Author: Sashko

Австриското Министерство за заштита на животната средина во новиот нацрт закон предвидува забрана за греење на гас за нови градби од 2023 година. Мерката беше планирана да стапи во сила од 2025 година, но, поради последиците од преголемата зависност од рускиот гас, временскиот период е поместен. Во нацрт законот се наведува дека од 1 јануари 2023 година, нема да биде дозволено поставување постројки за греење, што работат на течни или цврсти фосилни горива, или фосилен течен гас. „До 2040 година, греењето на гас мора да биде заменето со алтернативни, климатски поволни решенија“, наведува Министерството. Од 2023 година, неисправните постројки за…

Read More

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците – 1 мај 2022 година (недела), Ден на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Министерството на сите граѓани им го честита Денот на трудот.

Read More

Помошник државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид денеска ќе престојува во посета на Македонија во рамки на која ќе оствари средба со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана, Славјанка Петровскаи и со нејзиниот домаќин, министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Во фокусот на разговорите се очекува да бидат билатералните односи меѓу двете земји, евроинтеграциските перспективи на Северна Македонија, соработката во НАТО и актуелните состојби во земјава и регионот. Посетатата на Донфрид на Скопје е во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Таа ќе ја повика С. Македонија, како најнова…

Read More

Во основните и средните училишта во државава и натаму нема настава поради штрајкот на членството на СОНК. Во меѓувреме, штрајкот во градинките е ставен во мирување и воспитно-згрижувачкиот процес се одвива редовно. Штрајкот во основното и средното образование и градинките почна на 11 април. СОНК бара зголемување на платите за 18,4 проценти веднаш и усогласување на останатите со минималната плата. Раководството на СОНК и Владата во понеделникот постигнаа договор за зголемување на платите од 12 проценти, почнувајќи најдоцна со јулската плата, но предлогот завчера беше одбиен на седница на Советот на СОНК. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков најави голем протест…

Read More

Британскиот принц Ендрју ја загуби титулата почесен граѓанин на Јорк, град на северот на Англија. „Титулата почесен граѓанин на нашиот прекрасен град им се доделува на оние кои го претставуваат најдоброто од Јорк. Несоодветно е принцот Ендрју на каков било начин да биде поврзан со нашиот град“, истакна градскиот советник Дарил Смејли. Ендрју во февруари се спогоди со Вирџинија Џуфре, која го обвини за сексуално злоставување кога била тинејџерка. Шеесет и двегодишниот Ендрју не призна вина, кога се согласи на вонсудско спогодување и не е обвинет за кривично дело. Во случајот на Џуфре се најде и пријателството на принцот со…

Read More

Системите за противвоздушна одбрана и алармите за предупредување за воздушни напади рано изутринава се активираа во рускиот град Белгород, соопштија локалните власти. Во Белгород, кој се наоѓа во близина на границата со Украина, се слушнале серија експлозии, а избувнал и пожар во складиште за муниција. Белгород се граничи со областите Луганск, Суми и Харков во Украина.

Read More

Јужнокорејската Влада одлучи да пренасочи дел од сопствените резерви на течен природен гас кон Европа, поради недостигот на енергија како последица од ситуацијата во Украина, објави ТВ каналот КБС. Министерството за трговија, индустрија и енергетика вчера одлучи дека јужнокорејските власти можат да си дозволат да обезбедат таква услуга за Европа, бидејќи зимата е завршена. Министерството соопшти дека обемот на испораките ќе биде таков што нема да влијае на домашната побарувачка и цените на гасот. Сепак, Сеул не прецизираше кога и во колкаво количество ќе бидат испорачани енергетските ресурси. Новинската агенција Јонхап цитира извор, според кој од Јужна Кореја веројатно била…

Read More

Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола од 1 мај ќе премине кон користење на рубљата, објавија руски државни медиуми. Кирил Стремусов, заменик-претседател на воено-цивилната администрација на регионот, изјави дека транзицијата ќе се одвива во период од четири месеци, во кој ќе бидат во оптек руската рубља и украинската гривна, пренесува „Би-Би-Си“. „По тој период, регионот целосно ќе премине кон користење на руската валута“, додаде Стремусов.

Read More

Компанијата „Краш“ денеска преку својот Фејсбук профил објави дека навистина направи Дорина со чварки, иако се тргна како првоаприлска шега. Комбинацијата за првпат беше спомената на 1 април, но, како што велат од компанијата, интересот бил толку голем, па навистина решиле да направат чоколадо со чварки. Сите кои сакаат да го пробаат чоколадото, кое е со ограничено производство, тоа може да го направат од 30 април во „Краш чоко&кафе“ во Загреб. Од компанијата нагласуваат дека количините се ограничени. „Сите кои позитивно искоментираа на нашата првоаприлска шега и посакаа да вкусат Дорина со чварки, ќе им испратиме по еден примерок на…

Read More

Засега нема прекин на снабдувањето со гас во Македонија, откако Русија ги прекина испораките за Бугарија од каде земјава го добива гасот. Македонија не е многу зависна од гасот како енергенс. Најголем дел се троши од топланите, а грејната сезона е завршена. И да има целосен прекин на рускиот гас, ефектот ќе биде скоро нула, вели министерот за економија Крешник Бектеши. Македонија засега непречено се снабдува со гас, откако Русија ги прекина испораките на природен гас за Полска и за Бугарија, затоа што одбиваат да плаќаат во рубљи. Русија ја воведе оваа мерка за земји кои ги прогласи за непријателски,…

Read More

Човековите навики во исхраната може да покажат склоност кон луксуз, екстраваганција или обратно – едноставност, приземност и скромност. Некои пак, одат и до крајности, пишува египетскиот портал „Нунпост“ (NoonPost). Ова важи и за лидерите на државите ширум светот. Интересот за проучување на исхраната низ историјата, може да даде јасна претстава за развојот на цивилизацијата во општествена и културна смисла, за вкусовите на кралевите, царевите и султаните и промените, при што јавните гозби станаа достапни за поширок круг луѓе кои сепак, како елита, почитуваат хигиена, бонтон и протоколи. Покрај тоа, лидерите станаа повнимателни од кога било, поради стравот од труење или…

Read More