгелија и Кочани, по десет во Дебар, Струга и Радовиш, девет во Кавадарци, осум во Неготино, седум во Ресен и шест во Делчево. Потоа, пет во Крива Паланка, по четири во Пробиштип и Свети Николе, по три случаи се регистрирани во Берово и…

Read More

„Малку е невообичаено да слушаме дека една партија (ВМРО ДПМНЕ) ќе го бојкотира пописот. Пописот се перцепира како да се избори. Ние се обидуваме со предлог законот, овој, и секој нареден попис, да не бидат тешки политички прашања. Предложениот закон е, дека конечно после 20 години мораме да направиме попис. Три месеци преговаравме, и тогаш ВМРО ДПМНЕ предложи да се вратиме на Државна пописна комисија, онаа која во 2011-та го пропадна започнатиот попис. Затоа пописот не може да биде политичко прашање.“ – изјави Бојан Маричиќ, министер за правда, на телевизија 24. Тој откри дека ВМРО ДПМНЕ имале низа забелешки, но…

Read More

„Не можам да го коментирам случајот, се уште сме во првата фаза и затоа е рано, течат рокови, правиме анализи и пред да истече рокот ќе излеземе со став. Ова е комплексен случај, има многу аспекти, ни треба сеопфатна анализа, но очекувам да имаме соодветен одговор од наша страна. -Владата има рок да се изјасни дали ќе се оди на некаква спогодба и ќе повторам дека се уште немаме став, за нас е важно да се почитува принципот на владеење на правото. Можам само да гарантирам дека ќе ги почитуваме роковите и ќе дадеме свое видување.“- коментираше министерот за правда,…

Read More

Љубе Бошкоски го повика на ТВ дуел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако вчера од партијата обвинија дека и Бошкоски е дел од советниците на премиерот Зоран Заев, за странски инвестиции, но без резултати. -Христијан Мицкоски, деновиве слушам декa криејќи се зад други луѓе си ме прозвал на прес. Ти одговарам подоцна, бидејќи синоќа во Загреб имав состанок со потенцијални инвеститори за обновливи извори на енергија, а денес сум вo Грaц нa сoстaнoк со можни инвеститори во градежништвото и инфраструктурата.Сето го правам на сопствен трошок, бидејќи платата е недоволна за едно патување во странство, но тоа секако не ме спречува…

Read More

Министерството за образование и наука информира дека го повлече учебникот Македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. – Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма, соопшти МОН, додавајќи дека продолжува со силни реформски процеси во образованието и со обезбедување квалитетни и современи материјали за учениците и наставниците. МОН информира дека е во тек подготовка на целосно нов Закон за учебници со кој ќе се надминат недостатоците во овој сегмент од образованието.

Read More