Author: Sashko

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири ги повика наставниците во основните и во средните училишта да го продолжат образовниот процес, бидејќи тоа е од најдобар интерес на децата. „Децата треба да се на прво место, затоа што правото на образование на секое дете е загарантирано со Устав. Губењето на настава во услови како оваа пандемија, кога Владата и Министерството за образование и наука направи максимални напори да го нормализира образовниот процес, не оди во прилог никому, најмалку на учениците“, напиша Шаќири на својот Фејсбук профил. Потенцира дека учениците треба да се вратат во училиштата, таму каде што и припаѓаат.…

Read More

„Нема малцинства во бугарскиот устав и тој почива на целосно друг принцип, на индивидуално право, а не на колективното. Ние немаме малцинства во нашата земја, тоа така стои во законот“, изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, зборувајќи за барањата за признавање на македонските здруженија во Бугарија, при денешната посета на Охрид. Во однос на тоа дека Бугарија бара признавање на правата на Бугарите во Северна Македонија, додека од друга страна не ги признава правата на Македонците во Бугарија за што има и пресуди од судот во Стразбур, Јотова, рече „ние немаме малцинства во нашата земја, додека кај вас е различно,…

Read More

Царинските власти запленија стотици илјади млади јагули на аеродромот „Шипхол“ во близина на Амстердам, соопшти Холандската служба за заштита на храна и потрошувачи. Двајца мажи и една жена од Малезија, кои патувале од Португалија до Малезија, носеле стотици илјади млади јагули во осум еднакви големи црвени куфери кои го привлекле вниманието на чуварите на аеродромот. „Во куферите имаше вреќички со вода и млади јагули. Инспекторите на Службата за заштита на храна и потрошувачи пронајдоа 105 килограми, тоа се околу 300.000 јагули“, се вели во соопштението на властите. Тројцата осомничени се уапсени и приведени, а запленетите јагули ќе бидат пуштени во…

Read More

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ги повика Полјаците да воведат лични санкции кон Русија, преку бојкот на стоки од руски компании или странски кои заработуваат во Русија. „Бидејќи војната веќе на некој начин се однесува на секој од нас, тогаш секој од нас на некој начин мора да се вклучи во нејзино запирање. Затоа, ве повикувам самоиницијативно да воведете лични санкции. Најочигледен е бојкотот на руските производи, бојкотот на руските компании, но и на оние странски кои не сакаат да престанат да заработуваат со нивното присуство во Русија“, рече Моравјецки во својот викенд подкаст. Полскиот премиер рече дека списоците на тие…

Read More

Руското Министерство за одбрана тврди дека руските сили во Мариупол опколиле 400 странски платеници кои се борат на украинска страна, пренесува агенцијата РИА Новости. „Вкупно, според информациите што ги добивме од украинските војници кои се предадоа, на територија на фабриката „Азовстал“ во моментот се опколени до 400 странски платеници“, изјави генерал Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана. Најголем дел од нив се државјани на европските земји и на Канада, додаде рускиот генерал и додаде дека платениците, според меѓународното хуманитарно право, немаат заштитен статус. „Сега, во најдобар случај ги чека долга затворска казна“, порача Конашенков. „И претходно известивме дека…

Read More

Во Украина почнаа да пристигнуваат пратки од најновиот пакет на американската воена помош, јави утрово „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на неименуван претставник на Белата куќа. Американскиот претседател Џо Бајден, претходно оваа недела, одобри дополнителни 800 милиони долари воена помош за Украина. Бајден рече дека во поддршката за Украина ќе биде вклучено ново оружје за борба против очекуваниот „поширок напад“ на Русија на исток.

Read More

Долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата во целина, проширувањето на Европската Унија (ЕУ) ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја стабилизира демократијата. Многу е важно Северна Македонија и Албанија да ги започнат пристапните преговори со ЕУ без одлагање, порача премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за грчкиот весник „То вима“, истакнувајќи дека особено во контекст на војната во Украина, важно е процесот да започне без ден одлагање, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервјуто со наслов „Веднаш да започнат пристапните преговори со ЕУ“, направено по повод учеството на премиерот и владината делегација на…

Read More

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) ја обвини кандидатката за претседател на Франција, Мари ле Пен и нејзини блиски за проневера на околу 600.000 евра европски пари за време на нивниот мандат како европратеници, јави дописникот на МИА од Париз. Обвинението е објавено вчера и веќе е предадено во Обвинителството од каде потврдија дека го добиле извештајот од 11 март и во моментот е предмет на анализа. „Изненаден сум од тајминг на откритието и неговата инструментализација“, реагираше Родолф Боселу, адвокатот на Ле Пен, за време на кампањата за вториот круг од претседателските избори. Боселу, исто така, вели дека е…

Read More

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК денеска треба да се произнесе дали ќе продолжи со штрајкот во образованието или истиот ќе биде прекинат. Пратеничката од редовите на СДСМ, Даниела Николова вчера упати апел до челниците на СОНК да се вратат на дијалогот и наставата да продолжи, со став дека ќе се најде решение кое е во интерес на наставниците. Таа истакна оти не треба да се дозволи наставата да се пролонгира и со тоа да се загрозат уписите, државната матура како и полагањето стручен испит на петстотини наставници. „Училишната година мора да продолжи да се одвива непречено,…

Read More

Речиси 1.000 украински деца, кои поради војната беа принудени да ја напуштат својата земја, се вклучени во хрватските основни и средни училишта и во градинките. Од вкупно 983 украински кои пристигнаа во Хрватска, најмногу се основци – 838, во средните училишта се запишани 64, а во градинките има 80 деца. Повеќето основци се запишале во Загреб или 116 деца во 42 училишта, додека во Сплитско-далматинската жупанија има 91 дете во 30 училишта. Моментално најголем проблем им е јазикот, но, како што посочуваат директорите на неколку училишта, брзо го совладуваат, а за подобро да се интегрираат во новата средина се вклучени…

Read More

Општина Центар Жупа денеска бира градоначалник на повторените локални избори. „Од 7 часот се отворени сите 16  гласачки места и изброниот тек се одвива нормално. Се надеваме дека така ќе мине целиот изборен ден. Во единствениот избирачки список се запишани 7.077 лица со право на глас, што е за 240 гласачи помалку споредено со локалните избори од 17 октомври минатата година“, рече Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија. Вчера во оваа општина гласаа 52 болни и изнемоштени лица. Во трка за градоначалничкото место се двајца кандидати – Шаин Шаќир, од партијата Движење за национално единство на Турците и Аријан…

Read More

Четиринаесет лица се повредени во инцидент со пукање во трговски центар во Колумбија, главен град на американската сојузна држава, Јужна Каролина. „Во врска со инцидентот се приведени три лица кои имале оружје со себе“, изјави началникот на полиција, Скип Холбрук. „Не веруваме дека ова е несреќен случај. Мислиме дека се познавале и дека нешто довело до пукањето“, рече Холбрук. Надлежните соопштија дека во инцидентот нема жртви, но во болница се пренесени осум повредени од кои двајца се наоѓаат во критична состојба. Останатите лица се стабилни. Повредените се на возраст од 15 до 73 години.

Read More