Author: Sashko

Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека лично не го видел планот на Франција за посредување за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската унија (ЕУ). „Планот на Франција, јас лично не сум видел ништо црно-бело“, рече Петков во одговор на прашање на БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков додаде дека Бугарија отсекогаш била отворена и подготвена да разговара со сите европски партнери, доколку имаат значајни предлози, но тие мора да бидат во рамковната позиција на Бугарија. Што и да се направи, според Петков, мора да се потврди преку рамковниот став на Бугарија и да мине…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со помошничката државна секретарка за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид го отворија Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, кој денеска се одржува во Стејт департментот во Вашингтон. „Стратешкиот дијалог со САД претставува ново поглавје во нашите меѓусебни односи, кое ќе го надгради нашето Стратешко партнерство и ќе постави рамка за натамошно унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји. Особено нѐ прави горди што Северна Македонија е прва земја од Западниот Балкан која го одржува овој значаен процес, што претставува признание и за нашата регионална улога и јасен сигнал за пријателството и…

Read More

Потпишан e Договорот од Отава, еден од фундаментите на членството на земјата во НАТО, објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи на Фејсбук. „Овде во Вашингтон, токму со нашите стратешки партнери, уште еднаш го потврдуваме нашето сојузништво во рамките на Северноатлантската алијанса“, се наведува во постот на шефот на македонската дипломатија. Договорот за правната положба на Организацијата на Северноатлантскиот договор, националните претставници и меѓународниот персонал, е усвоен во Отава на 20 септември во 1951 година и познат е како Договор од Отава. Договорот од Отава, чиј депозитар е Владата на САД, претставува правна рамка што е неопходна за функционирање на…

Read More

Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе вториот пораз во третиот настап во групата Б од Европската сребрена лига на ЦЕФ, откако вечерва во Скопје загуби од Албанија со 1:3. Албанските одбојкари го освоија првиот сет (25:23), по што избраниците на селекторот Ратко Павличевиќ возвратија со 25:20 за израмнување на резултатот, но гостите ги освоија следните два сета (25:17, 25:22) за втор пораз во низа на селекцијата на Македонија. Реваншот во Тирана е в сабота со почеток во 19 часот. Претходно денеска во првиот натпревар од третото коло во групата Б, Романија ја совлада Босна и Херцеговина со 3-0 и со максимални три победи води на…

Read More

Недолжни граѓани запишуваат имот на функционери на нивно име за што добиваат противуслуга и кога ќе им заврши функцијата тие си го враќаат тој имот на свое име, изјави вечерва претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска. Гостувајќи во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, Ивановска истакна дека постои можност функционери да го пријавуваат имотот на друго лице, што не е на функција и дека се зборува за такви случаи, но дека Антикорупциската комисија нема ингеренции да ги разгледуваме имотите на граѓаните, туку само на избраните лица. Таа информира и дека голем број на пријави од…

Read More

Џони Деп го доби судскиот процес по тужбата за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд која јавно го обвини за насилство во семејството, јави „Би-Би-Си“. Некогашната холивудска двојка размени тешки обвинувања за време на судењето – и Деп и Херд тврдеа дека биле жртви на емотивно и физичко злоставување. Процесот предизвика големо внимание на светската јавност, а социјалните мрежи станаа полигон за говор на омраза на „симпатизерите“ на обете страни. Џони Деп (58) ја тужеше Амбер Херд за клевета, тврдејќи дека ја уништила неговата репутација и кариера, бидејќи во колумна во „Вашингтон пост“ во 2018 година, напиша оти била изложена…

Read More

Францускиот играч за врска, Пол Погба ќе го напушти Манчестер јунајтед на крајот на јуни, кога му истекува актуелниот договор, објави денеска англискиот прволигаш. Ова значи дека Погба по вторпат во кариерата си заминува од „Олд Трафорд“. Французинот за првпат пристигна во „црвениот“ дел на Манчестер во 2009 година, на 16-годишна возраст, и се приклучи на фудбалската академија на Јунајтед од редовите на Ле Авр. Една сезона мина во сениорскиот тим, но со скромна минутажа, што го поттикна да ја смени средината и во 2012 година да направи трансфер во Јувентус. Во 2016 година, Погба се врати во Манчестер јунајтед,…

Read More

Министерството за правда продолжува да ја реализира замислата за носење на нов Изборен законик, во кој ќе бидат содржани правилата на изборната игра, за изборниот процес кога и да се случува, рече вечерва министерот за правда, Никола Тупанчевски. Тој, во гостување во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24, посочи дека најголем дел од политичките партии номинирале свои претставници во работната група за носење на нов Изборен законик, освен две – ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА. Рокот за номинирање претставници истече вчера, а министерот Тупанчевски имал и неформални разговори со лидерите на овие две партии. Тупанчевски е оптимист дека двете партии ќе номинираат…

Read More

Владината делегација, во чиј состав се министрите за надворешни работи Бујар Османи, за одбрана – Славјанка Петровска, за економија – Крешник Бектеши и за култура – Бисера Костадиновска Стојчевска, во рамки на посетата на Вашингтон пред почетокот на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, оствари голем број средби со високи владини претставници и личности од истакнати од граѓанскиот сектор и тинк-тенк организации. Меѓу многубројните активности беа остварени одвоени средби и со делегации од Националниот демократски институт (НДИ), предводена од претседателот, Дерек Мичел и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), предводена од Даниел Твининг. На средбите, како што соопшти МНР, било изразено…

Read More

Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ и Либералниот институт денеска одржаа конференција на темa „Една изборна единица наместо сегашните шест – посоодветно претставување на граѓанскиот глас”, на која учествуваа претставници на политички партии и граѓански организации. Пратеничката од Либералната демократска партија, Моника Зајкова истакна дека целта на конференцијата е да се види до каде се измените на Изборниот законик за да нема повторно случај непосредно пред изборите да се менува изборниот модел или да има изговор дека тогаш веќе е доцна за информирање на граѓаните за новиот изборен модел. „Во Собранието дебатата започна пред Комисијата за политички систем…

Read More

По повод Денот на згрижувачките семејства, денеска започна кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“, што ја спроведуваат СОС „Детско село“ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП), во соработка со сите други институции инволвирани во системот за згрижување. Кампањата започна попладнево во Скопје, а деновиве ќе продолжи и во 25 други населени места, меѓу кои и во Валандово, во Велес, во Штип, во Кавадарци и во Неготино. Во државава, како што информира државниот секрертар во МТСП, Ресми Ејупи, има околу 350 згрижувачки семејства кои се грижат за околу 600 корисници. „Кампањата има за цел да го…

Read More

Немила сцена се случи попладнево во скопската Општина Кисела вода. Неколкумина учесници во сообрачајот излегоа од своите возила кај популарната „Чешма“ и почнаа физички да се пресметуваат. Причина, веројатно, е сообраќајно недоразбирање меѓу нив. https://www.youtube.com/watch?v=x9_5hed1EPY На тепачката сведочеа бројни очевидци, а снимка од настанот е постирана и на социјалните мрежи.

Read More