Author: Sashko

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази сомневање дека советниците на рускиот претседател, Владимир Путин во целост го информираат за војната во Украина. На германски политички подкаст што ќе биде објавен во недела, Шолц рекол „дека е уверен оти рускиот претседател не е добро информиран“ и дека „неговите служби кријат многу работи од него“. Како пример го наведе бројот на загинати руски војници во војната. Слична изјава имаше и првиот човек на британскара разузнувачка агенција GCHQ кој четвртокот рече дека советниците на Путин се плаѓат да му ја кажат вистината. Американската влада, исто така, изнесе слични коментари, повикувајќи се на свои разузнувачки…

Read More

„Само паднав и повеќе не се сеќавам на ништо“, вели Александар, еден од повредените рудари во експлозијата што утрово се случи во рудникот „Соко“ кај Сокобања во Србија, пренесува блиц.рс. Тој, како што наведуваат „Новости“, во моментот на експлозијата се наоѓал во транспортер. Владица Вучиќ кој, исто така, со години работи во рудникот е хоспитализиран во болницата во Алексинац. „Работев во непосредна близина на местото на кое се случи експлозијата. Ме влечеа со ленти за да ме изнесат надвор. Само на тоа се сеќавам“, вели Владица кој по укажаната медицинска помош вели дека се чувствува добро. Во несреќата утрово загинаа…

Read More

Поразот на Италија од македонската репрезентација во полуфиналето од мундијалскиот бараж, освен италијанската јавност, тешко го поднесе и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. „Навистина би заплакал поради тоа што Италија ќе го пропушти Светското првенство“, изјави Инфантино за РАИ Спорт во пресрет на денешната ждрепка во Доха за групната фаза на Мундијалот. Инфантино, кој е Швајцарец со италијанско потекло, рече дека е „тажно за сите Италијанци што Азурите вторпат по ред нема да учествуваат на Светско првенство“. „Но, ситуацијата е таква, само 32 репрезентации можат да се квалификуваат и Светското првенство е на секои четири години. Барем засега“, изјави Инфантино.…

Read More

Хакерите од групата „Анонимуси“ упатија закана до западните компании што продолжуваат со работа во Русија, а дел од нив уверуваат дека веќе се повлекле од земјата, дури и пред предупредувањето. На интернет беше објавен список со 42 фирми и предупредување дека ако не се повлечат од Русија, компаниите ќе се соочат со кибер напади. По руската инвазија на Украина, „Анонимуси“ ги мобилизираа доброволците со цел да извршат кибер напади на руски јавни институции, како и медиумски куќи, што се под државна контрола. Во неодамнешните обиди, мета беа Руската централна банка и градежната компанија „Ростпроект“ во Русија. „Анонимуси“ најавија дека ќе…

Read More

Српската новинска агенција Бета објави дека од утрово е мета на хакерски напади. „Станува збор за таканаречени ДДоС напади, кои ја блокираат пристапната врска на нападнатиот сервер до таа мера што станува недостапна за корисниците. Хакерските напади се извршени од така наречениот „облак“ (cloud), поради што не може да се утврди дали доаѓаат од Србија или од странство“, објави Бета. Агенцијата наведува дека тимот за техничка поддршка интензивно работи на отстранување на последиците.

Read More

Мнозинството бугарски граѓани сметаат дека земјата мора да ја задржи неутралноста во однос на војната меѓу Русија и Украина, покажуваат податоците од студијата на „Маркет Линкс“, финансирана и спроведена заеднички со бТВ меѓу 1.029 возрасни Бугари во периодот од 22 до 29 март преку директен прашалник – лично интервју и онлајн анкета. Како што јави дописникот на МИА од Софија, 67 отсто од Бугарите поддржуваат неутралност во конфликтот, додека 16 отсто сметаат дека Бугарија треба активно да ја поддржува Украина, вклучително и со испорака на оружје. Социологот Добромир Живков од агенцијата „Маркет Линкс“ за бТВ изјави дека бугарското општество е…

Read More

Кина го задржува независниот став за украинската криза, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијиан. „Што се однесува до Украина, Кина се придржува до независна мирољубива надворешна политика и носи сопствени одлуки врз основа на факти“, рече портпаролот. Во пресрет на виртуелниот самит со Кина, шефицата на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен рече дека каква било поддршка од Пекинг за Русија за нападот врз Украина сериозно ќе го наруши угледот на Кина во Европа. Лидерите на Европската Унија (ЕУ) и Кина денеска ќе одржат Самит преку видео врска, а главна тема ќе биде ситуацијата…

Read More

Најмалку тројца пилоти загинаа, а еден е тешко повреден при судир на два корејски авиона за обука од типот КТ-1 на југот на Јужна Кореја, соопштија официјални лица. Авионите паднале во поле со ориз со Сачeон, оддалечен околу 300 километри јужно од Сеул, додаваат тие, пренесува агенцијата Џонап. На местото на несреќата пристигнаа околу 300 пожарникари и припадници на итните служби.

Read More

Швајцарија денеска ги укина последните ограничувања за ковид-19, а Италија ја прекина вонредната состојба што беше прогласена поради пандемијата. Во Швајцарија, маските повеќе не се задолжителни во јавниот транспорт и во здравствените установи, а апликацијата „ковид-19“ за следење контакти е деактивирана. Луѓето заразени со коронавирус повеќе не мора да одат во самоизолација, но властите, сепак, ги повикуваат да останат дома доколку имаат симптоми на ковид-19. Тие оценуваат дека кај населението преовладува висок имунитет, а состојбата на интензивна нега е стабилна. Но, и натаму сакаат да одржат „засилена будност“ до пролетта во 2023 година. Властите во Рим, пак, одлучија да ја…

Read More

Дмитриј Медведев, поранешен претседател на Русија и близок до актуелниот руски претседател, Владимир Путин, упати нова закана до Западот. Како што јавува „Скај њуз“, тој порачал дека Русија би можела да го ограничи извозот на земјоделски добра само на „пријателските земји“ во светло на санкциите што Западот ги воведе кон Москва пораду руската инвазија во Украина. Рече дека Русија, една од главните светски извознички на пченица, ќе ја разгледа ситуацијата со снабдување со храна и земјоделски производи и ќе објави „некои едноставни, но важни насоки поврзани со безбедноста за снабдување со храна во Русија“. „Храна и земјоделски производи ќе извезуваме…

Read More

Русија нема да бара од Европската Унија (ЕУ) да ги укине санкциите, бидејќи има доволно свои залихи и алтернативи, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесува агенцијата РИА Новости. „Европската Унија не е центар на универзумот“, рече шефот за европска координација при руското МНР, Николај Кобринец, пренесува „Ројтерс“. Русија порача дека ќе одговори на санкциите на ЕУ, истакнувајќи дека 27-те земји во блокот можеби ќе сфатат дека конфронтација со Москва не е во нивни интерес, додава РИА Новости, повикувајќи се на висок претставник во Министерството за надворешни работи. „Акциите на ЕУ нема да останат без одговор.…

Read More

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) соопшти оти Украина потврдила дека руските трупи излегле од Чернобил и „ја пренеле контролата над нуклеарната централа на украинскиот персонал“. Како што пренесува „Би-Би-Си“, персоналот во фабриката рекло дека нема повеќе „аутсајдери“ на локацијата, иако ИАЕА претходно истакна дека не е во состојба да потврди такво нешто. Украински „Енергоатом“ вчера порача дека руските сили ја напуштаат нуклеарката и дека се упатиле во правец на украинско-белоруската граница. Руските сили ја презедоа контролата врз нуклеарната централа „Чернобил“ уште на самиот почеток на инвазијата на Украина.

Read More