Author: Нова ТВ
Градоначалникот на Кавадарци и екс потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, го откажа протестот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи беше предупреден од . Протестот требаше да се одржи пред седиштето на ВМРО-ДПМН за актуелниот лидер на партијата Христијан Мицкоски да поднесе оставка. Јанчев вели дека ваква одлука е донесена утрово, по консултации со Министерството за здравство и со Комисијата за заразни болести. – Оценето е дека во ова време на пандемија, голема е опасноста од вакви собири, а за истиот што беше планиран за во понеделник веќе имаше интерес од над 3.000 луѓе. Затоа решивме, протестот да го одржиме на еден…
Да ги расчистиме сите дилеми – нема нов договор, нема нов анекс на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски. Одговарајќи на новинарско прашање во однос на македонскиот јазик, Арсовски појасни дека тој е точно заведен токму во овој Договор и додаде оти таму не постојат дилеми. -Во однос на историјата, тоа е работа на Комисијата за историски прашања која според она што го гледаме деновиве ја интензивира работата, рече владиниот портарол
Хелсиншкиот комитет го поздравува усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и бара брз и транспарентен избор на нова, независна, стручна и професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација. За таа цел, апелираат Собранието на Република Северна Македонија после стапувањето на законот во сила, во најкус можен рок да објави јавен оглас за избор на членовите на Комисијата. Со 69 гласови за, еден воздржан и без ниту еден глас против, Собранието на Република Северна Македонија го изгласа вчера Законот за спречување и заштита од дискриминација кој првично беше донесен во мај 2019 година, но заради неисполнет собраниски…
Со ребаланост на Буџетот, Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид-19. Средствата ќе бидат наменети за вработените во Ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава, соопшти Министерството за здравство. Овие 54 милиони, како што се посочува, се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот „Ремдесивир“, за набавка на вакцини, за тестови за Ковид-19 и за потребите на јавните здравствени установи. Предлогот за ребалансот е во собраниска процедура…
Митко Јанчев, претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, повикува на мирен протест на 02.11.2020 година ( понеделник ) во 12 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (Белата палата). Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицкоски, пишува Јанчев на неговиот ФБ профил. Пред неколку дена, Јанчев најави дека планира да се кандидира за претседател на партијата, но откако ќе поминат локалните избори (догодина во октомври) на кои планира да побара уште еден мандат за градоначалник од кавадарчани. Уште еден услов за тој да се кандидира за претседател на партијата е лидерот да го бира членството, а не како…
Американскиот милијардер Мајкл Блумберг одлучи да вложи дополнителни 15 милиони долари во промоција на претседателскиот кандидат на демократите Џозеф Бајден во сојузните држави Охајо и Тексас. Блумберг, кој е поранешен градоначалник на Њујорк, веќе вложил 100 милиони долари од своето богатство, со цел да му помогне на Бајден на изборите на 3 ноември во сојузната држава Флорида да го победи актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп. Со реклами во Тексас и Охајо, за кои Блумберг издвојува финансиски средства, демократите ќе го критикуваат управувањето на Трамп со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Во Охајо ќе има и реклами кои ќе…
Собраниската Комисија за здравство денеска треба да го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, во второ читање, откако вчера на пленарна седница беше усвоена потребата од негово донесување. Во образложението на предложените измени и дополнувања стои дека Законот за заштита на населението од заразни болести ги уредува мерките за спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на заразните болести и на инфекциите, правата и обвските на здравствените установи, правните и физичките лица, како и надзорот над спроведувањето на мерките, со цел на заштита на…
Државата оди напред! Едно општество за сите, и во добро, и во криза, секогаш, а од сега и уредено со нов Закон за спречување и заштита од дискриминација кој гарантира еднаквост за сите, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-провил по повод донесувањето на Законот. Социјалдемократите, прогресивните сили во државата и граѓанското општество, додава Заев, се изборија за долгоочекуваниот Закон за спречување и заштита од дискриминација. Припадниците на маргинализираните заедници, вклучувајќи ја и ЛГБТИК заедницата се еднакви пред законот како и сите останати граѓани. Со стапувањето на сила, секој граѓанин ќе знае дека е безбеден во својата држава и дека…
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-353, Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравени пациенти од: Скопје-281, Куманово-18, Дебар-12, Штип-6, Прилеп-9, Тетово-31, Струга-4, Велес-9, Битола-15, Охрид-8, Кавадарци-9, Гостивар-11, Гевгелија-10, Струмица-14, Крива Паланка-12, Радовиш-3, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-2, Берово-9, Валандово-2, Виница-6, Делчево-31, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-7, Неготино-2.
Со 70 гласа за и ниту еден против во Собранието беше изгласан Законот за заштита од дискриминација. Овој закон е дел од регулативата која ја бара ЕУ. Ова му е трето гласање на законот, откако по првото гласање тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов одби да го потпише. Кога Стево Пендаровски стапи на фунција, законот беше повторно изгласан и тој го потпиша, но Уставниот суд го поништи, бидејќи не бил изгласан со доволен број гласови. Законот обезбедува принцип на еднаквост во заштитата од дискриминација и во остварување на човековите права и слободи. Преку овој Закон земјата се доближува до меѓународните стандарди усвоени…
На денешната седница, на предлог на Комисија за именување, Владата донесе одлука Бајрам Реџепи да го избере за член на Одборот на директори на Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост. Со одлука на Владата Фарук Омери денеска е разрешен од должноста в.д. директор на Управата за јавни приходи, а со друга одлука Сања Лукаревска е именувана за в.д. директор на Управа за јавни приходи. Владата денеска му предложи на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој да ја именува Моника Јованова за претседател на Управниот одбор на Фондот. На оваа…
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ги презентираше резултатите од првиот Јавен повик за иновациски ваучери, со кои се поддржуваат 34 научно истражувачки проекти. Проектите се наменети за развој на нови производи и услуги, со повисока додадена вредност, а на нив ќе соработуваат домашни компании и високо образовните институции од државата. Инаку, ова е прв ваков инструмент во Македонија, а целта е ангажирање на сите капацитети на државата во креирање на забрзан економски раст. Како што беше речено денеска на Машинскиот факултет каде беа презентирани резултатите од Јавниот повик, до надлежната Комисија во ФИТР пристигнале вкупно 71 проект…