Author: Нова ТВ

Епидемиологот доктор Драган Даниловски , во својата Фејсбук објава објаснува како пандемијата ни покажа колку страшно сме си го арчеле животот и колку сме биле преокупирани со бесконечни битки за богатство, статус, моќ. -Се наоѓаме во фаза спроти епилогот на пандемијава, голгота подолга од година дена, на која едвај ѝ се наѕира крајот – барем кај нас. Луѓето се очајни, одделени од своите најблиски во болниците или во изолација дома. Во моменти на егзистенцијална опасност, ние инстинктивно посакуваме да бидеме до семејството и пријателите – но сега, секој физички контакт – секој израз на љубезност и сочувство – може да…

Read More

Откако Алијансата за Албанците и Алтернатива блокираат сѐ можно во Собранието и го запреа узвојувањето на законодавството, денеска интервенираа САД преку амбасадорката Кејт Брнз која побара од нив да бидат контруктивна опозиција. Амбасадата преку соопштение на својата Фејсбук страница објави дека „амбасадорката Брнз зборуваше денеска со лидерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива, Зијадин села и Африм Гаши, за да ја нагласи потребата за конструктивна и ангажирана опозиција. Амбасадорката Брнз ги охрабри двајцата лидери да работат заеднички со другите за решавање на итните предизвици со кои се соочува земјата“. Ова е отворен и јавен притисок на Америка врз албанската опозиција…

Read More

На денешните средби во Загреб вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, доби целосна поддрпка за македонскиот пат кон Европската унија. Димитров се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и со министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ-Радман и при тоа се зборувало  очекувањата и изгледите за придвижување на пристапниот процес за Македонија, како и за домашните реформи и билатералната соработка. Димитров претходно беше во посети на Германија и Словенија. „Токму овде во Загреб, пред две декади ја парафиравме Спогодбата за стабилизација и асоцијација со која започна нашиот евроинтегративен пат. Пријателска Хрватска била и останува еден од нашите најголеми поддржувачи во процесот…

Read More

Најодговорно тврдам дека ниту еден министер, вклучително и министерот за здравство кој е здравствен работник, нема примено вакцина. Сите сме пријавени на апликацијата за вакцина и го чекаме нашиот ред, согласно планот за масовна вакцинација на населението, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашање по пристигнувањето на нови вакцини од Србија. Во однос на тоа зошто не се објавуваат јавно лицата кои досега примиле вакцина, Заев рече дека, тие немаат проблем со тоа, доколку самиот систем може да ги  заштити личните права на граѓаните. –  Не смееме да дозволиме заради какви било лажни вести, кои се присутни насекаде, да…

Read More

Со партнерства меѓу централната и локалната власт, како и со меѓународните партнери можеме да постигнеме одлични резултати изјави министерката за образование и наука Мила Царовска во Битола. На промотивен настан во Студентскиот дом „Кочо Рацин“, министерката Царовска посочи дека лица со попреченост кои студираат на битолскиот Универзитет од денес ќе имаат подобри услови за сместување и студирање. -Со партнерства меѓу централната и локалната власт, како и со меѓународните партнери можеме да постигнеме одлични резултати што се од интерес на сите што студираат во Битола и ги користат можностите на студентскиот дом кој од денес е пристапен за лицата со попреченост.…

Read More

Минималната плата сè уште не е достоинствена и кога економските услови ќе бидат добри ќе работиме да ја зголемиме и до 18.000 денари, но сега не е моментот. Само пред три години минималната плата беше 8.500 денари во одредени сектори, а 9.000 во сите сектори. Денеска е 15.194 денари и тоа покажува дали имаме политичка волја да ја зголемиме или не, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. -Претендирам минималната плата да биде повисока од 60 отсто од просечната, но кога економијата ќе биде доволно продуктивна и ефикасна за да креира раст кој може тоа да си го дозволи.…

Read More

Премиерот Зоран Заев изрази уверување дека Парламентот денеска или утре ќе ги донесе измените и дополнувањата на Законот за попис за негово одлагање за септември, а бидејќи самата операција е почната согласно постојниот Закон со подготвителна фаза за теренски активности, сите материјали кои евентуално ќе бидат изработени од денеска, ќе бидат земени предвид. – Нема потреба од никакаква одговорност, затоа што со донесувањето на самиот закон сите материјали кои што се денеска изработени ќе бидат земени предвид. Јасно беше дека првите денови се подготвителни за излегување на терен на самите попишувачи, така што верувам дека нема да има потреба од…

Read More

Премиерот Заев соопшти дека од Р.Србија денеска пристигна првата пратка од два пати по 20 илјади вакцини од Руската Спутник В за да може започнатата имунизација да не прекине додека не пристигнат вакцините кои нашата држава ги има нарачано и ги очекува. -Голема благодарност до претседателот Вучиќ и премиерката Брнабиќ за овој чин на солидарнот – рече премиерот Заев.

Read More

По повод пристигнувањето на нова пратка на вакцини против Ковид-19, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска во 13 часот ќе одржат прес-конференција. Прес-конференцијата ќе се одржи пред Институтот за трансфузиона медицина, кој е во составот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Новата пратка вакцини доаѓа откако во неделата во земјава преку Ковакс механзимот пристигнаа 24.000 вакцини од „АстраЗенека“ произведени во Јужна Кореја, како и втората пратка од руската вакцина „Спутник В“, наменета за ревакцинација на 3.000 здравствени работници. Според најавите, до крајот на април преку Ковакс механизмот во земјава треба да пристигнат уште 76.000 вакцини…

Read More

Една од клучните одлики на нашата економија е одржувањето ниска и стабилна инфлација веќе подолг период наназад, при што, во просек, инфлацијата во последните години изнесува околу 1%. Остварувањата минатата година и во првите два месеци од оваа година речиси во целост се во согласност со проекциите на Народната банка. Слично на очекувањата за движењата на цените во ЕУ – инфлацијата во македонската економија останува умерена. И најновите податоци и очекувања го потврдуваат одржувањето на ценовната стабилност.  Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во емисијата „Економски магазин“ на телевизијата Алсат-М.  Осврнувајќи се на движењата на цените, гувернерка…

Read More

Министерот за правда Бојан Маричиќ очекува Собранието денеска да ја започне седницата за одложување на пописот, кој, како што вели, се уште не е почнат. Но, потенцираше дека одлуката кога ќе има седница на Собранието ќе ја донесе претседателот Талат Џафери. Маричиќ е дециден дека иако денеска официјално требаше да почне пописот, никој не го крши законот. -Никој не го крши законот. По стандардите на Еуростат, пописот би требало да трае околу 15 дена. Битно е согласно постоечкиот закон кога е крајната точка. Може да почне и со неколку дена одложување. Знаеме дека идејата е пописот да биде одложенза септември.…

Read More

Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021 до завршувањето на постапката во Собранието, Државниот завод за статистика информира дека нема да ги отпочне пописните активности на терен. – Со оглед дека е предвидено Пописот да трае 21 ден, односно до 21 април, Државниот завод за статистика смета дека има доволно време сите предвидени пописни активности да се завршат на време. Во периодот додека се чека разрешница во Собранието на РСМ, Заводот уште еднаш ќе направи проверка на сите организациско-технички активности на терен за да биде уште повеќе сигурен дека сè е подготвено за евентуално започнување со теренското…

Read More