Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Голем пожар избувна во складиште за нафта во рускиот град Бријанск, пренесоа руските агенции, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации. „Во 2 часот на 25 април 2022 година, оперативната дежурна смена на Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации на Русија за регионот Бријанск доби информација за пожар на адреса во округот Фокински. На местото на повикот се испратени противпожарни и спасувачки екипи согласно обемот на пожарот. По пристигнувањето било констатирано дека има пожар во дело на складиштето за нафта“, се вели во објавата на веб-страницата на Министерството. Засега нема индиции дека пожарот е поврзан со војната во Украина.…
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба три-четири дена се врти низ парламентот како сирак, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов на прес-конференција во седиштето на партијата. Со тоа, тој ги критикува пратениците кои не го поканиле украинскиот гостин Кулеба да се обрати од говорницата во Собранието за време на неговата посета на Бугарија. „Пратениците денеска се занимаваа со се, само не и со важното за Бугарите“, додаде Борисов. Но, поранешниот бугарски премиер не застана тука и во негов стил го искоментира предлогот за техничка помош на Украина. „Јас не можам да разберам што значи техничка помош за заштитни…
Никој не може да гарантира колку време актуелната политичка гарнитура ќе се одржи на власт во Бугарија и дали некоја наредна би можела да има нови барања од нас, рече македонскиот претседател, Стево Пендаровски во вечерашното гостување во „Патот кон“ на Алсат ТВ. Тој се осврна и на барањето за впишување на македонските Бугари во Уставот. „Сите знаеме дека преговорите со Европската Унија, во најдобра варијанта, траат со години. Во случајот со Хрватска, на пример, траеја цели седум години. Секоја наредна држава која влегува во европското семејство, предолго преговара. Дури и да е сѐ идеално, нема човек кој ќе каже…
Русија тврди дека го освоила Мариупол или, како што тврдат во Кремљ, го ослободила јужниот пристаништен град во Украина. Иако во Москва ликуваат и најавуваат награди и ордени за своите војници, еден дел од Мариупол сè уште не е во руски раце – тоа е челичарницата Азовстал. Рускиот претседател одлучи да ги запре нападите врз комплексот и да примени друга тактика – блокада на челичарницата. Се поставува прашањето, зошто Русија се откажа од обидот да го освои Азовстал? Одлуката за запирање на јуришот врз Азовстал, Путин му ја соопштил лично на министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, откако тој го известил…
На Украина ѝ се потребни седум милијарди долари месечно за да функционира и да ги компензира економските загуби што ги нанесе Русија, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски. Ова е зголемување во споредба со претходната проценка на Киев од пет милијарди долари месечно. Во разговорот со челниците на ММФ и на Светската банка, Зеленски рече дека „руското оружје е насочено кон уништување на сите локации во Украина кои можат да послужат како економска основа за живот и развој. Ова ги вклучува железничките станици, магацините за храна, рафинериите за нафта и фабриките“.
Заемот што земјава го бара од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе биде со еден отсто камата, но деталите за неговото искористување допрва ќе се дефинираат. Парите од задолжувањето ќе се користат за поддршка на Буџетот, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими во гостувањето на ТВ Сител. Според Бесими, оваа каматна стапка е значително пониска од онаа што моментно може да изнесува за еврообврзница за нас, меѓу 4,5 – 5,5 проценти. Како што објасни Бесими, за процесирање на заемот ќе има официјално барање и мисија на ММФ во земјава. „Се работи за барање до ММФ во однос на задолжување, а тоа…
Македонија живее време на политички мотивирани судења против политички неистомисленици на власта, полошо од периодот на 1949 година. Исто како и тогаш: во име на народот. Една модерна инквизиција во која жртвата пред судењето да почне е веќе осудена и неформално е договорена и висината на казната меѓу спрегата власт-обвинителство -судство, пишува во екс премиерот Никола Груевски во пост на Фејсбук. Неговото ново јавување на социјалната мрежа е реакција на денешната пресуда за предметот „Плацови на Водно“ за кој доби казна затвор во траење од седум години, а Судот донесе одлука и за конфискација на имот на негово име. „Пресудите…
Најмалку седум лица загинаа денеска во голем пожар во Институтот за воени истражувања во Твер, на 160 километри од Москва, соопшти спасувачката служба, а пренесуваат руските агенции. Станува збор за Централниот истражувачки институт на руските воздухопловни сили. Руската телевизија објави видео од четирикатница над која се издига густ чад. Според изјавите на очевидци, неколкумина вработени во Институтот морале да скокнат преку прозорците од горните катови на зградата за да се спасат од пожарот кој зафатил површина од 1.000 метри квадратни. „Според последните информации, билансот на пожарот се искачи на седум загинати“, изјави портпаролот на спасувачката служба. Првично беше соопштено дека…
Со ребалансот на Буџетот ќе се кратат средства за мебел и за возила, а ќе се додаваат за електрична енергија и за енергенси, рече министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на Сител ТВ. Бесими, кој учествува на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, истакна дека ребалансот ќе биде доставен до Собранието веројатно до крајот на мај и со него е предвидено линеарно намалување на тековните расходи. „Со ребалансот ќе се сведат на минимум или на нула средствата за возила и за мебел, а ќе се кратат и други ставки, додека кај трошоците за електрична енергија и…
Велика Британија, во рамки на последното проширување на списокот со санкции против Москва, забрани увоз на кавијар и други луксузни производи од Русија. Забраната за увоз е проширена и на среброто и производите од дрво, додека за 35 проценти се зголемуваат царинските давачки за дијамантите и гумата увезени од Русија и Белорусија. „Ја користиме секоја можност да го засилиме притисокот за изолирање на руската економија, овие мерки само значат дополнително затегнување на завртките, затворајќи ги начините за остварување профит за воената машинерија на Владимир Путин“, изјави британската секретарка за меѓународна трговија, Ен-Мари Тревелјан.
Русија попладнево го прошири списокот со лица на кои им е забранет влез во земјата, како одговор на санкциите воведени од Западот. На „црната листа“ на Кремљ и потпретседателката на САД, Камала Харис, основачот на „Фејсбук“ Марк Цукерберг и портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. На ажурираната листа се додадени вкупно 29 американски функционери и новинари. „На овие лица им е забранет влезот во Руската Федерација на неодредено време”, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Забрана за влез во Русија во минатиот месец беше изречена и за американскиот претседател Џо Бајден. Бајден ја нема посетено Русија од 2011 година, кога беше…
Претставници на Сојузот на синдикатите на Макдонија (ССМ) попладнево имаа средба во Владата за исполнување на три барања – линеарно зголемување на платите за 2.806 денари за секој вработен во јавниот сектор, утврдување на регрес или К-15 во износ од 30 до 100 проценти од просечната плата и методологија за усогласувње на сите останати плати согласно порастот на минималната плата. Средбата се одржа попладнево во Владата на иницијатива на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а присуствувала и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, која денеска при посета на Сојузот на здруженија на пензионери најави дека Владата почнува…