Author: Sashko

Рускиот претседател Владимир Путин се извини за изјавата на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров кој рече дека нацистичкиот лидер Адолф Хитлер има „еврејска крв“, соопшти Израел. „Путин се извини во разговор со израелскиот премиер Нафтали Бенет“, се вели во соопштението на неговата канцеларија. Сергеј Лавров со изјавата се обиде да го оправда руското прикажување на Украина како „нацистичка“ и покрај фактот дека нејзиниот претседател е Евреин. Лавров во неделата зборуваше за италијанската телевизија, неколку дена откако Израел го одбележа Денот на сеќавањето на Холокаустот, еден од најсвечените датуми во израелскиот календар. На прашањето како Русија може да тврди дека…

Read More

Шпанската разузнавачка агенција ЦНИ призна дека ги следела телефоните на 18 каталонски сепаратисти, вклучително и регионалниот претседател Пере Арагонес, користејќи го израелскиот софтвер „Пегазус“. Директорката на ЦНИ, Паз Естебан на денешната парламентарната комисија покажа судско овластување за секој од случаите, информира весникот „Ел паис“. „Аферата, која беше наречена „Каталангејт“, ја загрозува стабилноста на малцинската влада на премиерот Педро Санчез“, коментира ДПА. Левичарската каталонска партија ЕРЦ ја доведе во прашање нејзината поддршка за владата на Санчез поради аферата и повика на истрага. Неодамна беше објавено дека „Пегазус“ бил пронајден и во мобилните телефони на Санчез, министерката за одбрана Маргарита Роблес и…

Read More

Независниот синдикат од Управата за водење на матични книги (УЗМК) не успеа да најде заеднички јазик со Министерството за правда за покачување на платите, изјави попладнево синдикалниот претставник, Марјан Ристески по средбата со министерот за правда Никола Тупачевски. „Се вадат по некои законски уредби, подзаконски акти. Ние им предложивме оваа категорија на вработени да се исели од Министертсвото за инфорнматичко општество. Значи замислете, оваа категорија на вработени кои што работат со строго доверливи документи, ги ставаат во куп со цела администрација, со уште 10.000 вработени. Доколку се покачела платата само на овие, не можел да се крши законот. Ние им…

Read More

Мухамед Зеќири, поранешен генерален секретар на Владата, ќе остане во притвор уште дополнителни 30 дена, потврди основниот Кривичен суд Скопје. Зеќири ја издржува мерката притвор во затворот во Шутка. Таму е од 9 април, откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поведе истрага против него за злоупотреба на службената положба и овластувања за случај со склучување на договор за консултантски услуги за „Македонски пошти“. Екс генсекот на Владата е осомничен за склучување на договори за консултантски услуги со фирма со вкупна вредност од околу 941.985 евра што е за околу 147.000 евра повеќе од 795.000 евра, износ што…

Read More

Украина доби повеќе од 12 милијарди долари во оружје и финансиска помош од почетокот на конфликтот со Русија, изјави денеска украинскиот премиер, Денис Шмихал. Говорејќи на донаторската конференција на високо ниво во Варшава, Шмихал им се заблагодари на лидерите на Полска, на Шведска и на Европската комисија за нивната „непоколеблива поддршка за Украина во текот на целата војна“. „На меѓународната донаторска конференција за Украина денеска се собрани 6,5 милијарди долари“, соопшти полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Read More

Едно лице загина, а две се повредени во експлозија на гас што попладнево се случи во Кремс, Австрија. Експлозијата се случила нешто по 13:30 минути во хемиска компанија во Кремс. Во тоа време се одвивале работи за реновирање на зградата. Според командантот на окружната противпожарна бригада, Мартин Боер, две лица биле во зградата кога се случил инцидентот. Во моментот на терен се околу 60 пожарникари, а причината за експлозијата се уште не е позната.

Read More

Претседателот на Европскиот Совет (ЕС), Шарл Мишел изјави дека Европската Унија (ЕУ) треба да го продаде имотот што го запленила од санкционирани руски поединци и средствата да се искористат за обнова на Украина. „Апсолутно сум убеден дека ова е исклучително важно. Треба да се дозволи конфискација и да се инвестира во обновата на Украина. Мислам дека ова е прашање на праведност“, изјави Мишел за украински Интерфакс. ЕУ минатиот месец соопшти дека замрзнала 30 милијарди евра средства поврзани со руски и белоруски поединци кои се под санкции. Со изјавата за продажба на запленетиот руски имот, Шарл Мишел стана првиот висок функционер на ЕУ…

Read More

На меѓународната донаторска конференција во Варшава, Европската Комисија (ЕК) објави пакет на помош од 200 милиони евра за украинските бегалци и раселени лица. „Денеска се собравме со јасна цел: да го поддржиме храбриот украински народ, кој се бори против агресорите и за својата слобода“, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Таа, во име на Комисијата, вети 200 милиони евра помош. Ветената помош на минатомесечната донаторска конференција за раселени и протерани Украинци, внатре и надвор од земјата, достигна 9,1 милијарди евра. „Знаеме дека ќе биде потребно повеќе и ќе продолжиме да и помагаме на Украина“, додаде таа. Околу осум…

Read More

Фармацевтската компанија „Модерна“ побарала од Европската агенција за лекови (ЕМА) да ја разгледа можноста за употреба на нејзината вакцина против ковид-19 кај деца под петгодишна возраст, соопшти Марко Кавалери, задолжен за стратешка вакцинација во Агенцијата. „Започнавме со проценка на барањето на „Модерна“ за проширување на употребата на „Спајквакс“ кај деца меѓу шест месеци и пет години и ова е прво барања за оваа возрасна група“, изјави тој. ЕМА одобри употреба на вакцините на „Модерна“ кај деца од шестгодишна возраст, сега за прв пат ќе се испитува употребата кај бебиња и мали деца. Децата обично го прележуваат вирусот полесно од возрасните,…

Read More

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Манчестер сити со 3:1, по продолженија, и ќе играат во во финалето против Ливерпул на 28 мај во Париз. „Кралевите“ славеа со 2:1 во основните 90 минути со головите на Родриго во самиот финиш на реванш полуфиналниот дуел (90-та и 91-ва минута), откако гостите од „Етихад“ поведоа преку Марез во 73-та минута и на тој начин ја анулираа негативата од еден погодок од гостувањето во Манчестер. Мечот влезе во продолженија, а печат на визата за финале стави Карим Бензема од пенал во 95-та минута.

Read More

Сирени за опасност од воздушни напади вечерва се огласија во места ширум Украина по што набрзо следеа ракетни удари на градовите Черкаси, Дњепар и Запорожје. Градоначалникот на Дњепар, Борис Филатов рече дека еден проектил го погодил центарот на градот. Градските власти претходно соопштија дека во нападите е погодена железничка инфраструктура, без да наведат детали. Украински железници објавија дека нема повредени меѓу нивните вработени во нападите. Русија ги бомбардира железничките станици и други важни инфраструктурни точки ширум Украина под изговор дека „Западот ја снабдува земјата со оружје“.

Read More

Украинските сили во челичарницата Азовстал во Мариупол водат „тешки, крвави борби“ против руските војници, изјави командантот на баталјонот Азов. „Горд сум на моите војници кои вложуваат натчовечки напори да го запрат притисокот на непријателот. Ситуацијата е исклучително тешка“, рече командант на Азов, Денис Прокопенко во кратката видео порака на Телеграм. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во текот на денот го повика генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш да помогне во спасувањето на луѓе од опколената челичарница Азовстал. „Животите на луѓето кои останаа таму се загрозени. Секој живот нѝ е вреден. Ве молиме да помогнете да ги спасиме“, се вели…

Read More