Author: Sashko

Возач се обидел да удри во двајца полициски службеници кои му давале знак да запре со возилото на локалниот пат кон село Богојци. „Вчера, околу 11:20 часот, на локалниот пат кон село Богојци, струшко, службеници од Полициското одделение Велешта давале знак за запирање на патничко возило „Опел фронтера“, без регистарски ознаки, кое било натоварено со дрва и во кое имало две лица. Наместо да застане, возачот се обидел да удри во двајцата полицајци“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР додаваат дека нема повредени во инцидентот, а увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга и…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги одликува професорот и нобеловец Пол Кругман и Стопанската комора со Орден за заслуги за Република Северна Македонија, а на нејзиниот претседател Бранко Азески му додели Повелба. Пол Кругман, нобеловец, истакнат професор по економија и автор и уредник на 27 книги и преку 200 научни статии во стручни списанија, го доби орденот за иновативност, визија и особен придонес во сферата на економијата, преку поставувањето на нов модел на меѓународна трговија, усовојување на нови дисциплини во меѓународната економија, како и за неговата дејност како универзитетски професор и објавувањето на голем број значајни научни дела и трудови. Кругман…

Read More

Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните три дена (од 27 мај до 29 мај се направени вкупно 2.335 тестови од кои се регистрирани нови 151 случај на ковид-19. Во Скопје се евидентирани 109, во Штип – 9, во Битола и во Охрид – по пет, во Куманово, во Прилеп и во Велес – по три, во Тетово и во Свети Николе – по два, во Кавадарци, во Гостивар, во Струмица, во Кичево, во Кочани, во Струга, во Неготино, во Ресен, во Крива Паланка и во Берово – по еден. Од…

Read More

Украинскикот заменик министер за земјоделство, Тарас Висоцки денеска ги обвини руските сили дека украле речиси 500.000 тони пченица од окупираните региони во земјата. Тој истакна оти Русија се обидела да им продаде пченица на Египет и Либан, но дека тие одбиле да ја купат. На овие тврдења нема реакција од Москва, додека западните медиуми не можеа да ги потврдат наводите од Киев.

Read More

Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денес се брани во Украина и Украина ја заслужува сета почит помош и поддршка поради тоа, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи по денешната средба во Киев со неговиот украински колега Дмитро Кулеба, додавајќи дека нашата држава од почеток се приклучи кон сите мерки на осуда и санкции против Руската Федерација. Централна тема на разговорите на оваа втора средба на Османи и Кутлеба во само неколку недели, беше руската агресија врз Украина и нејзините последици врз украинската држава и граѓани, но и пошироко. „Соговорниците се сложија дека во прашање е…

Read More

Подготвуваме големи работи за граѓаните на Србија, на Северна Македонија и на Албанија, изјави денеска српскиот претседателот Александар Вучиќ по разговорите со партнерите од двете земји за натамошен развој на соработката во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград. „„Отворен Балкан“ е најдобрата иницијатива за народите на Балканот. Подготвуваме големи работи за граѓаните на Србија, на Албанија и на Северна Македонија“, порача Вучиќ на инстаграм, заедно со фотографии од видео-конференцијата. На средбата присуствуваа и српскиот министер за финансии Синиша Мали, министерката за трговија Татјана Матиќ и претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж. На…

Read More

Уставниот суд на Босна и Херцеговина утврди дека некои одредби на актите што се усвоени од Народното собрание на Република Српска не се во согласност со Уставот на Федерацијата и донесе одлука за нивно укинување. Судот постапуваше по барањето поднесено од 15 пратеници во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, при што е утврдено дека постои спор во врска со усвојувањето на спорните одредби од Декларацијата и заклучоците на Народното собрание на Република Српска за враќање на пренесените надлежности од Федерацијата на Република Српска во областа на правдата, одбраната и безбедноста, индиректното оданочување и други прашања. Уставниот суд се…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека официјален Киев нема желба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, но ќе мора да се соочи со реалноста дека такво нешто најверојатно ќе биде неопходно за да се стави крај на војната. „Постојат работи за кои треба да се разговара со рускиот лидер. Не велам дека нашиот народ има желба да разговара со Путин, но мораме да се соочиме со реалноста низ што минуваме сите заедно“, истакна Зеленски за време на своето обраќање пред индонезиските интелектуалци. Тој нагласи дека Украина од тој состанок очекува повторно да си ги врати животите. „Сакаме да го…

Read More

Девет возрасни лица и седум малолетници од Прилеп се лишени од слобода за пустошење на шуми, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 26 мај 2022 година на повеќе локации во место викано Борула, прилепско, е спроведена координирана акција по оперативна акција „Гора“ на СВР Битола – ОВР Прилеп – НККР, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции со поддршка на ЈП „Национални шуми“ и внатрешна контрола на ЈП „Национални шуми“. Од слобода се лишени И. А. (35), С.А. (58), А.З. (27) Д.А. (25), Н.М. (26), М.А. (24), А.А. (41), Ш.З. (41), П.К. (42) сите од…

Read More

Во понеделник (30.05.2022 год.) ќе почне етапната исплата на мајските пензии кои ќе бидат за 1.000 денари поголеми 330.000 пензионери, согласно договорената директна финансиска помош за три месеци, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за лицата кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: Исплатата на пензиите до 11.000 денари ќе се изврши во понеделник (30 мај); Исплатата на пензиите од 11.001 до 14.000 денари ќе се изврши во втрорник (31 мај); Исплатата на пензиите од 14.001 до 18.000 денари ќе се изврши…

Read More

Соединетите Американски Држави се подготвени да испратат напредни ракетни системи со долг домет на Украина по итното барање на неколку украински официјални лица, изјавија повеќе извори за „Си-Ен-Ен“. „Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има тенденција да испрати системи во рамки на поголем пакет на воена и безбедносна помош, што би можело да биде објавено во текот на наредната недела“, пишува „Си-Ен-Ен“. Од ракетните системи од американско производство може да се испалуваат ракети на повеќе од 100 километри, што е многу повеќе од капацитетот на било кој ракетен систем со кој Украина веќе располага и според укаринските власти тоа би…

Read More

Собранието не располага со имотен лист со утврдено право на сопственост/користење на земјиштето и објектот во кој истото е сместено и ги извршува своите функции, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за законодавниот дом. Ревизорите препорачуваат да продолжат активностите за запишување на правото на сопственост/користење на имотот со кој располага Собранието. Во делот на клучните системски слабости е истакна потребата од доуредување на регулативата во однос на основицата за плати на избрани и именувани лица, за ангажманот на надворешни соработници, за отсуствата на пратеници и за надоместокот на трошоци за патарини. Цел на ревизијата, како што…

Read More