Author: Sashko

Серија експлозии се слушнале рано утрово во рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, изјави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков. Според него, гори складиште за муниција. Гладков рече дека нема повредени цивили во пожарот што избувна во магацинот кај селото Стараја Нелидовка. Русија овој месец ја обвини Украина за хеликоптерски напад врз складиште за гориво во Белгород и дека гаѓала неколку села во таа покраина. Провинцијата Белгород се граничи со украинските региони Лугаск, Суми и Харков, каде што се водат борби откако Русија ја нападна Украина пред два месеца.

Read More

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала синоќа, нешто пред 23 часот, ја потресе Босна и Херцеговина. Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри од Билеќа, на длабочина од 2 километри. Локалните жители велат дека земјотресот бил краткотраен и не многу силен. Вакви последователни земјотреси се очекувани, со оглед на тоа што тлото сè уште се смирува од силниот земјотрес што во петокот ја погоди земјата. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил почувствуван во повеќе градови во Херцеговина, како Билеќа, Требиње, Мостар, Столац, Чапљина, но и во соседна Хрватска, односно Дубровник. Во земјотресот што во петокот ја…

Read More

Членови на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) денеска се собрани пред седиштето на СОНК по информациите дека е постигнато зголемување на платите за 12 проценти и оти штрајкот од утре ќе прекине. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска ги оквалификува како шпекулации информациите дека е потпишан договор со Владата и дека било поткупено раководството на синдикатот. „Едно е јасно. Вчера бевме во Влада и во изјава за медиумите кажавме дека разговаравме и дека останува на членството да се произнесе по предлозите. Од таа причина, сеуште се држат состаноци и се сондира мислењето на членството. И Синдикатот со 50…

Read More

Полициски и контролни камери, како и снимки од внатрешноста на болницата, протекоа во јавноста со досега необјавени моменти околу пукањето за време на снимањето вестерн филмот Rust во кој продуцентот Алек Болдвин несреќно ја застрела и уби снимателката Халина Хачинс со реквизит пиштол што го држеше за време на проба. https://www.youtube.com/watch?v=0YXxu_vZ_YI Полицијата во Ново Мексико ги објави сите досиеја поврзани со кривична истрага за нејзината смрт, вклучувајќи снимки од камери, од детективи, од извештаи за инциденти, фотографии од местото на злосторството и искази од сведоци.  https://www.youtube.com/watch?v=4cMlAiEtTFM На една од нив се гледа како полиција, медицински лица, но и оние кои…

Read More

Бензините од ноќеска на полноќ ќе бидат поскапи за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,29 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 86 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 85,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,5 денари за литар и ќе изнесува 84 денари за литар.…

Read More

Првпат по повеќе од шест години, супертанкер испорача американска нафта во Европа, објави „Блумберг“. Бродот „Солана“ со два милиона барели американска сурова нафта пристигна во шпанското пристаниште Билбао во средината на април, а потоа се упати кон германското пристаниште Вилхелмсхафен и Ротердам во Холандија. Се наведува дека нафтата на „Солана“ била претоварена во Мексиканскиот залив од мали бродови. Како што посочува „Блумберг“, европските земји „се повеќе се потпираат на американските енергетски ресурси за да компензираат за прекините во снабдувањето“ поради ситуацијата околу Украина.

Read More

Одлуките донесени на ниво на Европската Унија (ЕУ) ќе бидат од суштинско значење за иднината на Западен Балкан и неговата ЕУ перспектива во неделите што следуваат. Секое натамошно одложување на овој пат може да има сериозни регионални последици, предупреди шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во обраќање на Форумот за односите меѓу Европската Унија и Балканот (EU meets Balkans) во Софија на кој присуствува и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји. Османи говореше на панелот „Придобивки од интеграцијата“ што го модерираше поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Фередика Могерини. „Придобивките од интеграцијата во…

Read More

Денеска се навршуваат 36 години од несреќата во нуклеарната централа Чернобил во Украина. На денешен ден, во 1986 година, експлодира четвртиот реактор на тогашната советска нуклеарка, предизвикувајќи ја најтешката нуклеарна катастрофа. Советските власти по два дена соопштија за експлозијата. Десетици луѓе го изгубија животот веднаш по катастрофата, а се верува дека илјадници луѓе починаа од последици од радијација. Најтешката катастрофа во историјата на нуклеарната енергија принуди околу 300.000 лица да ги напуштат своите домови. Радиоактивниот облак прекри значаен дел од Европа со несогледливи последици. Нуклеарката Чернобил повторно е актуелна и од неодамна по руската инвазија врз Украина. Руските сили, кои…

Read More

Самопрогласената република Транснистрија, која има сопствен Устав, влада, валута и знаме, но никогаш не е призната од меѓународната заедница, би можела да биде вовлечена во руската војна во Украина. Високопозициониран руски генерал минатата недела изјави дека војската сака „целосна контрола“ на источниот регион Донбас и на јужна Украина и со тоа да добие пристап до Транснистрија, територија која се наоѓа во Молдавија. Руската државна новинска агенција ТАСС го цитираше Рустам Минекаев, командант на рускиот централен воен округ, кој нагласи дека цел на Русија е да направи копнен коридор меѓу Донбас и Крим што го анектира во 2014 година. Вчера во…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се надева дека откако претставници на СОНК ќе го известат членството оти е постигнат договор со Владата наставниците, професорите, воспитувачите и негувателите ќе се вратат на работните места од утре по што, како што рече, образовниот и згрижувачкиот процес ќе продолжи нормално. „Вчера после три и пол часовен разговор, дијалог со претставниците на СОНК беше договорено денеска претседателот и Одборот на СОНК да ги известат членовите на СОНК и сите оние вработени во образовните институции и во детските градинки кои штрајкуваат дека е постигнат договор со Владата, односно дека е постигнат договор…

Read More

Руските сили го зазедоа украинскиот град Кремина во областа Луганск, соопшти британското Министерство за одбрана. Како што пренесе Бета, поради борбените операции, не е можна евакуација на цивили. „Наводно, градот Кремина падна, тешки борби се во тек јужно од Изум, додека руските сили се обидуваат да напредуваат кон градовите Славјанск и Краматорск на север и исток“, соопшти британското Министерство за одбрана на Твитер. Русија пред неколку дена тврдеше дека го зазела градот, а од Украина нема соопштение за борбата во Кремина. Британската војска не ги откри изворите, според кои, руските сили го освоиле градот Кремина, оддалечен 575 километри од Киев.

Read More

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека се надева оти руските загуби во Украина ќе ги одвратат властите во Москва од повторување на слични акции на друго место. „Би-Би-Си“ пренесува изјава на Остин дадена по посетата на Киев во која истакнува дека САД сакаат да ја видат Русија ослабена до тој степен што „нема да може да прави работи како што правеше за време на инвазијата на Украина“. Остин смета дека Украина сè уште може да ја добие војната доколку ја добие вистинската поддршка. Државниот секретар за одбрана од Варшава порача дека САД ќе обезбедат дополнителна воена помош за…

Read More