Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен е позитивен на коронавирус што го потврди и ПЦР тестот што беше направен денеска, соопшти Стејт департментот. Блинкен, кој е вакциниран и со бустер доза, има благи симптоми. Тој во саботата присуствуваше на т.н. дописничка вечер во Белата куќа на која беше и американскиот претседател, Џо Бајден. Стејт департментот соопшти дека Блинкен „неколку дена не се видел лично со Бајден, а претседателот не се смета за близок контакт според насоките на Центарот за контрола и превенција на болести“.
Руската војска најави дека утре ќе отвори хуманитарен коридор од опколената челичарница Азовстал во Мариупол. Коридорот ќе биде отворен три дена, соопшти руската армија, која наведува дека рутите ќе бидат отворени од 8 до 18 часот по московско време. „Во тој период руските сили ќе ги прекинат воените активности и ќе ги повлечат своите сили на безбедно растојание“, соопшти руската војска.
Продолжува редовното тргување со гас, и покрај војната во Украина, бидејќи и Москва и Киев, но и западните земји сакаат да заработат, наведува „Геополитика“. Низ украинската гасна мрежа и натаму минува руски гас за земјите членки на Европската Унија (ЕУ). Од 24 февруари, кога започна руската „специјална воена операција“ во Украина, ЕУ ѝ исплати повеќе од 35 милијарди евра на Русија за набавениот гас. Според тврдења на агенцијата Блумберг, Украина, барем во првиот месец од почетокот на војната, уредно ѝ наплатувала на Русија за трансфер на гасот кон европските земји. Русија заработува од продажба на гас на Европа за да…
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на Мицкоски за „активна блокада на Собранието“ по 10 мај
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дава согласност за предлогот на лидерот Христијан Мицкоски за, како што и самиот најави, „активна блокада на Собранието“. Како еден од начините за тоа се споменува филибастеринг што значи поднесување на илјадници амандмани на законите во Собранието. Исклучок од ова ќе бидат закони што ќе значат подобрување на стандардот на граѓаните, како повисоки плати или пензии. Неофицијално, ова е дел од заклучоците од вечерашниот состанок на партиското тело. Мицкоски вчера најави институционална блокада по 10 мај, откако премиерот Димитар Ковачевски го одби неговото барање за лидерска средба, но и за предвремени парламентарни избори, со образложение дека…
„Унгарија нема да го поддржи предлогот на Европската Унија (ЕУ) за забрана за увоз на руска нафта во наредните шест месеци“, рече унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто. Тој наведе дека снабдувањето на Унгарија со енергија ќе биде „целосно уништено“ со ембаргото на ЕУ за руските енергенси за кое рече дека на „Унгарија би ѝ оневозможило добивање на нафта што е неопходна за функционирање на унгарското стопанство“. Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен во текот на денот рече дека снабдувањето со сурова нафта од Русија ќе биде забрането во рок од шест месеци, а проиводите од…
Во Лвов, град на западот на Украина, вечерва се огласија сирените за опасност од воздушни напади. Голем број на лица се повлекоа во засолниште во трговски центар во градот. Меѓу нив има и лица со мали деца, со бебиња и со домашни миленичиња. Луѓето се мирни и се фокусирани на нивните мобилни телефони во потрага по повеќе информации, пренесува „Би-Би-Си“.
На Телеграм се појави снимка од руските напади на Азовстал, челичарницата во Мариупол која е последно упориште на украинските борци во обид за одбрана на пристаништниот град на југот на земјата. Борби, според високи украински претставници, се водат внатре во фабриката, откако руската војска успеала да влезе во комплексот. https://www.youtube.com/watch?v=FerFlulqSV8 Украинската влада предупредува дека во бункерите под челичарницата сè уште има цивили, меѓу кои и деца.
Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков соопшти дека попладнево завршила денешната рунда на преговори со Министетрството за образование и наука (МОН) под покровителство на помирувач и дека преговорите ќе продолжат в петок кога очекуваат и конкретни одговори на нивните предлози. „Заврши денешната рунда на преговори со МОН, под покровителство на помирувач. Сите прашања кои се отворени, врз основа на нашите барања беа дискутирани, анализирани, аргументирани од двете страни“, објави Неделков на Фејсбук. Синдикалниот лидер денеска изјави дека преговорите се наоѓаат на почеток, но дека не почнуваат од нула што, рече, би одзело многу време…
Бугарскиот парламент одобри помош за Украина, но не и испорака на оружје. Пратениците гласаа за пакет на воено-техничка, финансиска и хуманитарна помош за Украина што го предложи владеачката партија „Продолжуваме со промените“. Собранието, истовремено, го одби предлогот на опозициската ГЕРБ на Бојко Борисов и на „Демократска Бугарија“, која е дел од владеачката коалиција, за неограничена воена помош за Украина. Во извештајот се наведува дека одлуката што е усвоена денеска не предвидува извоз на оружје и на муниција. На почетокот на седницата, украинскиот амбасадот во Софија, Виталиј Москаленко прочита писмо од претседателот Володимир Зеленски во кое тој, покрај другото, бара ремонт…
Премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски одржаа работна средба со делегација на менаџментот на канадската компанија „Магна мехатроникс“, предводена од Мајкл Купер, потпретседател на компанијата. На средбата, како што денеска соопштија од Дирекцијата за ТИРЗ, се разговарало за плановите за нови инвестиции на компанијата, од каде нагласиле дека разгледуваат неколку опции за отворање на нивната нова фабрика во Европа, а Северна Македонија е високо на нивната мапа. Во моментот, се подвлекува, веќе се водат интензивни разговори за инвестиција во една од технолошко индустриските развојни зони во земјава. На средбата од македонска страна биле презентирани можностите и предностите…
На вежбовниот полигон и стрелиште „Стенковец“ од вечерва до 8 мај ќе се изведува обука во рамки на која ќе се користат вежбовни артифиции, информираат од Армијата на Република Северна Македонија. За време на изведување на планираните активности во рамки на обуката, во одредени периоди ќе се слушаат истрели од вежбовна муниција и други вежбовни средства, а ќе има и зачестено движење на воени возила. Во утринските часови на 6 мај 2022 ќе има и активности во воздух. „Наведените активности се дел од редовните планови за изведување на неопходната обука на припадниците на армиските единици на овој полигон, при што…
(Видео) „Некогаш имавме се, денеска немаме ништо“, рекоа сараевчани на годишнината од смртта на Тито
Во Сараево денеска беше одбележана годишницата од смртта на Јосип Броз Тито, доживотниот претседател на поранешна Југославија. Поддржувачите на ликот и делото на маршалот поклонија цвеќе на неговиот споменик во рамки на сараевскиот кампус – „Имавме мир, стабилност, образование, здравство. Се беше бесплатно. Имавме и редовни плати. Денеска немаме ништо“. Obilježena godišnjica smrti Josipa Broza Tita. Poklonici njegovog lika i djela položili cvijeće na njegov spomenik u okviru sarajevskog kampusa: “imali smo mir, stabilnost, školstvo, zdravstvo, sve besplatno. Redovne plate. Danas nemamo ništa.” pic.twitter.com/t77FjxTQoh — TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) May 4, 2022 „Јас се свртев кон Титовата филозофија, гледаше да…