Author: Sashko

Ние како Влада стоиме зад слободните убедувања на сите граѓани и очекуваме ист пристап и реципроцитет и за бугарските граѓани со македонско самосознание, вели премиерот Димитар Ковачевски за МИА како коментар за отворањето на клубот при културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола. „Се работи за контроверзна историска личност, која во Република Северна Македонија е доживувана на различен начин од различни групи на граѓани. Сепак, бидејќи се работи за граѓанска иницијатива, согласно Европската конвенција за човекови права, со која ние сме целосно усогласени, ваквите проекти не се предмет на државен надзор. Во Република Северна Македонија е овозможено сите граѓани слободно да…

Read More

Ревијата на олдтајмери прераснува во традиција, го носи Делчево преку локалните граници и го впишува во листата на европски градови во кои ваквите настани се посебна атракција, се огласи градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски на Фејсбук по денешната парада на олдтајмери низ градските улици. „Со оваа ретроизложба на олдтајмери се вративме во времето кога низ улиците на Делчево се возеа добро познатите заставини возила, но и по некој мерцедес, понтијак. Ова е прекрасна ревија која покажува дека на старите возила, доколку им се обрне внимание, може повторно да го добијат приматот на „кралици на патиштата“. Ме радува фактот што…

Read More

Генералниот штрајк на Самостојниот синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) ќе продолжи и во деновите што следуваат. Советот на СОНК на денешната седница одлучи да го одбие предлогот на Владата за 10 проценти покачување на платите за прекинување на штрајкот кој почна на 11 април. „Една од причините зошто овој предлог не е прифатен од СОНК е зошто истиот бил предложен усно, наместо во писмена форма“, информираа од СОНК, од каде додаваат дека над 95 проценти од синдикалните организации се изјасниле за отфрлање на дадената усна понуда. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на прес-конференција рече дека членството реагира на…

Read More

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров и еден од најдобрите централни бекови, Филип Миркуловски вечерва за последен пат ќе заиграат за репрезентацијата. Двајцата ќе бидат дел од македонската селекција во реваншот против Чешка за пласман на Светското првенство 2023. Првиот меч во Злин пред четири дена заврши 24:24, па Лазаров, кој ја извршува и селекторската функција, посакува било каква победа и остварување на целта – задржување на континуитетот на учества на големите натпреварувања. „Верувам дека со помош на 7.000 наши навивачи, кои ќе ни бидат „ветар во грб“, а не психолошки притисок, ќе ја победиме Чешка. Најважно е…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последните 24 часа направени се 1.649 тестови од кои се регистрирани 89 нови случаи со ковид-19, додека оздравеле 55 пациенти. Во текот на изминатото деноноќие не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Најголем дел од 89-те новозаболени лица (15 реинфекции) се регистрирани во Скопје – 46, потоа во Битола – 14, во Прилеп – 11, во Тетово, во Струмица и во Неготино – по 3, во Кавадарци и во Охрид – по 2, во Куманово, во Гевгелија, во Штип, во Струга и во Кичево – по 1. Досега…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски излезе со став за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, во кој наведува дека, иако отворањето на културни центри насекаде во демократскиот свет е чекор кон зближување на народите и нивните култури, именувањето на установи од областа на културата според докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна не и служи на таа благородна кауза. „Не спорејќи ја добрата намера на премиерот Петков, вчера во Битола во составот на бугарската делегација беа и двајца претставници на поранешната власт во Софија кои беа најгласни противници на македонскиот пат кон Европа. Со самото нивно присуство и изјави…

Read More

Демократскиот Сојуз (ДС) смета дека стратегијата на Македонија за отпочнување на пристапните преговори за полноправно членство во Европската Унија (ЕУ) е во колапс и истата треба да се редефинира. „Неразбирливo е тоа што министерот за надворешни работи пред некој ден објави дека имаме предлог договор доставен до Бугарија и чекаме на нивна согласност, па подоцна откако Бугарија изјави дека нема таков договор (или го отфрлиле), тоа било предлогот на Португалија. Потоа Германија соопшти дека во 2020 година сме ја чекале Албанија за заедно да ги почнеме преговорите (сега Албанија сака да оди пред нас), па отворање на Културен центар на…

Read More

Кандидатот за претседател на Франција, Емануел Макрон на својот единствен предизборен митинг пред вториот круг на претседателските избори во Марсеј најави дека неговиот „иден премиер ќе биде директно одговорен за еколошкото планирање“, јави дописникот на МИА . Тој не успеа да го исполни резервираниот простор за митингот на кои се собраа околу 2.000 до 3.000 луѓе, но не и 5.000 на колку се надеваше неговиот изборен тим. На трибината присуствуваа активисти кои беа донесени со изнајмувани автобуси или возови.  Ставајќи ја „екологијата во срцето на новата политичка парадигма“, тој најави дека неговиот „следен премиер ќе биде директно одговорен за еколошкото…

Read More

Режимот во Киев забрани преговори за предавање во Мариупол и со таквата одлуката донесе „наредба“ да се пука на сите кои сакаат да се предадат, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал Игор Конашенков. „Според него, во некогашниот металуршки комбинат „Азовстал“, заедно со украинските сили, се блокирани и околу 400 странски платеници, меѓу кои најголем дел се државјани на европските земји, но има и Канаѓани, пренесува „Известија“. Шефот на рускиот Национален центар за управување со одбраната, Михаил Мизинцев денеска соопшти дека руските оружени сили им понудиле на припадниците на националистичките баталјони и странските платеници кои се блокирани во Мариупол…

Read More

Украина ќе побара 50 милијарди долари финансиска помош од групата Г7 најразвиени светски економии. „Ја разгледуваме и идејата за издавање на бескупонски обврзници за покривање на буџетскиот дефицит во наредните шест месеци кој настана поради војната“, соопшти Олег Устенко, советник за економија на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Read More

Украинските сили ќе продолжат да го бранат Мариупол, и покрај ултиматумот на Русија, соопштија попладнево официјални лица на јужниот пристаништен град во Украина. Советник на градоначалникот на Мариупол одговори на барањето на руското Министерство за одбрана за предавање на украинските војници кои и натаму пружаат отпор на руските напади, порачувајќи дека борбата за градот продолжува. „Окупаторите во саботата вечер најавија дека ќе обезбедат „коридор за предавање“ за преостанатите трупи. Но, нашите бранители продолжуваат да ја држат одбраната на градот“, рече Петро Андриушченко на „Телеграм“, пренесува „Си-Ен-Ен“. Мариупол е стратешко пристаниште на Азовското Море и се наоѓа во центарот на напорите…

Read More