Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Првиот промотивен настан на заедничката кампања на Европската Унија и Совет на Европа „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ ќе се одржи денеска во дворот на средното училиште „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Младите, заедно со уметникот Дејан Давчевски, ќе нацртаат мурал на ѕидот на средното училиште, преку кој ќе ја испратат главната порака на кампањата и ќе ги повикаат сите млади да се обединат против омразата и дискриминацијата во нашето општество. Кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ има за цел да ја покрене свеста за различните форми на говор на омраза кои таргетираат специфични заедници и поединци во македонското општество,…
Владата и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК викендот ги продолжуваат разговорите во обид да изнајдат заеднички прифатливо решение за зголемување на платите во образованието и предучилишното воспитување и згрижување. Од СОНК велат дека сè уште не добиле конкретен предлог за зголемување на платите и оти до крајот на викендот треба да одлучат за главното барање од Владата за ставање на штрајкот во мирување и враќање на учениците на настава. „Добивме некои информации кои повторно не се поврзани со утврдување процент. Сега Советот на СОНК ќе расправа во однос на расправите што ги имавме во Владата и…
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков денеска ќе престојува во посета на Битола, каде ќе отвори клуб во состав на културниот центар „Иван Михаилов“. Бугарскиот премиер ќе биде придружуван од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, од министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска и од поранешната шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева кои ќе промовираат владини проекти. Петков претходно ќе има средба со здруженија на бугарски граѓани во земјава. Во делегацијата што ја предводи Петков ќе има луѓе од различни партии што ќе дадат поддршка на бугарската заедница во Северна Македонија и кои ќе потврдат дека, како што рече, Република Северна Македонија треба…
Времето денеска ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот со локални врнежи од дожд кои повремено ќе продолжат и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен променлив ветар од северен правец. Минималната температура ќе биде во нтервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветар кој попладне ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне 23 степени. Под влијание на влажна и студена воздушна маса во недела и понеделник времето ќе биде…
Министерството за рудници и нафта на авганистанската талибанска влада објави два тендера за разработка на големи наоѓалишта на минерали, јави телевизијата Ал-Мајадин. Министерството очекува да привлече приватни компании да разработат наоѓалиште на железна руда во провинцијата Херат и наоѓалиште на оловна руда во провинцијата Гор, велејќи дека тендерот „спаѓа во категоријата големи национални проекти“. Светската банка завчера објави извештај „Кон економска стабилизација и закрепнување“ за моменталната состојба на авганистанската економија. Во извештајот се вели дека откако Талибанците дојдоа на власт, приходот по глава на жител во Авганистан е намален за околу една третина. Економскиот пад беше предизвикан од остриот пад на меѓународната…
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен им порачал на европските сојузници дека, според проценките на САД, руската војна во Украина би можела да трае до крајот на оваа година, објави „Си-Ен-Ен“. Според американската ТВ мрежа, повикувајќи се на изјавите на двајца неименувани европски функционери, Блинкен рекол дека со своите колеги разговарал за американската загриженост дека војната може да трае подолго. „Но, целиот негов ангажман се однесува на тоа што е најдобро за војната да заврши што е можно поскоро“, рече неименуван претставник на Стејт департментот. Многу официјални лица претходно истакнаа дека е тешко да се предвиди колку долго би можела да…
Соединетите Американски Држави веруваат дека потонатиот руски воен брод „Москва“ бил погоден од две украински ракети, изјави висок американски функционер, пренесува „Би-Би-Си“. Официјален Киев истакнува дека негови ракети го погодиле бродот, но Русија не пријави никаков напад и тврди дека бродот потонал по пожар што бил предизвикан од експлозија на муниција. Украина, пак, тврди дека во експлозијата загинал и капетанот на „Москва“. Антон Херашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, рече: „Капетанот од прв ранг, командант на крстосувачот Москва од Црноморската флота Антон Куприн загина за време на експлозијата и пожарот на бродот“. Капетанот Антон Куприн даде наредба да…
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко најави дека планира преименување на улиците и плоштадите во главниот град на Украина кои во моментот се поврзани со Русија. Тој изјави дека поранешниот киевски Плоштад на пријателството меѓу Киев и Москва ќе биде преименуван во „Херои на Мариупол“.
Тела на повеќе од 900 цивили се откриени во регионот на Киев по повлекувањето на руските сили, изјави денеска регионалниот началник на украинската полиција, Андриј Небитов. Тој посочи телата биле оставени на улица или привремено закопани, а 95 отсто од жртвите починале од снајперски оган и прострелни рани. „За време на руската окупација, луѓето едноставно беа застрелувани по улиците. Ова е факт кој е регистриран. Во 21 век е невозможно да се сокрие овој вид на криминал. Тие се видени од набљудувачи, а исто така и снимени на камера“, додаде тој. Тим експерти од форензичкиот оддел на француската национална жандармерија…
Амбасадорот на САД во БиХ, Мајкл Марфи изјави дека за геноцидот во Сребреница се виновни поединци, а не етнички групи, нагласувајќи дека е важно политичките лидери и институциите да имаат трајна обврска да ги решаваат и сите други воени злосторства за време на војната во БиХ. „Признајте ги фактите и прифатете, кажете ја вистината на помладите генерации, почитувајте ги жртвите, неуморно работете на пронаоѓање, ексхумирање и идентификација на исчезнатите лица и активно истражувајте ги и гонете ги осомничените кои сè уште се наоѓаат на слобода“, рече Марфи за време на посетата на Меморијалниот центар во Сребреница. Според него, тоа е…
„Мислам дека сега сме во многу безбедна зона и дека тука ќе останеме барем неколку месеци. Сепак, мора да бидеме внимателни и да се подготвиме за евентуален нов бран на пандемијата“, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Тој вечерва во гостувањето на ТВ Телма посочи дека „сега се наоѓаме во многу помирен дел од пандемијата, но мора да бидеме внимателни затоа што не знаеме што ќе нѝ донесе есента“. „Сега сме во еден многу помирен дел од пандемијата, не би рекол дека е зад нас. Мора да бидеме внимателни, не знаеме што ќе ни донесе есента, но…
АТИНА. „Нашето пријателство е крунисано со наградата „Евалд фон Клајст“, чија цел е да им оддаде чест на водечките личности во безбедносната политика кои дадоа исклучителен придонес во меѓународниот мир и управувањето со конфликти”, рече поранешниот претседател на владата Зоран Заев вечерва пред членовите на СИРИЗА во Атина во рамки на партискиот конгрес на кој е гостин на покана на лидерот Алексис Ципрас. Заев рече и дека тој и поранешниот грчки премиер Ципрас ја делат и „Хесијанската награда за мир” која се доделува на поединци кои имаат извонредна услуга за унапредување на меѓусебното разбирање меѓу народите и мирот, а, ни…