Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Варшава досега му испорачала воена опрема на Киев во вредност од околу седум милијарди долари, јавија полските медиуми. „Полска во меѓувреме ја зазема една од најтврдите позиции против Москва и важи за главен поддржувач на вооружувањето на Украина“, пишува „Милитари Воч Магазин“ (Military Watch Magazine). Киев од својот сосед наводно добил 200 тенкови Т-72, неколку артилериски системи Гвоздика, ракетни фрлачи Град и ракети компатибилни со ловците МиГ-29 и Су-27 на украинските воздухопловни сили.
Тешки борби околу Азовстал, загубив контакт со украинските војници, вели градоначалникот на Мариупол
Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко изјави дека загубил контакт со украинските бранители во челичарницата и дека со моментот таму се водат тешки борби. Подрачјето на фабриката е последното упориште на украинските одбранбени сили во регионот, со околу 200 цивили во внатрешноста на комплексот за колку што се претпоставува дека се скриени во подземните бункери. Вчера беше потврдено дека повеќе од 100 цивили успеале да ја напуштат фабриката и стигнале на сигурно во Запорожје.
Ливерпул е прв финалист во фудбалската Лига на шампиони по вечерашната гостинска победа над Вилјареал со 3:2 во реванш полуфиналниот двомеч во најсилното европско клупско натпреварување. Шпанскиот претставник со головите на Булае Диа во третата минута и на Франсис Кокелан во 41-та минута успеа да ја анулира негативата од првиот меч на „Енфилд роуд“. Меѓутоа, тимот на Јирген Клоп во продолжението направи целосен пресврт за само 12 минути, со погодоците на Фабињо во 62-та минута, на Луис Диас во 67-та минута и на Садио Мане во 74-та минута. Противник на „црвените“ ќе биде подобриот од двомечот меѓу Реал Мадрид и…
Ванчо Михајлов беше синоним за самостојна и независна Македонија кога јас растев, рече екс премиерот Љубчо Георгиевски во вечерашното гостување во „Клик плус“ на ТВ 21. „Кога ние прифативме да го крстиме десеттиот Конгрес во Кичево, ние свесни прифативме три конгреса на ВМРО на Ванчо Михајлов – 24/25-та година, 28-ма година и 32-ра година. И сега јас не знам што не им е јасно на денешното ВМРО-ДПМНЕ. Таа одлкука не ни падна од небо, дискутирана е два или три состаноци на Извршниот комитет“, рече Георгиевски. https://www.youtube.com/watch?v=fdhTeDlwdnY Во тој контекст, Георгиевски истакна оти не се сеќава дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ,…
Светскиот ден на астматичарите, согласно календарот на Светската здравствена организација (СЗО), годинава се одбележува на 3 мај и станува збор за сериозно хронично заболување кое достигнува бројка до 300 милиони лица во светот од сите возрасни групи, напиша вечерва министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил. Министерот Сали наведува дека бројот на заболени со астма во нашата држава изнесува меѓу 80.000 до 100.000 лица. „Една од нашите примарни цели е подобрување на квалитетот на живот и заштита на здравјето со висококвалитетни и достапни лекови кои овозможуваат подобар исход во лекување на пациентите со астма и хронична белодробна болест“,…
Жан Н., државјанин на Македонија, денеска се поли со бензин и се запали во обид да се самоубие, бидејќи работници му дојдоа да ја урнат бараката во која живееше со неговата мајка во Нов Белград. Откако работниците го изгасија со ПП апарат, несреќното момче само пешачело до продавница оддалечена еден километар да моли за помош. Како што дознава „Блиц“ од работници на градилиштето до бараката, Жан и неговата мајка имале станарско право, но морале да бидат иселени бидејќи нивната барака, во која живееле повеќе од 30 години, се наоѓала на градилиште на станбен комплекс. Ситуацијата набрзина ескалирала, па очаен што…
Пловечката единица за складирање и регасификација со капацитет од 153.500 кубни метри на ЛНГ ќе се поврзе со Националниот систем за пренос на природен гас (NNGTS) на Грција со цевковод долг 28 километри, преку кој гасифицираниот ЛНГ ќе се пренесува на пазарите во Грција, во Бугарија и во поширокиот регион (Романија, Србија, С. Македонија, итн.), а веројатно и на Украина. Александруполис се очекува да работи до крајот на 2023 година, при што договорениот капацитет за регасификација ќе достигне веќе до 60 отсто од неговиот технички капацитет од 5,5 милијарди кубни метри годишно. Самостојниот систем за природен гас (INGS) на Александруполис…
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во Атина оствари средба со министерот за заштита на граѓаните на Република Грција, Панајотис Теодорикакос. Како што информираат од МВР, Спасовски и Теодорикакос искажале задоволството од начинот на кој се одвива соработката меѓу двете министерства и двете соседни земји во изминативе неколку години, како на оперативно така и на политичко ниво, со уверување дека овој тренд на соработка ќе продолжи да се надградува и во иднина. ,,На средбата стана збор за теми кои се актуелни во моментот, како што е состојбата со бегалците кои пристигнуваат од Украина, како и за состојбите со илегалната…
Во арената „Борис Трајковски“ во Скопје попладнево беше отворено 34. издание на Саемот на книгата, кој е под покровителство на Министерството за култура. Над 60 издавачки куќи од земјава, но и од Турција, од Србија, од Косово и од Албанија се претставуваат на годинашното издание на Саемот што ќе трае до 9 мај. Фокусот е на детската литература, односно на привлекување на најмладите читатели. На Саемот оваа година ќе се реализираат средби со автори, а најавени се и промоции и попусти. Издавачките куќи ќе се претстават со своите најнови наслови – изданија за 2022 година. Ќе бидат организирани и работилници…
„Македонија никогаш не била полоша. И во таква состојба, не треба да се гледаат тесните партиски интереси, туку да се подаде рака. Во услови на криза, треба да генерираме единство. Се чудам како премиерот пред само 100 дена се фалеше дека имал телефонски разговор со мене, за 100 дена подоцна се плаши да излезе на лидерска средба на која ќе разговараме за предвремени избори. Јас не се плашам да излезам на избори, тој бега од предвремени избори“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањетио во Дневникот на ТВ Сител. Опозициското барање за предвремено соочување со волјата на народот од…
Секретарот на украинскиот Совет за безбедност и одбрана, Олексеј Данилов за време на вчерашно гостување во ТВ емисија истакна дека Унгарија знаела за намерата на Русија да ја нападне Украина. „Унгарија отворено ја покажува својата соработка со Руската федерација“, рече Данилов, пренесува „Украина тудеј“. За време на интервјуто, Данилов нагласил дека Унгарија планира да добие дел од Украина. „Од некоја причина верувала дека може да добие дел од нашата територија. Тоа нема никогаш да се случи. Ќе ги видиме последиците за таа земја по војната“, рече секретарот на украинскиот Совет за безбедност и одбрана. Унгарија набрзо ги демантира таквите медиумски…
Украинското разузнавање објави информации што ги собрале од руска страна, според кои „специјалните воени операции ќе траат до септември 2022 година“. Како што објавија на Фејсбук страницата на разузнавањето и дел е од Министерството за одбрана, „Русија се подготвува за окупација на териториите што ги зазеде за време на војната“. Така, се подготвуваат печати и разни симболи кои укажуваат дека тоа веќе не се области под украинска власт“, стои во објавата. Украинците, исто така, тврдат дека пресретнале датум кој се споменува како крај на војната. „Меѓу окупаторската војска се шират информации дека рокот на траење на т.н. специјални воени операции…