Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Европската Унија (ЕУ) ќе се обиде да ја намали зависноста од руската нафта и гас за две третини до крајот на оваа година и да стане целосно независна до крајот на 2027 година, изјави еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони во интервју за италијанскиот весник „Месаџеро“. Џентилони предвидува дека економскиот раст на ЕУ во 2022 година нема да ги достигне проектираните 4 отсто, но напоменува дека е рано да се каже дали доцнењето ќе доведе до стагнација. На 16 мај се очекува ЕУ да ги објави своите т.н. пролетни прогнози.
По вчерашниот договор меѓу Владата и СОНК, денеска треба да биде донесена конечна одлука за прекин на штрајкот. Одлуката ќе биде донесена по консултациите на раководството на Синдикатот со членството кое доколку се изјасни потврдно ќе значи и враќање на учениците во училиштните клупи по двонеделниот прекин на наставата. Раководството на СОНК и Владата вчера постигнаа договор за зголемување на платите од 12 проценти со јулската плата, а средствата ќе бидат обезбедени со релабанс на Буџетот. Според Владата, зголемувањето на платите од 12 проценти нема да претставува ризик од дополнителна инфлација и нема да се одрази на нормалното сервисирање на…
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од денеска ќе почне со протести од 16 до 17 часот од Собрание до Влада. Како што најави претседателот на КСС, Благоја Ралповски, членството ќе остане на улица до исполнување на нивните барања кои се однесуваат на усогласување на платите со минималната плата во државата. „Бараме усогласување на платите во јавниот сектор, согласно покачувањето на минималната плата, а не како што е направено со Законот за административни службеници со кој платите се покачуваат од 100 до 200 денари. Досега имаме само едно покачување, а тоа е 5 отсто во 2019 година. И пред и потоа…
Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш денеска во Москва треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но очекувањата од средбата се мали, бидејќи досегашните дипломатски напори пропаднаа, јави „Би-Би-Си“. Разговорот меѓу Путин и Гутереш се очекува да биде со фокус на опколениот град Мариупол, каде што руските сили, и покрај прогласувањето на победата, не успеаја да ја освојат челичарницата Азовстал. Украина побара од Гутереш да гарантира хуманитарен коридор за евакуација на цивилите кои се засолнети во Азовстал. Шефот на ОН во четврток се очекува да отпатува за Киев на средба и со претседателот Володимир Зеленски.
Од денеска почнува етапната исплата на априлските пензии кои ќе бидат повисоки за 1.000 денари за над 330.000 пензионери, преку договорената директна финансиска помош за три месеци. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2022 година (вторник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2022 година (среда); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2022 година (четврток); и За пензии со висина…
Испораките на западно оружје за Украина значи дека НАТО „впрочем е вклучен во војна со Русија“, а тоа оружје за Москва ќе биде легитимна цел, порача рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во ТВ интервју што се емитуваше вчера. „Тоа оружје ќе биде легитимна мета на руското воено дејствување во контекст на специјалната операција. Русите сили во повеќе наврати гаѓаа складишта со такво оружје во западна Украина. Што друго? – НАТО е вклучен во војната со Русија преку посредник и го вооружува тој посредник. Војна е војна“, рече Лавров во разговорот за државната телевизија. Рускиот шеф на дипломатијата му…
Градоначалникот на Херсон денеска соопшти дека вооружени Руси ја презеле контролата врз Градското собрание. Херсон е единствениот поголем украински град што е окупиран од руските сили од почетокот на инвазијата досега. Иако градот е под руска окупација од почетокот на март, Градскиот совет барем досега работеше под контрола на централната украинска власт. Градоначалникот Игор Коликаев преку својот Фејсбук профил објави дека руските војници синоќа ги зеле клучевите од градското собрание и наместо редовното обезбедување пред влезот во зградата поставиле своја стража. Украинскиот весник „Правда“ денеска објави дека градскиот совет во Херсон престанува со работа. Весникот пишува дека Русите им дале…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, по вчерашната посета на Берлин, денеска ќе престојува во Софија каде што ќе учествува на меѓународна конференција за зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ, насловена „ЕУ се среќава со Балканот. Лекцијата од Украина: Европското проширување – заштитата од војна“. Покрај Османи, на конференцијата е најавено учество и на шефовите на дипломатиите на Албанија, на Босна и Херцеговина, на Косово, како и на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска. Ним ќе им се придружат еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак…
„Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“. Така првиот премиер на државата Никола Кљусев го претстави денарот како национална валута која официјално беше воведена на 26 април 1992 година (Велигден). Собранието тогаш донесе пакет на закони со кои државата се осамостои монетарно. На почетокот беа воведени вредносни бонови кои ги заменија тогашните југословенски динари во сооднос 1:1. Замената почна на 27 април 1992 година и траеше три дена. Југословенските книжни пари престанаа да важат на 29 април, а кованите пари од 1,…
Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска го одбележува јубилејот – 50 години од основањето. Свеченоста е во хотелот „Александар палас“ на која, покрај претседателката на ЗЕЛС, Данела Арсовска, ќе присуствуваат и актуелни градоначалници и претставници на Комитетот на советите при ЗЕЛС. Поканети се и премиерот и министри во Владата, претставници на дипломатскиот кор, како и личности кои со своите заложби придонеле за досегашниот развој на ЗЕЛС и на процесот на децентрализацијата. На одбележувањето на јубилетот ќе биде потпишан нов Меморандум за соработка меѓу Владата и ЗЕЛС. Актуелниот е склучен пред 19 години, на 5 март, 2003 година.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Попладне во некои места ќе има локално зголемување на облачноста проследено со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветар, претежно од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, а дневните од 16 до 28 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 7 степени, а дневната до 26 степени.
(Видео) СОНК и Владата се договорија за зголемување на платите за 12 проценти, на потег е членството
Штрајкот во образованието не е официјално прекинат, но оди во таа насока, откако претставници на СОНК и Владата попладнево договорија зголемување на платите за 12 проценти, почнувајќи од месец јули. Ова го истакна претстедателот на СОНК, Јаким Неделков по средбата во Владата на која учествуваа министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, министерката за труд и социјална политика,, Јована Тренчевска, премиерот Димитар Ковачевски, но и директорката на Европската конфедерација на синдикати во образованието, Сузан Флокен. „Членството ќе биде детално информирано за разговорите и се надевам дека во интерес на децата, во интерес на учениците, во интерес на родителите, на нашите…