Author: Sashko

Европската Комисија (ЕК) потврди дека се работи на шести пакет на санкции против Русија, но никакви детали за нивната содржина не се соопштуваат, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова денеска го потврди портпаролката на ЕК, Дана Спинант, на редовниот брифинг за новинари. „ЕУ до сега покажа дека е подготвена да оди далеку во воведувањето санкции чија цел е да се сопре (рускиот претседател Владимир) Путин во неговата нелегална војна против Украина. Ќе преземеме остри и брзи мерки, во солидарност со ЕУ земјите и меѓународните партнери“, изјави Спинант попладнево. Главниот камен на сопнување во ЕУ е воведувањето на силни санкции…

Read More

Русија денеска ќе отвори хуманитарен коридор за цивилите да ја напуштат челичарницата Азовстал во Мариупол, јавува новинската агенција Интерфакс, пренесува Скај Њуз. Се проценува дека во челичарницата има меѓу 300 и 1.000 цивили кои се таму со преостанатите украински борци кои го бранеа градот.

Read More

Немаме никаков договор, но имаме сигнали дека попладнево е можна средба во Владата, најави претседателот на Синдикатот на образованието, науката и културата, Јаким Неделков на денешната прес-конференција. „Договор со ресорните министри до овој момент немаме, меѓутоа има сигнали за можна средба во Владата попладнево. Доколку се оствари, дополнително, во текот на денот, ќе соопштиме детали и резултати“, најави Неделков. Тој упати апел до Владата да изнајде сили за исполнување на нивните барања кои се однесуваат на усогласување на платите и изрази надеж дека до крајот на денот би можело да има добри вести. „Доколку членството се изјасни позитивно по понудата,…

Read More

Москва упати барање до Вашингтон за САД да престанат со снабдување со оружје за Киев. „Осумстотини милиони долари оружје за толкава вредност ќе биде испратено во Киев од Вашингтон. Тоа е огромна сума и тоа не придонесува за никакво решение“, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов. „Нагласивме дека е неприфатливо САД да испорачува оружје на Украина и побаравме да се запре со таквите практики“, рече тој. Антонов оцени дека целта на САД е „да ја спречат Русија да застане цврсто на нозе и да се слушне гласот на Русија“.

Read More

Рускиот претседател, Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски му честитаа на Емануел Макрон за победата на вчерашните претседателски избори во Франција. „Путин му честиташе на францускиот претседател Емануел Макрон за неговиот реизбор и тоа што ја порази кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен“, соопшти денеска Кремљ. Макрон обезбеди победа над Ле Пен во вториот круг на гласање во текот на викендот, победувајќи ја својота екстремно десничарска ривалка, која беше обвинета за врски со Русија. „Искрено ви посакувам успех во вашите државни активности, како и добро здравје и благосостојба“, рече Путин во телеграмата до Макрон, според соопштението од…

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Остин Лојд вчера престојуваа во Киев, каде имаа средби со украинскиот претседател Володомир Зеленски. „Посетата претходно беше најавена од Зеленски, но не и од Белата куќа. Се чини дека Американците сакале да го задржат во тајност доаѓањето на нивните двајца високи функционери се додека не заврши посетата“, коментира „Би-Би-Си“. Ниту еден новинар не беше поканет, а патувањето не беше ниту официјално потврдено од Вашингтон се додека двајцата не се вратија безбедно во соседна Полска. За нивна несреќа, украинскиот претседател имаше други идеи – ја најави посетата пред преполната сала со новинари…

Read More

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). На граничните премини, како што се посочува, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани -…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветар од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени. До среда времето ќе биде сончево и топло, во попладневните часови со локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветар и дневните температури ќе бидат во благо…

Read More

Новиот состав на словенечкиот парламент ќе вклучува пет политички партии, двојно помалку од сегашните, а новата влада ќе ја формира Роберт Голоб од Движењето за слобода (ГС) кое освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Словенија. „Според нецелосните резултати, а по пребројани над 80 отсто од гласовите, партијата на Голоб освоила 33,7 отсто од гласовите и има 40 пратенички места во 90-члениот парламент“, пренесува Хина. Голоб, 55-годишен менаџер и релативно ново лице во словенечката политика, синоќа рече дека партијата ја постигнала величествен изборен резултат и дека сака да формира нова влада што е можно поскоро. „Сите вие ​​сте заслужни…

Read More

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран утрово, во 6:36 часот, на 115 километри југоисточно од Скопје, со епицентар на подрачјето Пехчево-Кресна. Ова го соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје од каде посочуваат дека земјотресот бил почувствуван во Делчево, во Берово и во Пехчево.

Read More

Со звуците на европската химна „Ода на радоста“, старо-новиот француски претседател Емануел Макрон синоќа пристигна под Ајфеловата кула, придружуван од неговата сопруга Брижит и децата, како симбол на неговата програма за новиот петгодишен мандат кој сака да биде со фокус на најмладитe, јави дописникот на МИА. „Благодарност до сите активисти, волонтери, сопатници и избрани функционери кои ме придружуваа од самиот почеток. Знам дека сите работевте напорно. Вистината доаѓа со чукање во срцето, а јас знам што ви должам. Сакам да се заблагодарам и на сите Французинки и Французи кои ми дадоа доверба за да го реализираме нашиот проект за понезависна,…

Read More