Author: Нова ТВ
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, одржаа состанок во Владата со менаџментот на реномираната германска компанија „Лидл”. На состанокот се дискутираше за новата инвестицијата на трговскиот ланец „Лидл” во нашата земја, за што компанијата веќе е регистрирана во Северна Македонија. Премиерот Заев истакна дека новите инвестиции се од голема важност за земјава, во насока на зголемување на понудата, нови вработувања, како и подобрување на севкупната економија. Тој ги поздрави позитивните практики препознатливи за „Лидл” во поглед на пазарот на труд, обучување…
Оставка за мене не е опција тоа е дезертирање. Во наредните шест месеци има многу работа која треба да се сработи за да се отстранат слабостите. Доколку Владата побара од мене одговорност јас ќе ја профатам, истакна директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов Според него Комисијата на Центарот за управување со кризи работи на расветлување на случајот кој ја потресе целата јавност и укажа на слабостите на целиот систем за справување со кризи. – Ги бараме пропустите, бараме одговорност, но крајната цел е истите да ги отстраниме за да не ни се повторат во иднина. Доколку се…
Сите граѓани, кои примија вакцина „Астра Зенека“ во Србија, ќе можат да се ревакцинираат во земјава, по пристигнувањето на дополнителна количина од ова вакцина преку Ковакс механизмот, што според најавите се очекува да се случи до крајот на овој месец, но сепак во однос на вакцинирањето на помладите граѓани ќе се почека официјалниот став на Европската агенција за лекови. Ова го изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Геронтолошкиот завод „13 Ноември” во Ѓорче Петров, напоменувајќи дека официјален став за „Астра Зенека“ се уште нема, а попладнево во 16 се очекува прес-конференција на ЕМА. -И вчера во…
Пет лекари од „Систина“, двајца од „Ремедика“ и еден од „Жан Митрев“ ќе помагаат во лекувањето на пациенти кои се хоспитализирани низ ковид-центрите во Скопје. Ова било договорорено на состанокот на министерот за здравство Венко Филипче со медицинските директори на трите приватни клиники. Филипче вели дека разговарале и за намалување на цената на лекување во приватните клиники, но тоа го прифатил само Жан Митрев, додека пак од Систина рекле дека немаат економска логика да го направат тоа. „Втората тема на разговорот беа цените и иако апелирав тоа да се направи, бидејќи е криза, пандемија кое е специфично прашање насекаде во…
За денеска во 15.00 часот Центарот за управување со кризи најави прес-конференција пред нивните простории. На прес-конференцијата ќе бидат споделени информации за досега преземените дејства на ЦУК.
Во пресрет на утрешниот Светски ден на Ромите 8-ми април и одбележувањето на јубилеј 50 години од првиот Ромски конгрес од 1971 година, денеска на претставниците на ромската заедница им честитаа и се обратија претседателот на Владата Зоран Заев, првиот заменик-претседател и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, и пратеничката Љатифа Шиковска. Премиерот Заев истакна дека со денешниот настан се одбележуваат големи јубилеи и годишнини, запишани со златни букви во историјата на Ромскиот народ од целиот свет: 50 години од одржувањето на Светскиот конгрес на Ромите; 31 година од прогласувањето на 8 април за Светски ден…
Државниот завод за ревизија нотираше слабости во работењето на Уставниот суд. Според забелешките Уставен работел без програма за работа и внатрешна контрола, без сметководствена евиденција за набавка и издавање на материјали и заобиколување на Законот за јавни набавки, се вели во извештајот на ревизорите. Според податоците утврдени од ревизијата на работењето на судот уставните судии решиле само 60 отсто од предметите а четириесет проценти од нив останале нерешни. Ревизорите во извештајот за работата на судот, посочува дека во деловникот нема рокови за конечно одлучување и завршување на постапките. Ревизијата бара јасни критериуми за следење и оценување на ефикасноста во работењето…
Точно се знае за што Владата ангажира физички лица надвор од редот на вработените, нема тајни ниту анонимни хонорарци, ниту тајно ангажирани државни и административни службеници, истакна денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа. -Податоците за кој временски период и со колкав финансиски надомест тие се ангажмани се строго професионални и се реализираат во целост. Тоа се специфични ангажмани кои не може да се реализираат од редот на вработените и за нив не може да се отвори редовен работен однос. За таа цел се ангажирани привремено, рече Хоџа во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата. Нагласи дека досега имињата…
Поради пандемијата од ковид 19 првичниот договор за јавно – приватно партнерство пропадна, но Владата не се откажува од итниот хеликоптерски тим за пребарување и спасување и веднаш по завршувањето на здравствената криза повторно ќе биде распишан јавен оглас, изјави на прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа. – Договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за формирање на современа модерна организациска платформа како ефикасен носител на хеликоптерски итен медицински систем во Република Северна Македонија и хеликоптерски услуги за пребарување и спасување е раскинат со одлука на 26-та седница на Владата. Спроведувањето на договорот, којшто налагаше обврски од двете страни – државата…
Трошоци за живот растат, а живеењето во земјава станува поскапо. Во март годинава во споредба со изтиот месец минатата година граѓаните на основ трошоци за живот издвоиле за 2,1 отсто повеќе средства од домашниот буџет. Кај цените на мало на годишно ниво се бележи поскапување од 2,6 отсто, се вели во најновите податоци базирани на пресметките на Државниот завод за статистика. Пораст на трошоците на животот во март 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 3.5 отсто, свежото и разладеното овошје за 2.1 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук…
По кратко боледување, денеска во Скопје, на 60-годишна возраст, почина Марко Зврлевски, поранешен Јавен обвинител на Република Македонија, соопшти јавното обвинителство. Неофицијално, Зврлевски починал поради компликации со коронавирусот. Зврлевски беше роден на 04.12.1960 година во Дебар. Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломираше на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работното искуство го започна при Македонската академија на науките и уметностите (1988-1989), по што кратко време работеше како новинар во Македонската радио телевизија. Од приправник по правна струка во тогашното Општинско јавно обвинителство во Скопје (1989-1991), преку стручен соработник (1991-1998), адвокат од областа…
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, побарал од Обвинителството да ги испита сите активности за јавните настапи на опозицијата за неодамнешната акција во која беа уапсени фалсификатори на патни исправи. „Ако нудите документи и докази, а тоа не го правите во Јавното обвинителство, се отвораат многу дилеми за кои треба да се даде одговор. Ако имаме предвид дека еден од уапсените е во тесна врска и секојдневни контакти со лидерот на опозицијата, тогаш се отвора сериозна дилема зошто тоа е направено…Дел од документите кои ги има ВМРО-ДПМНЕ се од институцијата МВР“, изјави Спасовски во Утрински брифинг. Тој вели истрагата била…