Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Официјална Виена се согласи со австриската компанија за нафта и гас OMV да плаќа за испораките на руски гас во рубљи со отворање на сметка во руска банка, соопшти австрискиот канцелар, Карл Нехамер. Според новата руска шема, купувачите од земјите што Москва ги идентификува како „непријателски“ ќе трансферираат свои средства за купување во странска валута во „Гаспромбанк“ која, пак, ќе купува рубљи на берзите и ќе ги префрла на увозниците на посебни сметки во рубљи од кои ќе се вршат исплатите. Австрискиот министер за енергетика, Леонере Гевеслер изјави дека земјата не може да ги наполни своите складишта во текот на…
Македонија е меѓу партнерите на САД од европскиот регион за кои се предвидени 713 милиони долари на воена помош што ќе бидат употребени за сузбивање на руското влијание, се посочува во одговорот на Стејт департментот на прашање на „Гласот на Америка“ за дообјаснување на структурата на пакетот. Според информациите од таму, средствата од најновиот пакет на воена помош на САД за Украина ќе бидат поделени на „Украина и 15 други сојузнички и партнерски нации“ во Источна Европа и на Балканот. „Помошта е наменета за НАТО сојузниците да ги пополнат капацитетите што ги донираа на Украина од сопствените залихи за да…
Кина соопшти дека го открила првиот случај на птичји грип Х3Н8 кај луѓе, но здравстените власти тврдат дека ризикот од негова трансмисија од човек на човек е мал. Познато е дека сојот Х3Н8 инфицира коњи, кучиња и фоки, но досега не беше дијагностициран кај луѓе. Инфенцијата, според кинеското Министерство за здравство, е регистрирана кај четиригодишно момче во централната провинција Хенан. Детето било хоспитализирано на почетокот на април со температури и други симптоми на грип и се наведува дека е заразено при директен контакт со птици.
Потпретседателката на САД, Камала Харис (57) е позитивна на коронавирус, објави Белата куќа. Харис нема никакви симптоми и ќе биде во самоизолација во својата резиденција и од таму ќе ги извршува своите обврски до добивање на негативен тест. „Претседателот Џо Бајден и неговата сопруга Џил не биле во близок контакт со Харис во последните денови“, додадоа од Белата куќа. Харис прими четири дози од вакцината против коронавирус, последната на 1 април.
Иако се појавија вести дека испораката на гас за Полска и Бугарија е продолжена, по вчерашните објави за нејзино стопирање, од „Гаспром“ го демантираат тоа. На официјалната страница на компанијата е објавено соопштение во кое се потврдува дека дистрибуцијата на гас за двете земји е запрена, бидејќи до крајот на денот, на 26 април, не добиле исплата во рубљи. „Уплатите за гас од 1 април мора да бидат во рубљи и купувачите се известени за тоа. За стопирањето на испораката се известени и бугарски „Булгаргас“ и полски ПГНиГ. Бугарија и Полска се транзитни земји. Во случај на неутрализирано земање на…
Влегуваме во нова фаза и ги прилагодуваме своите воени единици според стандардите на НАТО, соопшти денеска министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба. „Влеговме во фундаментално нова фаза за која никој не ни сонуваше пред два месеца – трансфер на вооружените сили на Украина според стандардите на НАТО. Тоа веќе се случува“, изјави Кулеба. Тој потсети дека сe започнало со индивидуални мали чекори и одлуки, но претседателот Володимир Зеленски успеал да го убеди американскиот претседател Џозеф Бајден дека е време да се направи тој чекор. „Прво пристигнаа хаубиците, но тоа е само почеток. Ќе дојде многу повеќе. Ова е…
Прекината е наставата во повеќе основни училишта во Црна Гора поради дојави за поставени бомби, јави РТЦГ. Евакуирани се училишта во Никшиќ, во Бар, во Беране, во Бијело Поље, во Колашин, во Херцег Нови и во Цетиње. Дојави за бомби имало и во Општината и во судот во Бар. „На територијата на училиштето се подметнати бомби. Секогаш сонувавме за освета. Ние ќе се осветиме, ќе дојдеме во училиштето. Сè ќе убиеме. Никој нема да остане жив. Цел град ќе крвари“, е пораката што ја пренесува Радио телевизија Црна Гора добиена од евакуираните училишта.
Киев ја обвини Русија дека почнала со уцените кон Европа, со прекинот на испораката на гас за Полска и за Бугарија, но и дека се обидува да го разбие единството на сојузниците на Украина. Како што јавуваат странските агенции, Полска, која е членка на НАТО, е меѓу европските земји што бараат најстроги можни санкции против Русија, поради инвазијата на Украина. Бугарија, исто така членка на Алијансата, речиси е во целост зависна од увозот на рускиот гас. Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, смета дека Русија „почнува со гасна уцена“. „Русија се обидува да го разбие единството…
Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји пред денешната посета на Скопје, порача прашањето за почеток на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ да се реши до јуни годинава. Тој изрази крајно разочарување што сè уште се разговара за ова прашање. „Кога сум веќе во Софија, има уште едно големо прашање кое не може да се избегне, а да не се продискутира. Тоа е кога ќе ги имаме првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и со Албанија и кога ќе почнеме да испорачуваме кон овие земји“, рече Вархеји во обраќањето на Регионалниот форум за односите меѓу Европската…
Договорот меѓу Владата и раководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за зголемување на платите од 12 проценти, не важи за членовите, па денеска продолжува штрајкот во основните и во средните училишта, а, според најавите, ќе трае сè додека не се најде прифатливо решение за двете страни. Од друга страна, СОНК одлучи градинките да продолжат со редовно работење. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, по вчерашната објава дека членството не го прифатило предлогот за зголемување на платите од 12 проценти, најави дека Синдикатот одлучил да организира голем масовен протест пред Владата в среда на 4 мај 2022 година. „Од…
Поради реконструкција на водоводна цевка Ф-80 мм. на улица „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, во близина на зградата на Владата, прекин во водоснабдувањето денеска ќе бидат корисниците од оваа и од улиците „Ристо Шишков“, „Аминта Трети“, „8 март“ и „Наум Наумовски Борче“, како и дел од булеварот „Илинден“, во Општина Центар, информираат од ЈП „Водовод и канализација”. Од таму појаснуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до завршување на работите. Поради реконструкција на водоводна цевка Ф-150 мм. на крстосницата на улиците „Св. Наум Охридски“ и „Кавалска“, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Пржино“, „Кавалска“ и…
Времето утре ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветар. Максималната температура ќе достигне до 28 степени. Утре, во попладневните часови, ќе има локален пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен, на места засилен, северен ветар. Услови за краткотраен локален дожд ќе има в петок и во деновите од продолжениот празничен викенд, а температурите позначително ќе опаднат.