Author: Sashko

Русија денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот и 77 години од победата во Втората светскат војна во која тогашниот СССР загуби 27 милиони луѓе од кои 14 милиони беа цивили. Прославата ќе биде на традиционален начин – со голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва која, сепак, ќе биде во специфични околности поради инвазијата врз Украина што почна на 24 февруари. Затоа и годинашната Парада на победата во Москва и обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин се очекуваат со особено внимание. Западните медиуми шпекулираат што би можело да се случи денеска, па одат од крајност во крајност…

Read More

Брисел да се одважи и да го исполни својот дел од обврската и час поскоро да биде одреден датум за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, со што ќе се означи и почеток на преговорите. Процесот треба да продолжи што е можно поскоро, бидејќи Северна Македонија ја одработи својата задача во однос на зачленувањето во Европската Унија. Ова се пораките што вчера ги упатија премиерот Димитар Ковачевски и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз кои посочија дека најавениот стратешки дијалог со САД е процес кој е почнат уште поодамна и не претставува никаква замена за членството во…

Read More

Рокот кој го даде ВМРО-ДПМНЕ за почеток на разговори за предвремени избори истекува денеска, а доколку нема договор за лидерска по ова прашање, опозициската партија од утре најави активна блокада на Собранието. Премиерот Димитар Ковачевски вчера беше дециден дека лидерска средба заснована на уцени и закани нема да има, а најавената блокада во време на војна во Украина и во услови на криза ја смета за неодговорен чекор. Од спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје каде се одржа Отворен ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“, премиерот рече дека лидерска средба може да има, но…

Read More

Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) заедно со Европската куќа го одбележуваат 9 Мај – Денот на Европа преку низа активности организирани под слоганот #ThinkForward, а во фокусот ќе бидат младите. Шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир и младите европски амбасадори Рената Пенчова и Александар Каратошо денеска ќе имаат интеракција со младите од WB6 од Европската куќа во Скопје. Промотивниот настан ќе се пренесува во живо на Фејсбук страната на Делгацијата на ЕУ, а понатаму ќе се емитува на националната телевизија МТВ денеска во 17:45 часот. Работниот дел од конференцијата ќе се одржи на 9 и 10 мај во…

Read More

Со премиерна изведба на операта „Норма“ од Винченцо Белини, вечерва на сцената на Националната опера и балет (НОБ) ќе започне овогодишното 50-то јубилејно издание на Мајските оперски вечери (МОВ). Празникот на Операта со традиција за почит и годинава ќе понуди врвни уметнички креации со учество на домашни и странски уметници. Покрај премиерата на операта „Норма“, која ќе биде репризирана и на 11 мај, на програмата се и оперите „Лучија од Ламермур“, балетот „Жизел“, „Турандот“ од Пучини, и во оф-програмата балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Традиционално музичко-сценската манифестација ќе биде заокружена на 31 мај со изведба на операта „Аида“ на Џузепе…

Read More

Најостро го осудуваме потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска која за време на фотографирањето во Торино го фрли државното знаме на земја, соопшти Македонската радио телевизија (МРТ). „Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон“, се наведува во соопштението. МРТ очекува од Андреа да се извини на граѓаните за ваквото однесување и најавува дека ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 25 степени. Во следните денови ќе преовладува сончево и сè потопло време. Во попладневните часови, особено утре, ќе има локално зголемување на облачноста со краткотраен пороен дожд и грмежи. В петок…

Read More

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека 50 жени, деца и постари лица денеска се евакуирани од челичарницата Азовстал во Мариупол. Таа, истовремено, ја обвини Русија дека постојано го крши локалниот прекин на огнот и додаде дека евакуацијата, поради тоа, е исклучително бавна.  Во размената со Русија се вратени 41 затвореник. „Русија предаде 41 затвореник, меѓу кои 28 војници во размената на затвореници со Украина“, изјави денеска вицепремиерката Верешчук. Таа на Телеграм напиша дека и е „особено драго што меѓу оние кои се вратени во Украина е и високиот претставник на Украинската православна црква“.

Read More

Најмалку осум лица загинаа, а 30 се повредени во експлозијата во хотелот „Саратога“, во центарот на кубанската престолнина Хавана, соопшти кубанската влада на Твитер, пренесе Тасс. Фасадата на хотелот со „5 ѕвезди“, кој има 96 соби, два ресторана и базен на покривот, беше сериозно оштетена од експлозијата во 11 часот по локално време (15 часот по Гринич), пренесоа француските меидуми. „Според првичните наоди, се повикуваме на верзијата дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас“, јави кубанското претседателство на Твитер. Над булеварот Прадо, каде што се наоѓа хотелот, се издигна огромен облак од чад. Во експлозијата се уништени и повеќе…

Read More

Многу луѓе, дури и европски политичари, имаат наратив дека иницијативата „Отворен Балкан“ успеа да го подели регионот наместо да го обедини, но мислам дека тоа е затоа што некои вложија многу ресурси за таквиот наратив, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ по учеството на конференција во Фиренца. По учеството на панелот „Криза и промени – европска перспектива на Западен Балкан“ во рамки на Конференцијата за состојбите во Унијата, организирана од Европскиот универзитетски институт, Брнабиќ за локалните медиуми изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ е отворена за сите, но никого нема да моли да ѝ се придружи. „Ние и нашите партнери во иницијативата,…

Read More

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста изјави дека земјата во иднина посилно ќе чекори по европскиот пат, но и дека е под голем притисок од Западот по споредбата на рускиот претседател Владимир Путин на Косово со Доњецк и Луганск, па затоа од Белград ќе се бара да ја признае независноста на Косово за Москва да не може да го искористи случајот како аргумент за своите постапки во Украина. Тој, исто така, порача дека нема да ги гаси пријателствата на Исток, колку и да има притисоци, јави дописникот на МИА од Белград. „Мојата порака е дека Србија денеска…

Read More