Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетската дејност и вршење на производство на топлинска енергија на компанијата БЕГ производство, соопшти претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски. Тој додаде дека за одлуката на РКЕ ќе биде запозната и Владата која со соработката со Министерството за економија е должна да организира тендер, односно јавен повик за избор на нов вршител за вршење на енергетска дејност – производство на топлинска енергија. „Сите овие рокови за организирање на јавниот повик очекувам да бидат кратки во наредниот период, со цел да завршат навремено и да се избере нов…
Поранешниот портпарол на Министерството за внатрешни работи (МВР), Иво Котевски е назначен за нов директор на компанијата „Хотел Гранд М“ во чија сопственост е хотелот „Мериот“. Тој доаѓа на местото на Дарко Дракуловски. Котевски за НоваТВ ја потврди информацијата. Хотелот „Мериот“ е дел од имотот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, кој беше замрзнат од Обвинителството за организиран криминал и корупција пред два месеца во судскиот процес „Империја“. Компанијата на чие чело е назначен Котевски е во партнерска сопственост на фирмите „Дивелоп Груп“ и „Бест Веј инвестмент“. Котевски беше помошник-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи…
Прес-конференција на Регулаторната комисија за енергетика.
Нацрт-протоколот со Скопје е испратен до Комисијата за надворешни работи во Собранието, информираат од прес-центарот на Народното собрание за дописникот на МИА од Софија. Засега нема информации дали е предвидена собраниска седница на Комисијата за надворешна политика на бугарскиот Парламент.
Распуштање на Националното собрание, Долниот дом на францускиот парламент, засега не е тема, изјави портпаролката на француската влада, Оливија Грегоар за радиото „Франс Интер“, откако претседателот Емануел Макрон го загуби апсолутното мнозинство во парламентот. „Елизабет Борн е реизбрана (за пратеник), тоа не беше доведено во прашање. Ќе видиме во наредните часови. Ова не е тема во моментот“, одговори Грегоар на прашањето дали Елизабет Борн може да остане премиер. Елизабет Борн вчера најави дека нејзината влада в понеделник ќе почне со работа за да дојде до потенцијалните партнери и да го собере мнозинството зад себе, обезбедувајќи стабилност во втората по големина…
Словенечката влада денеска ќе поднесе предлог за забрзување на процесот на проширување на Европската Унија (ЕУ) кон Западен Балкан, во контекст на кандидатскиот статус за Украина и Молдавија, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова утрово го потврди новата министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон. Таа изјави дека Словенија го поддржува кандидатскиот статус за Украина и Молдавија, но дека не смее да се заборави Западниот Балкан во тој процес за политиката на проширување на ЕУ да остане кредибилна. Во документот што го поднесе Љубљана до другите 26 земји членки се бара отпочнување на преговорите со Северна Македонија и…
Почна пробниот трансфер на гас од Грција кон Бугарија преку интерконекторот Комотини – Стара Загора, на Твитер соопшти амбасадорот на Азербејџан во Бугарија, Хусеин Хусеинов. Според Хусеинов, пробното количество на азербејџански природен гас се очекува да биде испорачано до крајот на јуни, а испораката на договорените количества ќе почне редовно од 1 јули. Азербејџанскиот амбасадор во Бугарија најави дека интерконекторот е заеднички проект и се развива на територијата на двете земји. По него ќе се добива целиот обем на азербејџански гас, но возможно ќе биде и испораката со течен гас од САД, Катар, Египет и Израел. Капацитетот е три милијарди…
Петнаесетгодишен тинејџер загина, а неколку лица се повредени, меѓу кои и полицаец, во престрелка што се случи денеска во Вашингтон. „Инцидентот се случи во близина на местото на оддржување на концертот „Џунтент“ (Juneteenth), на фестивалот Моачела“, пишува „First Post“. Шерифот Роберт Џеј Конти изјави дека пукањето се случило околу 18 часот. „Во близина на местото на фестивалот имаше камион со луѓе кои пуштаа музика. Луѓето почнаа да се собираат и за време на собирот дојде до тепачка меѓу неколку лица. По неколку минути дошло до пукање и не бевме сигурни што се случило, бидејќи луѓето во тој момент се разбегаа“,…
Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во источниот дел на Тајван. Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри во близина на градот Хуалиен. За сега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Исто така не е објавено предупредување за појава на цунами. Во 1999 година на Тајван беа регистрирани 13 земјотреси со интензитет од шест степени и еден од 7,6 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа повеќе од 2.400 луѓе.
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе бидат во интервал од 7 до 16 степени, а дневните ќе се движат од 27 до 34 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Слично време се очекува и во Скопје со утрински температури ќе бидат до 14 степен и дневни до 32 степена. Во следните денови во земјава ќе преовладува многу топло време со позначителен пораст на температурите. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има…
Министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг се надева дека на самитот на Европската Унија (ЕУ) ќе има јасно упатен сигнал не само кон истокот, туку и кон југоистокот на Европа. Според Шаленберг, Украина не е во конкуренција со државите од Западен Балкан. Се работи за веродостојноста на ЕУ, смета Шаленберг, во постигнување на напредок и за државите од југоисточна Европа, што добија ветување од Унијата во Солун, пред 19 години. „Имам чувство дека го губиме Балканот“, појасни министерот. Тој зборуваше и за давањето статус на кандидат на Босна и Херцеговина и на Косово. Шаленберг истака дека расположението во…
Владата останува на ставот за официјален коментар на францускиот предлог за надминување на македонско-бугарскиот спор по неговото усогласување од сите земји членки на ЕУ, но порачува дека македонскиот јазик мора да биде да биде чист македонски јазик во преговарачката рамка. Во Софија, пак, се очекува информација кога за предлогот ќе се изјасни Народното собрание, а чија волја најави дека ќе ја почитува тамошниот премиер Кирил Петков. Во меѓувреме, во домашната јавност, оптимизам и очекување за решавање на спорот до крајот на месецов пристигна од Демократската унија за интеграција (ДУИ), а по опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која побара отфрлање на предлогот, резерва за…