Author: Sashko

Унгарија ќе гласа за шестиот пакет на санкции против Русија, вклучувајќи го и ембаргото за нафта, доколку Европската Унија (ЕУ) ја финансира нејзината енергетска безбедност, изјави унгарската претседателка Каталин Новак во Варшава. „Унгарија е во многу тешка ситуација од енергетски аспект. Гласавме за сите претходни пет пакети санкции. Ќе му бидам многу благодарна на претседателот (на Полска) Дуда доколку нè поддржи за да ги добиеме потребните услови за да може Унгарија да гласа за шестиот пакет“, рече Новак. „Во интерес на Унгарија е да застане на свои нозе во енергетскиот сектор. Ова е неопходно за суверенитетот и енергетската безбедност. За…

Read More

Шефот на дипломатијата на Европската Унија (ЕУ) потврди дека доколку Шведска или Финска бидат предмет на воена агресија од Русија пред да се зачленат во НАТО, ЕУ има слична одредба како членот 5 во Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел. Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, го изјави ова како одговор на новинарско прашање за членот 42.7 на Повелбата на ЕУ кој е сличен на членот 5 на Повелбата на Северноатлантската Алијанса и ги обврзува земјите членки на ЕУ да помогнат на земја мета на напад. „Јасно пишува дека ако земја членка е нападната на нејзината…

Read More

Евакуацијата на украинските борци од нивното последно упориште во Мариупол означува крај на повеќемесечната крвава битка за јужниот пристаништен град во Украина во која се загубени бројни животи на цивили и војници. Evakuacija ranjenika iz Azovstala Izvor: Telegram kanal Gradskog vijeće Mariupolja Više informacija – https://t.co/qIkPg8nq99 pic.twitter.com/wIYTJ7PnMq — TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) May 17, 2022 „Во Азовстал во тек е хуманитарна акција. Според зборовите на Ирина Верешчук, вчера се евакуирани 52 тешко ранети војници со цел да бидат спасени нивните животи. По стабилизирање на нивната состојба, се очекува нивна размена за руски воени заробеници“, објави Градскиот совет на Мариупол на…

Read More

Авганистан во изминатите неколку дена регистрира пораст на убиствата за чест на жени и женски самоубиства, јави агенцијата ДПА. Локалните власти потврдија дека четири жени се убиени, а две се самоубиле во изминатите три дена. Инцидентите се случиле во провинциите Фаријаб, Газни, Саманган и Бамјан. Шемсулах Мохамади, шеф на Одделот за информации и култура на Талибанците во Фаријаб, за ДПА изјави дека маж ја застрелал својата снаа поради наводно „незаконски односи“, а потоа побегнал. „Млада жена извршила самоубиство во истата провинција од непознати причини“, додаде тој. Во провинцијата Газни, маж застрелал мајка и ја ранил ќерката на жртвата откако слушнал дека девојчето…

Read More

Владата на денешната седница одлучи да го помогне откупот на јаболката и оризот за дополнителни три денари. Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, со овие средства ќе се излезе во пресрет за надминување на проблемите при откупот. „На денешната седница се донесоа и мерки кои треба да помогнат во проблемите со откупот на јаболко и ориз, односно дополнителни три денари за откупот на јаболко и ориз во првите месеци од годината. Продолжуваме постојано да носиме нови мерки“, рече Николовски. Тој рече дека на седницата поминале и измените во Програмата за директни плаќања со што се…

Read More

Руското Министерство за надворешни работи му предложи на Парламентот да ги поништи руските договори со Светската трговска организација (СТО) и Светската здравствена организација (СЗО), изјави заменик-претседателот на Државната дума, Пјотр Толстој. „Министерството достави список на договори до државната Дума кои заедно со (горниот дом на парламентот) Советот на федерацијата ќе предложиме да се поништат“, рече Толстој. Тој рече дека Русија го напуштила Советот на Европа и дека „сега на ред се СТО и СЗО“, бидејќи, како што наведе, „договорите со нив не и носат корист на Русија, туку штета“. Партијата „Единствена Русија“ има двотретинско мнозинство во рускиот парламент, а сите…

Read More

Ако Македонија не добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ) во јуни, тогаш Владата ќе го загуби кредибилитетот и многу веројатно е дека ќе има избори во октомври, изјави Зијадин Села, лидер на Алијансата за Албанците во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21. „Евроинтеграциите се дел од агендите на сите политички партии, но владеачката е таа која треба да ги реализира. Доколку во јуни не добиеме датум за почеток на преговори, тогаш оваа Влада целосно ќе го загуби кредибилитетот“, рече тој.

Read More

Голем опозициски протест на 18 јуни во Скопје, а дотогаш ќе продолжи активната блокада на Собранието, најави Тимчо Муцунски, потпретседатрел на ВМРО-ДПМНЕ, по завршување на вечерашниот состанок на Извршниот комитет на партијата. „Молкот не е опција, протест за промени и подобар живот. Основата причина за одлуката е отсуството на било каква подготвеност на премиерот за вообичаен политички дијалог со опозицијата“, порача Муцунски и повика на масовна излезност на 18 јуни. Опозициската партија останува на ставот дека предвремени парламентарни избори се единствено решение за, како што велат, излез од кризата и штетните политики на власта. Во таа насока, Муцунски зборуваше за…

Read More

По објавените кандидатури на Шведска и на Финска за влез во НАТО, министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг денеска рече дека неговата земја не планира да се приклучи на воената алијанса. „Имаме сосема поинаква географска ситуација. Имаме многу поинаква историја и верувам дека тоа едноставно мора да се земе предвид“, изјави Шаленберг на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. Сепак, тоа не значи дека Австрија е политички неутрална. „Нема неутралност во војна за агресија“, рече тој, мислејќи на руската инвазија врз Украина. „Зазедовме многу јасен став, ги поддржуваме сите санкции и правиме што можеме…

Read More

„Балканска приспивна песна“ е насловот на новата турска серија што започна да се снима во Скопје, а ќе се прикажува на турската државна телевизија ТРТ1 во текот на летниот период, пренесува aгенцијата „Анадолија“. Целта на „Балканска приспивна песна“ е да ги долови и прикаже искрените и радосни приказни на балканскиот народ. Серијалот е посветен на љубовната приказна на двајца млади од различни националности во Скопје, град во кој заедно живеат различни националности, како Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, итн. Ќе се раскаже нивната борба да го постигнат навидум невозможното преку љубовта. Продуценти на серијалот се Јалчин Ари и Угур Узунок,…

Read More

Скопјани денеска беа сведоци на нова герила акција која предупредува на лажните вести, а овој пат тоа наместо пораки на мобилен телефон, беа транспаренти кои ги држат луѓе во толпа. Герила акцијата насловена како „Лажговците со кратки нозе фатени среде Скопје“ им посочи на граѓаните дека на лагата ѝ се кратки нозете. На транспарентите на макетите со претставени луѓе беа испишани пораки со некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации пласирани во земјава: „АСНОМ е избришан од Уставот“, „Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци“, „Путин ја ослободува Украина од фашизмот“, „Се градат кампови за Македонија да населат стотици илјади мигранти“.…

Read More

Во Ел Салвадор се уапсени над 30.000 членови на криминални банди во последните 50 дена по војната на подземјето што ја објави претседателот Најиб Букеле во март, соопшти полицијата. Букеле кон крајот на март прогласи вонредна состојба во земјата, по крвавиот викенд во кој 87 лица беа убиени во насилство меѓу бандите. Полицијата и армијата од тогаш почнаа да приведуваат осомничени членови на банди, практикувајќи ги вонредните овластувања кои ја елиминираат потребата од налози за апсење. Малата централно американска држава петкратно ги зголеми казните за членство во бандите. Националната полиција на Твитер соопшти дека само вчера (15 мај) биле уапсени 536…

Read More