Author: Нова ТВ

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски денеска изјави дека реализацијата на локалните избори, како што беше најавено вчера, ќе биде со терминалите за вчитување на отисок од прст, и оти тие ќе направат се да се спроведе тоа. -Ние ќе ги направиме сите услови да го спроведеме ова. Времето е кратко, но сметам дека со оглед на сите околности што се случија ќе успееме во спроведувањето на таа обврска, изјави Даштевски, кој кажа дека и тие се во очекување на одлуките на Собранието. ДИК на денешната седница информираше дека деновиве е направено најновото ажурирање на Избирачкиот список, а…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче, на утринската координација со директорите на ковид центрите и претседателот на Комисијата за зразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во државата, болничките капацитети, состојбата на болните, информираат од Министерството за здравство. -Болничките капацитети за прием на ковид пацинети за разлика од ноември се зголемени за 50%, а зголемена е и потребата од хоспитализација на пациенти што бара сериозен пристап и координација која успешно се менаџира. Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на ковид болни, информираат од министерството. Оттаму додаваат дека на…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција повтори дека акцијата во Арачиново и Грчец е истрага целосно водена од Обвинителството за организиран криминал и корупција и потенцира дека немало ваква акција после 30 години, во која се уапсени 22 лица за недозволена трговија и шверц со дрога и оружје. Спасовски очекува дека Обвинителството ќе најде начин доколку има каков било пропуст да ги најде виновниците и тие да си сносат одговорност за тоа. – Ако ги погледнеме резултатите јануари-март 2020 година и јануари – март 2021 година, тоа се два периоди во кои раководат двајца различни министри со…

Read More

Договорот за соработка со Француската агенција за развој, значи дополнителна поддршка во достигнувањето на европските стандарди во нашата земја и истовремено претставува силен сигнал за зајакнување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Франција. Ова, како што соопшти владината прес служба, го истакна премиерот Зоран Заев изразувајќи задоволство за од неодамна потпишаниот договор на средбата денеска со делегација на Француската агенција за развој предводена од регионалниот директор за Западен Балкан Доминик Отберг, придружуван од амбасадорот на Република Франција во нашата земја Сирил Бомгартнер. На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори…

Read More

По објавената вест на ТВ21 дека Доктор Владимир Чадиковски, специјалистот по детска хирургија, e еден од можните кандидати за градоначалник кој би бил поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, тој ги демантира таквите сознанија од страна на телевизијата преку објава на својот твитер-профил и вели дека политички ангажман не е во неговиот домен на интереси. „Толку го сакам својот град што не би сакал да го води човек како мене,кој е стручен за друго. Мојот живот е медицината и моја професионална мисија е да помагам на што повеќе болни деца. И ништо надвор од тоа. Политичкиот ангажмани никогаш не биле домен на мој…

Read More

Албанската опозиција ќе направи сѐ да не се одложи пописот, како што вчера се договорија Зоран Заев и Христијан Мицкоски во консултација со нивните коалициски партнери и претседателот на државата. Двајцата лидери на коалицијата, Зијадин Села и Африм Гаши, на денешната прес-конференција изјавија дека ќе ги искористат сите политички механизми што им стоеле на располагање за да не се донесе законот за одложување на пописот. „Ние како коалиција стоиме цврсто на ставот дека пописот не може и не треба да се одложува. Имаше препораки од ОН да не се спроведува попис во време на пандемија, но Владата не слушаше и…

Read More

д почетокот на следната недела ќе се вакцинираат вработени во критичната државна инфраструктура и за нив ќе бидат одвоени 4 000 вакцини од првичните 24 000 на „Астра Зенека“ кои пристигнаа викендов преку механизмот Ковакс. Ваква одлука денеска донела Националната техничка група за имунизација, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Ова, како што објаснуваат здравствените власти, ги опфаќа: вработените во МВР и Армијата, новинари, вработени во судовите и обвинителствата, возачите на автобусите на ЈСП, пожарникарите, воспитувачките во градинките и вработените на патарините. Секоја институција, како на пример МВР или Армијата, треба да достави списоци на вработени кои се приоритетни согласно ризикот.…

Read More

Директорот на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Зоран Перишиќ, денеска изјави дека состојбата на 73-годишниот пулмолог Анѓелко Ѓорчев од Скопје, кому му се слоши во салата „Чаир“ во Ниш по примената вакцина против ковид-19, е непроменета и тој сè уште е во кома. Меѓутоа, неговата состојба, вели докторот, не е последица на вакцината. -Анализите покажаа дека неговата состојба не е последица на примената вакцина, изјави Перишиќ за агенцијата Бета. Како што рече, лекарите исто така ги елиминирале срцевите проблеми како причина за несвесната состојба бидејќи била извршена коронарна ангиографија и била проверена состојбата на четирите бајпаси што ги имал пациентот…

Read More

Министерството за надворешни работи на Бугарија на свој начин ја оправда протестната нота на Македонија околу скандалозното видео на европратеникот од партијата ВМРО, Ангел Џамбаски, во кое тој тврди дека целата македонска држава е бугарска. „МНР на Бугарија и самото смета дека предизбоното видео на Џамбаски е неумесно. Пораките изразени на видеото не го изразуваат официјалниот став на бугарската влада. Бугарија нема територијални претензии кон другите земји и тоа е многу пати изјавувано“, се вели во официјалното соопштение на министерството. Но во ова соопштение Софија му посветува малку повеќе внимание на извештајот на институтот ИФИМЕС од Љубљана и забележува на…

Read More

Доследна, бескомпромисна и неселективна борба против корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност е еден од врвните владини приоритети. Таа е заеднички двигател на реформските процеси на повеќе институции, меѓу кои и Министерството за внатрешни работи, а резултатите на таа борба претставуваат резултати на нашата држава во целост! И, конечно, тоа не е борба од денес за утре, со ад хок решенија и резултати, туку цел сет на политики, мерки и активности кои во континутет ги преземаме за да обезбедиме трајни вредности на ова поле за нашата држава. Ова го нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната заедничка прес-конференција…

Read More

Добивме уште еден охрабрувачки извештај од ГРЕКО, за исполнување на препораките од петтиот круг на евалуација, на тема превенција од корупција и промовирање интегритет на централната власт. Од вкупно 23 препораки Северна Македонија целосно или делумно имплементирала 13 препораки, останатите преостанува да се имплементираат до наредниот извештај, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ. Ова, посочи Маричиќ е втор последователен охрабрувачки извештај од ГРЕКО – телото на Советот на Европа кое се занимава со мониторинг на антикорупциските стандарди во државите членки, што, нагласи тој, говори за континуитетот на владините антикорупциски политики. – Европското тело ја оцени како целосно имплементирана препораката…

Read More

Доктор Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија, e еден од можните кандидати за градоначалник кој би бил поддржан од ВМРО-ДПМНЕ е токму Чадиковски, објавува ТВ21. Според информациите Чадиковски имал добар рејтинг според последните анкети направени од неколку агенции. Дополнително, Чадиковски би поминал добро и меѓу албанските гласачи, а според изборите доколку ВМРО-ДПМНЕ успее да договори коалиција со Алијанса за Албанците и Алтернатива за локални избори, во тој случај Чадиковски би бил следниот градоначалник на Скопје, покажуваат анкетите. Инаку, од СДСМ и ДУИ веќе неколку пати изјавуваат дека можен е заеднички нивен настап за локалните избри.

Read More