Author: Sashko

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека неговата земја нема оружје за ослободување на Мариупол, пристаништен град кој е пред освојување од руските сили. „Ако добиеме авиони, доволно тешки оклопни возила и потребна артилерија, ќе можеме да го направиме тоа“, истакна Зеленски во синоќешното видеообраќањето. Тој додаде дека е сигурен оти Украина ќе добие сè што ѝ е потребно. „Но, не се губи само време. Се губат животи на Украинци. Животи кои повеќе не можат да се вратат“, наведе Зеленски. Борбите за Мариупол, што е стратешки важен град поради неговата локација на Азовско Море, траат повеќе недели.

Read More

Властите во Грузија и во Молдавија ги добија прашалниците за пристапување во Европската Унија (ЕУ), што претставува важен момент со кој се означува почеток на долгиот процес до полноправно членство. Прашалниците ги добија од комесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеји, јави агенцијата ДПА. „Документот е прв чекор на вашиот европски пат“, му рече Вархеји на грузискиот министер за надворешни работи, Илија Дарчијашвили на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. Документот служи како основа за пристапните разговори во ЕУ за апликантите. Молдавија и Грузија аплицираа за членство во Унијата, откако Русија ја нападна Украина. Украина,…

Read More

Украинските сили во опколениот Мариупол наводно се подготвуваат за последната битка со Русите кои веќе шест недели со обидуваат да го заземат градот, јавува АФП. „Денеска веројатно ќе биде последната битка, со оглед дека имаме недостиг на муниција. За некои од нас тоа значи смрт, за некои заробеништво“, се наведува во објавата на Фејсбук од 36-та бригада на маринци на украинските оружени сили и додаваат дека руската војска ги опкружила и потиснала. Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека од почетокот на руската инвазија на земјата се убиени повеќе десетици илјади на Мариупол. „Мариупол е уништен. Десетици илјади лица се…

Read More

Погребот на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој почина под, засега сè уште, неутврдени околности во Скопје, е закажан за утре во неговото родно Ѓаково. Неговиот брат Борис го објави некрологот со емотивни пораки за прерано згаснатиот живот на Денис Тот. Ракометарот во петокот беше хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје, но и покрај обидите за реанимација, тој, сепак, им подлегна на повредите во текот на денот. Полицијата првично објави дека Тот бил без видливи траги на насилство, но снимки од безбедносни камери, кои подоцна се појавија во јавноста, укажуваат дека тој бил жртва на физичко насилство.

Read More

Валентин Резниченко на Твитер напиша дека во текот на вчерашниот ден гранати го погодиле аеродромот во Дњепар и околната инфраструктура, пренесува „Би-Би-Си“. Во одвоени напади, руското Министерство за одбрана соопшти дека се уништени четири противвоздушни ракетни системи С-300 кои наводно биле скриени во хангар на периферијата на градот. Русија, исто така, посочи дека во нападот се фатени и 25 украински трупи. „Би-Би-Си“, пак, додава дека не може да ги провери таквите наоди, но ако се точни, тоа би бил сериозен удар за Украина која се надеваше дека противвоздушните системи ќе ја засилат нејзината одбрана.

Read More

Германската полиција уапси маж на возраст од 28 години во Карлсруе, откако признал дека изгребал или на друг начин оштетил околу 260 автомобили во градот за само неколку дена. „Тој минатата недела се предаде на полицијата и признал дека ја направил штетата. Притоа објаснил дека бил љубоморен на сопствениците на автомобилите и оти има „лични проблеми“, се наведува во полициското соопштение. Оштетени се главно скапи автомобили што биле паркирани во центарот на Карлсруе, седиште на највисокиот германски казнен и уставен суд. Осомничениот од порано е полициски евидентиран и пуштен од затвор во мај во 2021 година, додадоа од германската полиција.

Read More

Русија тврди дека уништила противракетни системи „С-300“ во Украина што Киев ги доби од една европска држава, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, како и дека руските сили собориле два авиони „Су-25“. Руското МО тврди дека ракети „Калибар“ лансирани во неделата уништиле четири лансери „С-300“ што биле сокриени во хангар во предградие на Дњепар. „Во нападот биле погодени 25 украински војници“, тврдат воените власти во Москва. Притоа руската страна не наведува од која европска држава се испорачани системите „С-300“. Словачка која донираше свои противракетни системи „С-300“ вчера ги отфрли информациите дека се погодени нивните ракетни системи, односно дека руските информации…

Read More

Лидерот на чеченската република, Рамзан Кадиров во видео порака на Телеграм утрово порача дека руската војска ќе тргне во офанзива, не само на опколениот Мариупол. туку и на Киев и други украински градови. „Ќе има офанзива. Не само на Мариупол, туку и на други места, градови и села“, рече Кадиров. „Прво во целост ќе ги ослободиме Доњецк и Луганск, а потоа ќе го заземеме Киев и други градови“, додаде тој. Кадиров вели дека не треба да постои сомнеж околу Киев. „Ви гарантирам, ниту еден чекор нема да се повлечеме“, нагласи Кадиров. Европската Унија и САД неколкупати го обвинија за кршење…

Read More

Почна руската офанзива во Донбас, изјави утрово висок украински функционер, додавајќи дека Русија продолжува да концентрира трупи на истокот на Украина. „Големата руска офанзива во источна Украина, според мене, започна. Мора да разбереме дека ова нема да биде повторување на 24 февруари. кога почнаа првите воздушни напади и експлозии“, изјави Вадим Денисенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, за државната телевизија. Украински и западни официјални лица велат дека значајни маневри на руските сили кон Донбас се забележани во последните денови, откако Русија не успеа да го освои Киев. „Русите трупаат сили и опрема во Доњецк и во Луганск. Сè…

Read More

Турција би можела да ја разгледа опцијата за набавка на руски борбени авиони „Су-57“, доколку американскиот Конгрес не одобри Анкара да купи повеќенаменски борбени авиони „Ф-16“ од американско производство. Во написот објавен во денешнот издание на истанбулскиот весник „Милет“, инаку гласило блиско до турските власти, се наведува дека Анкара побарала од Вашингтон да дозволи продажба на 40 борбени авиони-ловци „Ф-16“, Блок 70, 80 и 90 комплети на опрема за надградба на основната верзија на моделот „Ф-16“ какви што веќе има во составот на турското воено воздухопловство. Доколку барањето на биде одобрено, Анкара ќе бара алтернативни решенија, меѓу кои спаѓа и…

Read More

Две лица се убиени, а 10 се ранети во пукотница што се случи ноќеска во преполн ноќен клуб во американската држава Ајова, соопштија локалните власти. Шефот на полицијата во градот, Вејн Џерман изјави дека, според досегашните сознанија на истрагата, двајца мажи пукале од автоматско оружје во ноќен клуб околу 1:30 часот по локално време. Како што појасни тој, полицајците кои биле во близина поради друг инцидент, ги пронашле жртвите додека од 100 до 150 лица се дале во бегство. Еден од ранетите е во критична состојба. Полицијата е во потрага по осомничените. Шефот на полицијата истакна дека сè уште не е…

Read More

Штрајкот во училиштата и градинките е почнат како што планиравме и во најголем дел е без сериозни проблеми, изјави Јаким Неделков, претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), за МИА. Во текот на денот, СОНК ќе одржи и прес-конференција на која ќе информира за оценка за штрајкот и евентуално за проблеми. -Ако евентуално имало конфликтна ситуација или вршење на притисок врз оние кои штрајкуваат да прифаќаат децата. Најавивме дека штрајкувачите ќе бидат во посебна просторија. Одговорноста за прифаќање на учениците, односно на децата во градинките, ќе биде на директорите. Не може по секоја цена или со сила…

Read More