Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Поранешниот македонски премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев имаше 20-минутно обраќање пред делегатите на третиот Конгрес на грчката опозициска партија СИРИЗА. Говореше, меѓудругото, за Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор меѓу двете земји, за храбриот пристап кон проблемот што го имале со неговиот тогаш колега премиер, Алексис Ципрас, бидејќи сите бегале од негово решавање. „Јас и мојот пријател Алексис направивме џиновски чекор за иднината на нашите држави, за нашите граѓани, за целиот регион и за Европа. Во име на пријателството во иднина, мирот и стабилноста, за подобра иднина на малдите генерации“, рече Заев од говорницата пред…
Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски најавува дека ќе иницира итно расчитување на теренот во поранешната фабрика „Треска“. Тој во изјава за медиумите соопшти дека веќе разговарал со вработените во општината за да се испита какви материјали има на тој терен и колку тие се штетни за граѓаните. „Мојата информација е дека во „Треска“ има 35.000 до 40.000 метри квадратни азбестен кров. Во вчерашниот пожар беше зафатен и кровот, а денеска сѐ уште паѓаат азбестните плочи. Искрено, јас по долго време, вчера првпат влегов и тоа што го видов можеме да го споредиме со Чернобил. Значи многу шут, азбестни кровови, жителите…
Обраќање на поранешниот македонски премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев пред делегатите на Конгресот на СИРИЗА https://www.youtube.com/watch?v=35I_UP4j_bc На Конгресот на СИРИЗА, во име на СДСМ, присуствуваат и Бојан Маричиќ, Сања Лукаревска и Бисера Костадиновска – Стојчевска.
Москва денеска најави протерување на 18 дипломати од мисијата на Европската Унија (ЕУ) во Русија. Одлуката доаѓа како одговор на сличен потег преземен од Брисел по офанзивата на Кремљ во Украина. „Како одговор на непријателските дејствија на Европската унија, 18 членови на Делегацијата на ЕУ во Русија се прогласени за персона нон грата и мора да ја напуштат руската територија што е можно поскоро“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков в сабота ќе престојува во Битола, каде што ќе присуствува на свеченото отворање на клубот на Центарот за култура „Иван Михајлов“. Петков е прв бугарски премиер што ќе ја посети Битола, соопшти прес-службата на бугарската Влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, пред почетокот на настанот Кирил Петков ќе разговара со претставници на бугарски здруженија во Република Северна Македонија. Во рамки на посетата, бугарскиот премиер и министри во Владата на Република Северна Македонија ќе го посетат далноводот Битола-Елбасан. Изградбата на далноводот претставува реализација на енергетскиот дел од Коридорот 8. Во делегацијата предводена од…
Советот на СОНК не добил конкретен предлог за покачување на платите и затоа до крајот на викендот треба да одлучи за главното барање од Владата, за ставање на штрајкот во мирување, во интерес на враќање на учениците во клупите и нормалното функционирање на градинките. Ова го изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков по средбата во Владата на која присуствувал и премиерот Ковачевски и министрите за образование и за наука и за труд и социјална политика, Јетон Шаќири и Јованка Тренчевска. „Добивме некои информации кои повторно не се поврзани со утврдување на процент. Сега Советот на СОНК ќе расправа во однос…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Европа нема друга алтернатива, освен да продолжи да ги користи руските енергенси, предупредувајќи на „исклучително болни“ економски последици, доколку континентот се обиде да го прекине снабдувањето со нафта и гас. „Европа едноставно нема разумна замена, како што нема ниту резервни количини на глобалниот пазар. А, испораките од други земји, пред сè од САД, кои би можеле да бидат испратени во Европа, многукратно повеќе ќе ги чинат потрошувачите“, рече Путин во обраќањето од својата резиденција во близина на Москва. Лидерите на земјите од Европската Унија се обидуваат да ја намалат зависноста од руската енергија. Украинскиот…
Индија доби нова серија на противвоздушни ракетни системи С-400 од Русија, објави „Индија тудеј“ (India Today), повикувајќи се на високи извори. „Според изворите, серијата ракетни системи С-400 била испорачана со брод и веќе е во употреба. Делови од ракетниот систем пристигнале по воздух и море и брзо биле распоредени на нивните одредени места“, пишува весникот. Русија и Индија потпишаа договор за испорака на С-400 во октомври 2018 година. Како што беше претходно објавено, петте полкови комплети ќе го чинат Делхи 5,43 милијарди долари. Индија стана третиот странски купувач на овие системи по Кина и Турција. Извори од Министерството за одбрана…
Граѓаните сметаат дека најголем пријател на Северна Македонија е Србија. За речиси 39 отсто од испитаниците, Србија е прв избор на пријателство, додека на второто место се наоѓаат САД со 17 отсто. Европската Унија (ЕУ) бележи пад во споредба со 2020 година и за неа се изјасниле само осум отсто од испитаниците. Ова го покажуваат наодите од „Опсерваторијата на влијанието и имиџот на државите“ во рамки на проектот на Институтот Преспа „Надворешна политика и меѓународни односи“, во чии рамки функционираат две компоненти – Индекс за меѓународно присуство и Имиџ опсерваторија. Според овие наоди, тренд на двојство на Србија и САД…
„Руските дипломати никогаш не се мешале во внатрешните работи на Северна Македонија и не извршувале дејствија што ја прекршуваат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година“, се наведува во реакцијата на руската амбасада во Скопје по повод одлуката за дополнително протерување на шест руски дипломати од Северна Македонија. „Овој непријателски чекор и неговите последици ќе имаат сериозно влијание врз односите меѓу Русија и Северна Македонија. Посебно сакаме да нагласиме дека обвинувањата се целосно неосновани“, наведува руската Амбасада на својата официјална Фејсбук страница. „Руската страна најави мерки кои нагласи дека нема да бидат нужно симетрични, но порача дека ќе бидат…
Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) издаде дозвола за итно одобрување на тест за ковид-19 кој се прави преку здив, јави агенцијата ДПА. „Уредот, отприлика, е со големина на рачен куфер“, соопшти денеска ФДА и додаде дека „корисниците дуваат во цевка, како да дуваат балон“. Тестот „InspectOR COVID-19 Breathalyzer“ ги дава резултатите за помалку од три минути, врз основа на хемиска анализа и може да се користи во ординациите на лекарите или во болниците. Тестот треба да го врши квалификувано, обучено лице под надзор на здравствен работник лиценциран или овластен со државниот закон за издавање тестови. Уредот може точно…
Вечерва во Атина започна Конгресот на СИРИЗА. Меѓу гостите на грчката опозициска партија, во првиот ред во салата, е и поранешниот македонски премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Тој доби посебна почит од лидерот на СИРИЗА, Ципрас, а од присутните во салата беше поздравен со овации и аплаузи.